Број 3668  понеделник, 29 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Најнови вести

Насловна








Site Meter
Култура

Матеја Матевски е светска поетска фигура

Поетскиот портрет на Матеја Матевски традиционално се одржа во црквата „Св. Софија“ во Охрид

Невена Поповска



Струга - Традиционално, поетскиот портрет и на годинашниот добитник на наградата „Златен венец“ на „Струшки вечери на поезијата“ се одржа во црквата „Св. Софија“ во Охрид во присуство на претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, директорката на УНЕСКО, Ирина Бокова, пратеници во парламентот, членови на Македонската академија на науките и уметностите, претседателот на Фондацијата „Балканика“, Николај Стојанов, како и многубројни поети и гости.

За животниот пат и т��орештвото на академик Матеја Матевски, годинашен лауреат на високото поетско признание, говореше претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов, кој, меѓу другото, истакна дека Матевски е меѓу најпознатите македонски поети во светот и дека во меродавните кругови на поезијата се воздигнал во светска поетска фигура. „Неговата поезија е космичка прегратка, подвлече Старделов, Матевски е судбински поет, а судбинските поети не создаваат случајни, туку нужни песни. Објавувањето на неговите книги и почестите што тој и неговата поезија ги добиваат во светот е единствен случај во нашата литература и култура. Тоа зборува за исклучителниот поетски влог на Матеја Матевски за афирмацијата на поезијата денес во оваа сурова и обездушена денешнина, во која е неизвесно каде заталкале човекот и современиот свет. Со својот значаен влог во модерната поезија, Матевски ја вознесе Македонија, оваа осамена земја на поезијата на светско-историски план“, заврши Старделов.

Заблагодарувајќи се на укажаната чест, академик Матеја Матевски во својот поздравен говор истакна дека „на ’Струшките вечери‘ се слави убавината и трајноста на поетскиот збор и дека неговото творештво имало скромен дел на собирот на поетите кој, како што подвлече, веќе педесет години извршува благородна мисија на зближување на гласовите, јазиците и контитентите во сеопшто братство на творците и луѓето“. „Во овие мигови на радост, рече Матевски, ја изразувам својата љубов и прврзаност на ’Струшките вечери на поезијата‘, покрај кои и со кои се артикулираше, моделираше и создаваше мојата песна... Ова е миг кога може гласно да се потврди колку многу е жива поезијата со своето вдахновение од искони, напојувана од живите врутоци на човекот и светот“.

Свеченоста беше збогатена со музички настап на баритонот Борис Трајанов, кој ја изведе песната „Залез“ на композиторот Тодор Скаловски, по текст на академик Матевски.

Филм и „Златна книга“ посветени на јубилејните СВП

Јубилејното, педесетто издание на најголемиот поетски фестивал беше тема на филм изработен во португалска продукција на авторите Соарес и Сантос, кој беше прикажан пред учесниците на годинашната манифестација. Исто така, позната француска издавачка куќа покажа интересирање и, како што соопштија организаторите, по сопствена иницијатива и со свои средства ја објавија книгата под наслов „Златна книга за Струга“, посветена на СВП. Во прекрсен амбиент на истекот на реката Дрим таа беше промовирана пред големиот број присутни.

Од другите промоции кои годинава им беа претставени на учесниците, ги издвојуваме: Антологијата на поезијата од словенските држави, како и книгите од добитниците на наградата „Браќа Миладиновци“ - награда која се доделува за најдобра поетска збирка од македонски автор меѓу две изданија на фестивалот. Книгите беа промовирани во предворјето на манастирската црква „Св. Богородица“ во Калишта, а потоа следуваше меѓународното поетско читање под наслов „Матине“.

 


#
Статијата е прочитана 455 пати.

Испрати коментар

Од: Marija Vodenska od Boston
Датум: 29.08.2011 12:23:41
Me raduva shto ovaa jubilejna godina , dobitnik na "Zlatniot venec"na Strushkite vecheri na poezijata zasluzeno mu pripadna na nashiot pochituvan Akademik-poet Mateja Matevski. Iskreni pozdravi i chestitki so zelba za dobro zdravje i ushte mnogu tvorenje za ubavinata i vechnosta. Pozdravi do "Utrinski" i urednikot na Kult. stranica.

Најди! во Утрински
Култура
Државата ни вели да слушаме турбофолк-музика
Анте не' научи дека без поезија го нема невидливото
„Бит-фест“ се затвори со Кирил Џајковски и цел обоен во бело
УНЕСКО ќе продолжи да и' дава поддршка на Македонија
„Метаморфози“ на Ацо Поповски најдобра на фестивалот во Тиват

"""