Бојко Борисов лут на новинарите
Бугарскиот премиер се закани дека веќе нема да одговара на новинарски пр��шања.
Борисов, чии секојдневни настапи на сечење ленти, кршење шишиња во багери, инспекции на изградба, учества во фудбалски натпревари и шаховски турнири итн. се детаљно и целосно покриени од медиумите, рече:
„Никаде во Европа го нема ова, да трчате по премиерот секој ден, по три пати на ден“.
„Почитување, демократија - да, но три пати на ден да трчате по ходниците крај мене - тоа веќе нема да се случува“, додаде налутениот премиер.
|