Број 3460  сабота, 18 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Втора страница

Македонија доби заклучок место преговори

Брисел – Шефовите на држави и на влади на ЕУ го потврдија заклучокот за Македонија според кој земјата ги исполнила политичките критериуми, но на препораката за почнување преговори со ЕК ќе се наврати за време на идното, унгарско претседателство.

„Продолжувањето на добрососедските односи, вклучувајќи и заедничко прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на ОН е од суштинско значење. Советот го поздравува воспоставениот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и Грција и очекува тој наскоро да донесе резултати“, стои во заклучокот.

Советот го поздравува постигнатиот прогрес забележан во извештајот на ЕК, како и исполнувањето на одредбите од Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Од Македонија се бара да продолжи со реформите и борбата против корупцијата. Области во кои се потребни дополнителни напори се политичкиот дијалог, судството, јавната администрација, слободата на изразување и подобрување на бизнис-климата. Охридскиот договор се посочува како клучен елемент за демократијата и владеењето на правото во земјата.

Унгарија, која од 1 јануари 2011 го презема претседавањето со ЕУ, ќе биде четвртата земја на која и' се остава во нејзиниот претседавачки мандат да се расправа за одредување датум за старт на преговорите со Македонија. Претходно, Шведска, Шпанија и Белгија, и покрај декларативните заложби, не успеаја да постигнат прогрес за ова прашање

Спротивно од Македонија, лидерите на ЕУ и' дадоа кандидатски статус на Црна Гора, која ќе стане петта држава официјален кандидат за членство во Унијата, по Хрватска, Македонија, Турција и Исланд.


#
Статијата е прочитана 1263 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 18.12.2010 12:37:34
Муго продолжија мандатот на ГРУЈА да не лаже уште 6 месеци.
Од: ЕВРОПО МЕ ИРИТИРАШ
Дату��: 18.12.2010 13:36:08
Самото споменување на зборовите за добрососедски односи иритира. Како тоа нам Грција или Бугарија како ЕУ членки ни се добри соседи. Ама тоа не е точно. Уште полшо од тоа. Значи ако си член се може па и фашизам негирање непризнавање на македонско малцинство забранување на јазик еве и Албанија корист утре и Србија. Во вашите членки Европо наш медиум неможе да влезе. За каква Европо и бирократи демократија трубите.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 18.12.2010 18:38:36
Види го ти заклучокот кој да цитирам велиСОВЕТОТ ГО ПОЗДРАВУВА ПОСТИГНАТИОТ ПРОГРЕС,ЗАБЕЛЕЖАН ВО ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК и така надолго и нашироко.Е сега шчо праиме со Џив-Џив јавачите на метли,кој ни објаснува колку негативно не опсервирале.Феличита и неговиот цимер шаховскиот чирак вероватно подобро ќе не информираат зошто има ваква грешка во чекори.
Од: xy
Датум: 19.12.2010 09:37:03
Се си е нормално.Се си исполнуваме,дури на моменти си преполнуваме.Но при преполнувањето нешто истекува.Е,баш она што се бара.И така се додека се има полнење и празнење,ќе си има и донесување заклучоцо.И до Унгарското,а кој знае можеби и до нашето.До кога?!.Се дотогаш кога нема врз кого да паѓа вината.Е еј!Колку има до Јахорина планина.Но,каде и да сме ќе си легнеме на брашно.И да не е во прашање локомотивата Европа.Светот веќе е во длабок замор.Следува мир и рај на земјата.Следува ерата на делетирање на се што било на хартија.А потоа.Па се знае.Падна мрежата!!!.Планетата Земја ,чиста,рефрешиарана.Ганц нова.
Од: Zagubeni vo kosmosot!
Датум: 19.12.2010 12:11:40
Mudriot turski minister za nadvoresni raboti Davatoglu kako centralno prasanje go stavi normaliziranjeto na odnosite so sosedite, so slednata definicija: ,,nula problemi so soednite drzavi,,! Vecnite rivali Turcija i Grcija postepeno no zabrzano gi normaliziraat svoite odnosi, zaedno so arapskite zemji od BI gradi Blisko-istocna ,,EU,,.... Aktuelnite vlastodrsci se odnesuvaat kako ludje koi nemaat ni najelementarno poznavanje na diplomatskata istorija!!! Kavga so site sosedi, atakuvanje na EU, NATO, SAD i zapadnite vrednosti voopsto kako Makedonija da e svetska sila ramnopravna so SAD, Rusija, Kina.... Neka ni Gospod Bog bide na pomos so vakvi analfabeti!

Најди! во Утрински
Втора страница
Божидар Димитров бил агент со име „Кардам“
Лекар без граници
Бојко Борисов лут на новинарите
Вербатим
 

The EU saved 140 million people last year, says aid commissioner
Serbian president re-elected as party leader with massive majority
Kosovo election commission orders vote re-run