Број 3660  петок, 19 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Во септември пари од банките на поранешна СФРЈ

Властите на Босна и Херцеговина ќе бараат на септемврискиот состанок на претставниците на државите-наследнички на СФРЈ , во Сараево, на дневен ред да биде ставено и решавањето на прашањето за состојбата на девизните сметки кај југословенските банки за заеднички инвестиции во странство, во вредност од 645,55 милиони американски долари, пишува сараевско „Ослобоѓење“.

Помошник-министерот за финансии задолжен за прашањето за сукцесија, Зенит Келиќ, истакна дека од 2001 година пос��ојат 16 обиди за решавање на ова прашање.

„Србија стои на ставот дека средствата се потрошени во меѓувреме, односно дека ги нема и поради тоа не можат да бидат предмет на расправа. Тоа е неприфатливо, бидејќи во рамките на Договорот за сукцесија на поранешна СФРЈ договорено е тој да го третира и ова прашање“, изјави Келиќ. Според него, во случај да нема средства, тогаш мора да се каже кој ги потрошил и на каков начин ќе се утврди одговорност на оној што треба да ги надомести.

Келиќ тврди дека поради ова прашање, односно инсистирањето на Хрватска, која побара да се утврди докрај што се случило со „спорните“ средства и да се одреди нивниот конечен износ и распределба, доцнела и ратификацијата на Договорот за сукцесија договорен пред три години. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1438 пати.

Испрати коментар

Од: kire
Датум: 19.08.2011 09:16:20
Seuste li ima pari za zemanje od skapanata poranesna drzava, neli taa bese vo ekonomski kolaps?
Од: bezanec
Датум: 19.08.2011 22:58:27
До кире! Е таа скапана држава,ти овозможи јазик и нација,но ВМРО-ДПМНЕ(врховистичкото крило од ТМОРО) е синоним за уништување на македонската држава.„„ Само во празна глава не можеш ништо да туриш а празното најдалеку се слуша„„така вели една изрека внровци.

Најди! во Утрински
Економија
На „Александар Велики“ минале 100.000 патници за еден месец
Германија вложила 1,5 милијарда евра во Србија
Во „Бучим“ пријавени 540 кандидати за 47 работни места

"""