Италијански јазик во библиотеката „Браќа Миладиновци“
Институтот за италијански јазик „Данте Алигери“ со седиште во Рим од годинава за прв пат ќе организира курсеви за деца и возрасни во претставништвото во Скопје. Курсевите ќе се реализираат во библиотеката „Браќа Миладиновци“, односно во читалницата која има 2.500 книги, енциклопедии, речници, филмови и други аудио и видеоматеријали.
Уписите за сите заинтересирани кандидати ќе траат до 20 септември. Ќе можат да се запишуваат и деца од предучилишна возраст, а освен за почетници ќе има и продолжителни курсеви. Наставата ќе трае еден семестар, а ќе започне од 29 септември. Заинтересираните за курсевите по италијански јазик за сите дополнителни информации ќе можат да се јават на телефон 3224-519. (Сн.К.)