Министерството за образование и наука вчера промовираше нов Правилник за начинот на изведување на ученичките екскурзии. „Екскурзиите ќе се изведуваат во друг географски регион од местото на живеење на учениците. Н�� пример, учениците од Скопскиот регион ќе го посетат географскиот регион во источна Македонија или во западна Македонија и обратно“, рече министерот за образование и наука, Никола Тодоров, за време на вчерашната промоција. Според Правилникот, училиштето ќе го врши изборот на правниот субјект што ќе ја организира екскурзијата. Министерот нагласи дека за време на екскурзиите задолжително мора да има лекар што ќе се грижи за здравјето на учениците. Раководителот на екскурзијата е должен веднаш да го извести семејството на болното дете за променетата состојба, а потоа да организира превоз до местото на живеење на ученикот. Возачот на автобусот за екскурзија треба да поседува лекарско уверение не постаро од шест месеци и доказ од одговорното лице на превозникот дека не возел 12 часа пред поаѓањето. (МИА)