Број 3641  среда, 27 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Македонија

Штипските советници нападнати од бактерии

Салата на штипскиот Совет е преполна со бактерии. Кај четворица советници е утврден бронхитис

Штип – Здравјето на штипските советници е сериозно загрозено. Советниците, вкупно 23, биле нападнати од бактерии што ги имало во огромни количини во големата сала на Општината, во која тие ги држат своите седници. Иако советниците во салата во просек проведуваат само од три до пет дена во месецот, одработувајќи просечни пет-шест часа во денот, четворица од нив деновиве се пожалија на зачестени болки во респираторните органи, а вината за нарушеното здравје ја наоѓаат во просторот во кој ги држат седниците.

Подот на салата е „облечен“ во теписон, а со истата ткаенина се покриени и нејзините ѕидовите. Со децении не е интервенирано во неа, иако уште при влезот, се чувствува непријатна миризба. Проблемот го актуализира Ленче Пуздерлиска, советничка од СДСМ, која е специјалист микробиолог.

„За ова интервенирав уште минатата зима на седница на Советот. Потенцирав дека постои закон, а според него, нашата сала не одговара на прописите на простори за комуникација. Покрај фактот дека на салата не е интервенирано 35 години, во неа нема ниту систем за вентилација, а нема ниту прозорци што можат да се отворат за да се изврши какво-такво проветрување. Бидејќи досега не се најде решение, во договор со градоначалникот, самоиницијативно извршив мерење на присуство на бактериите во салата. Утврдив дека присуството на бактерии на кубен метар е многу над дозволениот максимум од 10.000 бактерии, што е количина што може да се толерира во простории наменети за комуникација на луѓето“, вели Пуздерлиска.

Таа потврдува дека кај четворица советници е утврден бронхит, а на пораките од некои од советниците на владејачката партија дека ова било опозициски обид да се критикува владејачката структура, Пуздерлиска одговара дека бактериите не познаваат партиска припадност, а здравјето е најголема вредност на секој човек.

За својот експертски наод, Пуздерлиска го информирала и градоначалникот Зоран Алексов. „Тој вети дека со реконструкцијата на салата ќе се започнело веднаш по годишните одмори. Градоначалникот ги уважи моите анализи, рече дека општината има пари за тоа, па се надевам дека кон крајот на годинава ние советниците ќе имаме нормални услови за работа без да се доведува во опасност нашето здравје“, појаснува Пуздерлиска.

Зградата во која е сместена локалната штипска власт е градена со пари од местен самопридонес на штипјани. Штип беше меѓу првите поголеми градови во Македонија што доби современ простор за локалната администрација, а кон неа беше додаден нов дел во кој беа сместени тогашните општествено-политички организации. Цели 35 години, освен мали козметички снимки во салата, не е интервенирано. (И.Б.)


#
Статијата е прочитана 710 пати.

Испрати коментар

Од: Istocna Makedonija
Датум: 27.07.2011 12:16:30
Nema pricini da se stava somnez na naodite na d-r Puzderliska i koga e vo prasanje zdravjeto,iskrena zelba-sovetnicite da ozdravat.Iako,pogolemiot broj od niv i ,,bolni,,se mnogu agilni kogae vo prasanje nivniot sopstven djeb i interes.A,dali da se iscisti od bakterii salata-treba!Ama,kade se realizaciite na vetenite-izlaza ni proekti-brana,kargo aerodrom,vodovodna mreza....

Најди! во Утрински
Македонија
Преспа во еднодневна туристичка ренесанса
Се' е исто само Филипини ја нема!
Комисија

"""