Број 2871  четврток, 25 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Скопје

Постамент без часовник пред амбулантата во Чаир

Пред амбулантата „Чаир“ се' уште стои празен постаментот за градски часовник. На него требаше да се постави еден од донираните 26 мерачи на времето, кои пред неколку години ги донираше скопската пиварница.

Но, постаментот остана празен затоа што не се изгради електричен приклучок за предвидениот часовник. Истовремено, без струја останаа и градските часовници на неколку други локации во Скопје.

Од Градот велат дека во буџетот за годинава немаат предвидено финансиски средства за набавка на нови градски часовници. Во градската администрација објаснуваат дека Градот ќе ја поддржи иницијативата на скопските општини доколку некоја од нив реши и е во можност да набави и постави часовник или да аплицира за донација.

Оттаму додаваат дека неодамна од фирмата „М-плус“, задолжена за одржување на градските часовници, се обратиле до скопската пиварница за да им даде часовник што би го поставиле во населбата Ченто, но им одговориле дека нивната донација е исполнета и оти немаат други часовници.

Авни Калаба, одговорен за информирање во Општината Чаир, вели дека никој досега не иницирал поставување градски часовник на постаментот пред амбулантата, а признава дека за ова надлежните воопшто не размислувале. (Сн.К.)


Статијата е прочитана 187 пати.

Испрати коментар

Од: Sime
Датум: 25.12.2008 15:28:21
Немало пари или средства? - Или пак финансиски средства, т.е. меници, акции, реверси...? Зошто скоро никогаш кадешто мислат новинарите на пари, пишуваат некој друг збор? - Во комунизмот срамота било да има пари, ама еве сега сме во „трулиот„ капитализам, кој никако да иструли и убаво би било да напишете нема пари или има пари а не средства... Средства се дрва, железа, превоз и сл. Сосема истото се однеусва на „личниот доход“. Па и крадењето јагоди откај компијата во бавча е личен доход, ама не е плата. ПИшете си бре луѓе плата, не се срамете... нема Тито да ве испрати на Голи Оток ниту ќе дојде УДБА да ви ги земе нивите и колите...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Владата е против изградба на споменик на Тоше на плоштадот
Салата на Советот на Скопје ќе се поднови со стар мебел