Број 3668  понеделник, 29 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Најнови вести

Насловна








Site Meter
Култура

Анте не' научи дека без поезија го нема невидливото

„Струшките вечери на поезијата“ по повод 80-годишнината од раѓањето на истакнатиот македонски поет, академик Анте Поповски, одржаа омаж на кој говореше проф. Венко Андоновски. Поповски е еден од основоположниците на оваа манифестација и на овој начин му беше оддадена благодарност. Нарекувајќи го великан на македонската поезија, проф. Андоновски во својата беседа, меѓу другото, рече: „Тој не' научи дека нема поезија ако го нема невидливото. Тој е апсолутен поет и камен-темелник на македонската современа поезија. Постоењето на таа космичка леќа со која се гледа невидливото во поезијата на Анте, подвлече Андоновски, отсекогаш ме воодушевувала. Тој се залагаше поетот и уметникот секогаш да трагаат по невидливото, како што и тој самиот од 1959 до 2004 година креираше космос на мистерии и потрага по татковината, а во ’Света песна‘ го загатна прашањето за смртноста и бесмртноста, односно: Кои сме? Од каде доаѓаме? Каде одиме?. Неговите последни стихови се антологиски, заврши Андоновски, со нив остави длабоки духовни пораки и големо влијание во македонската поезија и за тоа сум му бескрајно благодарен“.


#
Статијата е прочитана 409 пати.

Испрати коментар

Од: Marija Vodenska od Boston
Датум: 29.08.2011 12:37:37
Kratko odbelezano za dolgovechniot tvorec- pisatel-poet-kritichar i opshtestvenik Ante Popovski. Da beshe ziv sega Ante, toj najdobro ke mu odgovoreshe na Ljubco Georgievski koga, kako i zoshto od Elitnata MAAK se otkachi so Golubovski i zastana pred neopitnata, nezrela i neupatena mladina na Makedonija, gi zavede na svrtilishteto so lazen patokaz i neizvesnost na koja i nema vidik.

Најди! во Утрински
Култура
Матеја Матевски е светска поетска фигура
Државата ни вели да слушаме турбофолк-музика
„Бит-фест“ се затвори со Кирил Џајковски и цел обоен во бело
УНЕСКО ќе продолжи да и' дава поддршка на Македонија
„Метаморфози“ на Ацо Поповски најдобра на фестивалот во Тиват

"""