Број 2871  четврток, 25 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Скопје

Салата на Советот на Скопје ќе се поднови со стар мебел

Ќе се врати мебелот што бил дел од салата пред земјотресот, а досега се чувал во магацин во Битола

Салата на Советот на Градот Скопје ќе биде подновена со стар мебел. Во моментов во тек е реконструкција на просторијата во која се одржуваат седниците на Советот, каде што се поставуваат инсталации за користење на службените лаптопи кои неодамна ги добија советниците. Истовремено, во салата ќе бидат направени и некои промени на подот, кој ќе биде закосен како во амфитеатар, а ќе се врати и стариот мебел од пред земјотресот. Стариот мебел повеќе од 40 години бил чуван во магацини во Битола, се' додека пред извесно време не било одлучено да се врати во Скопје.

Во Градот Скопје велат дека размислувале дали да се купува нов модернистички мебел за реконструираната сала. Сепак, на крајот било одлучено да се врати стариот мебел. За реставрацијата на столчињата и говорницата, како и за градежните работи во бараката на Советот, градските власти ќе платат 2,6 милиони денари.

За ретро изгледот на салата за седници, која прв пат ќе биде отворена на првата седница идната година, ќе придонесат некогашните фотелји на расклопување со своја клупа. Како говорница ќе се користи оригиналниот пулт од дрворез на кој стои грбот на град Скопје.

„Градот Скопје пред неколку дена започна со реконструкција на големата сала на Советот на Град Скопје, којашто се прави во вид на мини- амфитеатар. Мебелот што бил дел од салата на Градското собрание пред земјотресот е даден на репарација и тој ќе биде поставен во обновената сала“, информираат во Одделението за односи со јавноста.

Оттаму велат дека се очекува градежниот зафат да заврши кон средината на идниот месец. (С.Н.)


Статијата е прочитана 201 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Владата е против изградба на споменик на Тоше на плоштадот
Постамент без часовник пред амбулантата во Чаир