Број 3641  среда, 27 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Македонија

... И уште нешто

Комисија

 

Собраниската Комисија за финансирање и буџет го разгледа годишниот извештај на Државниот завод за ревизија за 2010 година. Извештајот покажува дека минатата година се спроведени 87 ревизии и издадени се 202 ревизорски извештаи. Кај 43 субјекти првпат е извршена финансиска ревизија.

Престапници
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во парламентот го разгледа Извештајот за работата на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво за 2010 година. Советот се соочува со недостиг од финансиски средства. Се' уште не се формирани локални совети за малолетничко престапништво.

Реформи
„Македонија годинава ќе добие позитивен извештај од Европската комисија за реформите во јавната администрација, бидејќи е напра��ен голем напредок“, оцени министерот за информатичко општество и јавна администрација, Иво Ивановски, по заокружувањето на Проектот за зајакнување на капацитетите на Одделението за реформа.


Одмор
Дури 63 проценти од граѓаните на Србија не биле на одмор во последните 12 месеци. Од оние што биле на одмор во последнава година, дури 61 отсто престојувале на море, 18 проценти својот одмор го минале на планина, 14 отсто биле на туристички разгледувања, пет проценти на езеро, а само еден процент биле на крстосувања.

Извоз
Бугарија во првите пет месеци од годината го зголемила својот извоз за 47,2 отсто, а увозот за 25,6 отсто. Најмногу извозува во Германија, Италија, Грција, Белгија, Франција и во Романија, што сочинува две третини од извозот на земјата во ЕУ. Турција, Србија, Русија, Македонија и Кина се земјите од кои се формираат 48, 5 отсто од извозот во трети земји.


#
Статијата е прочитана 461 пати.

Испрати коментар

Од: kiki makedonaki
Датум: 27.07.2011 09:10:17
Па нрмално си замина Мневски

Најди! во Утрински
Македонија
Преспа во еднодневна туристичка ренесанса
Се' е исто само Филипини ја нема!
Штипските советници нападнати од бактерии

"""