Јарослав го препознал братот
Поранешниот премиер Јарослав Качињски во саботата вечерта во Смоленск го препознал својот брат Лех. Тој доцна вечерта пристигна на местото на трагедијата со автомобил од Витебск. По истиот тој пат пред него пристигна и премиерот на Полска, Доналд Туск. Од Варшава долета во Витебск, кој е на 140 километри од Смоленск, а потоа со автомобил дојде на местото на несреќата. Телото на сопругата на Лех Качињски, Марија, се' уште не е идентификувано. Телата на сите настрадани се превезени во Москва. Со помош на роднините треба да се идентификуваат настраданите. Многу тела се уништени, па идентификацијата се врши според облеката или некои карактеристични детали. |