Извршниот директор на ФИООМ, Владо Милчин, вчера одговори на обвинувањата дека неговата фондација донира пари за уривање на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Милчин рече дека мисијата на ФИООМ е внатрешна и надворешна интеграција на Македонија и оттука организацијата „Граѓани за европска Македонија“ (ГЕМ) не е насочена против власта, туку кон остварување на надворешно-политичките цели што се дел и од агендата на Владата.
Милчин негира дека Фондацијата помагала опозициски медиуми, а еден од членовите на организацијата ГЕМ, Жарко Трајаноски, најави тужби против сите оние што, како што рече, тврдат дека иницијаторите за ГЕМ добиваат пари од ФИООМ или популарно наречената Сорос невладина организација. (П.Р.)
Во една Турција се открија грчки шпионски пари. Да нема такви во Македонија лично не верувам.
Од: Свилени Ракавици
Датум: 08.11.2010 12:13:44
Одете на http://okno.mk/ и пресудете сами дали се за рушење на власта или не. :-)
Дали го нарекуваат Груевски Хитлер, Стаљин или Пол Пот?
Трап лаже Магаре не лаже.
Од: забеган.
Датум: 08.11.2010 12:16:51
Ете Милчин покажа документ оти не дале 13.000 илјади евра на Списанието бизнис да купат хартија и оп ај удри кој не дава.Сигурно им дал некој друг.
Од: mene
Датум: 08.11.2010 12:21:52
А за што се трошат тие 300,000 евра ? Бујрум кој знае нека ми одговори.
Од: Раде
Датум: 08.11.2010 14:20:52
ПОДРШКА за ГЕМ. Единствената групација на луѓе во Македонија со здрав разум. А оние како Панде и слични обер-комуњари заради кои левите партии сеуште го носат нивниот срам, видовме дека сега се во ‘фино‘ друштванце со актуелната влада.
Од: Goran
Датум: 08.11.2010 14:31:32
Koj e Milčin vo Skopje i MK site mnogu dobro go znaeme i nego i negovite najbliski rodnini i prijateli,taka da najdobro za nego e da ne dava nikakvi opravduvanja oti so toa samo se dozakopuva vo negovite igri so SDSM.Ama treba da kaže javno i maški "da taka e, finansirame proekti za urivanje na ovaa Vlada na Gruevski za da se vrati Crvenkovski" pa koj saka neka se ljuti i kritikuva.Parite se na Soros ne se od gragjanite na RM i kogo sakaat i kolku sakaat će finansiraat po izbor na Milčin.
Од: професорка
Датум: 08.11.2010 15:19:31
Лично му верувам на Милчин, но и да дал пари, ги дал во прави раце. Конечно некој да финансира паметни луѓе.