Број 3660  петок, 19 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Во „Бучим“ пријавени 540 кандидати за 47 работни места

Штип – Рудникот за бакар „Бучим“ распиша оглас за прием на 47 работници од разни профили за потребите на новиот погон за лужење, процес од кој ќе се добива катоден бакар. На огласот се јавија 540 невработени радовишани, што значи дека за едно работно атакуваат 12 кандидати.

„Баравме металуршки, машински, хемиски и електротехничари. Интересот да се обезбеди работно место ги надмина сите наши очекувања. Меѓу кандидатите за работни места за кои е предвидено средно стручно образование имаме лица со завршен факултет, а кои во рудникот би работеле како среднисти. Така, за четири работни места хемиски техничар конкурираат шестмина дипломирани хемиски инженери и ние на работа ќе примиме од оваа категорија кандидати“, вели Николајчо Николов, заменик- генерален директор во „Бучим“.

На огласот, пак, за една хигиеничарка се пријавија дури 42 невработени жени од Радовиш. Неколку од нив имаат факултетско образование, а шеснаесет кандидатки се со завршена гимназија.

Има две причини за големиот интерес да се обезбеди работно место во рудникот. Првата е фактот дека во Радовиш се затворени четири од петте големи стопански капацитети, „Јака табак“, „Декортекс“, ЗИК „Радовишко Поле“ и „Јака 80“, додека во полна работна кондиција остана само „Бучим“. Во исто време во градот со месеци нема огласи за нови вработувања. Втората причина се, за наши услови, високите плати што се заработуваат во рудникот, поради што и лица со високо образование се подготвени да работат на работни места за кои, во согласност со систематизацијата и потребите на „Бучим“ се предвидени среднисти. Просечната нето-плата во рудникот во текот на оваа година изнесува 430 евра. (И.Б.)


#
Статијата е прочитана 879 пати.

Испрати коментар

Од: dega
Датум: 19.08.2011 01:52:12
cel radovis znae kako ke se primat ovie rabotnici vo bucim , za onie sto trcale za vmro za vreme na izborite ke im sleduva rabotno mesto, za onie koi ne nemaat nikakvi sansi
Од: bibi
Датум: 19.08.2011 06:21:59
Toa sto se slucuva tamu e sramotiluk za drzavata, ne e za gordeenje! Toa samo kazuva kolku se otepani graganite, nevrabotenite i site. Vo normalnite drzavi firmite ponekogas ne mozat da najdat soodveten kadar pa vrabotuvaat i nesoodvetni, a ne vaka - za edno mesto po 12 soodvetni. Ne vi lici toa na sramotiluci? Poz od Avstralija
Од: snajper
Датум: 19.08.2011 11:07:11
sto si mislea udbasite od sdsm-dpmne deka graganite nema da se prijavuvaat za rabota..? nemozat da gi dresiraat na toa, ne im se jasni seuste rabotite, a im se blizi krajot na udbasite..

Најди! во Утрински
Економија
На „Александар Велики“ минале 100.000 патници за еден месец
Германија вложила 1,5 милијарда евра во Србија
Во септември пари од банките на поранешна СФРЈ

"""