Владата е против изградба на споменик на Тоше на плоштадот
Градот нема да се откаже од идејата на Костовски доколку добие поддршка од граѓаните
Деспина Трајковска
Идејата на градоначалникот Трифун Костовски за изградба на споменик-фонтана на Тоше Проески на плоштадот е последната иницирачка каписла која, по се' изгледа, ќе ја разгори повеќемесечната отворена војна меѓу градската и централната власт. Иако од Владата вчера беа категорични дека се против идејата на Костовски и немаат намера со него да дебатираат на таа тема, Градот Скопје не се обесхрабрува да ја реализира иницијативата, зашто очекува поддршка од граѓаните.
„Иницијативата нема ни да ја разгледаме, ниту пак планираме да се сретнеме со Костовски, иако тоа го побара од нас. Немаме намера да ги коментираме неговите ставови по кое било прашање, особено не за неговите последни идеи и проекти. Уште помалку сега, три месеци пред истекот на неговиот мандат кога граѓаните дефинитивно ќе му пресудат за се'“, ни изјави вчера владиниот портпарол Шефик Дураки.
Од Градот вчера не сакаа да го коментираат ставот на Владата. Очекуваат поддршка од граѓаните кои веќе два дена своето мислење по иницијативата можат да го искажат на веб-страницата на Градот, или преку писмо. Иако досега кај граѓаните преовладува мислењето „против“ иницијативата, од кабинетот на Костовски велат дека е рано да се суди.
„Рано е да ги коментираме резултатите. Анкетата, најверојатно, ќе трае до 10 јануари. Конечниот исход ќе ни ги одреди натамошните насоки“, рекоа вчера од кабинетот на Костовски, каде што очекуваат дека јавноста ќе ја прифати иницијативата.
Сметаат дека при евентуална реализација на идејата, нема да имаат никакви пречки, оти, како што неодамна напомена Костовски, плоштадот е во сопственост на Градот, доделен од Министерството за транспорт и врски на користење 99 години.
Засега, два дена по промовирањето на идејата на Костовски, во јавноста мислењата се поделени. На сајтот на Градот до вчера напладне се изјаснија 555 граѓани. Од нив, 336 не се согласуваат на плоштадот да се изгради споменик на Тоше, а 211 се „за“. Осум граѓани, пак, не се определиле. И читателите на веб-порталот на „Утрински весник“ имаа можност да остават коментар на иницијативата на Костовски. И таму видувањата се различни. „Идејата е супер само да не се злоупотреби во политички цели како концертот во чест на Тоше“, „Тоше не' воздигна како нација. Неговата песна, неговата појава зрачи љубов, чесност, верба, затоа сметам дека треба да има таков споменик на плоштадот“, „Браво за идејата! Доста ни е од споменици на луѓе кои у��ивале и војувале. Ајде да ги славиме радоста и љубовта“, се само дел од позитивните коментари по иницијативата. Дел од граѓаните, пак, се сомневаат во „чесноста“ на идејата. Сметаат дека ова е уште еден чекор на Костовски за непотребна конфронтација со Владата. „Не политизирајте го плоштадот, дајте едноставно фонтана, или некоја модерна скулптура, без конотација со некоја историска личност и политичка инволвираност“, „Ако не сака Трифун споменик од Александар, нека каже така, а не да го користи Тоше за некои негови несогласувања“, се дел од коментарите на читателите.
Nemaneto na spomenik od Aleksandar Makedonski na najgolemiot plostad e poraz za celata drzava i Makedonskiot narod!!!
Од: Zoki
Датум: 25.12.2008 02:28:01
e vladata ako ja prasuvame,,ke treba spomenik od gruevski da napravat na plostad,,, odlicna e ideata za spomenik koj nema da asocira na revolucii borbi i podelbi na narodot,,a tose e idealna ideja ,,, pa grujo na stadion placese po tose ,citase nekoe livce sto mu go napisale,,, i bese beter i od - mr.bean
Од: Elka
Датум: 25.12.2008 07:38:55
Pa zar moze covek da bide tolku rasipan kako Kostovski? Toj dosega gi stitese samo svoite licni interesi, i spiese vo negovata udobna fotelja, a sega preku svetoto ime Tose Proevski saka da si gi cisti grevovite.Sega na zajdisonce koga ti se stemnuva ti pokrevas nekoi inicijativi za spomenik na Tose,stitejci se sebesi povtorno, i mislejci deka toa ce ti bide dobar adut za da ostanes na taa funkcija.Da se sramis od tvoeto licemerie,i imeto Tose Proeski e sveto,tokmu zatoa ne go stavaj vo tvojata usta zosto nikoj od nas ne saka da go valkas.
Од: normalen covek
Датум: 25.12.2008 08:54:18
Da mi kazuvase nekoj deka golem del od Makedoncite ke zabegaat po Ace veliki ke recev nema teorija.Ocigledno sum bil janlas.Pa zatoa neka ni e so sreka na site.Sto bi rekol Ajnstajn samo vselenata icoveckata glupost se beskonecni
Од: anonimen
Датум: 25.12.2008 09:08:52
vo grcija napravile spomenik od Aleksandar makedonski!kako da sakame i da mu naravat spomenik na Tose vo nekoja druga drzava i posle si go barame ona sto e nase sami sme si krivi,pa idnite generacii ke dokazuvaat isto kako i nie sega so grcite koj e koj i od kade poteknuva.
Од: Makedon
Датум: 25.12.2008 13:34:27
Golemo bravo. Prav pogodok. Iako Trifun odvaj cekam da si odi, no idejata za izgradba na Spomenik fontana so Tose e edintveno pravilno resenie. Tose bese i ce ostani najgolemata licnost pozitivna vo od koj aspekt ida ja razgleduvate i ne samo vo Makedobija pa i posiroko pa duri mislam i svetski fenomen koj zblizuvase, obedinuvase, davase od dusa bezpostedno i mislam nema zborovoi da se opise ... I ubedena sum deka samo na toj spomenikk sekogas ce odat i vlast i opozicija i hristijan i musliman... i stari i mlade so eden zbor site. Kazetemi koga ste gi videle posleden pat na edno mesto site gorespomenatite?
Од: Marko
Датум: 25.12.2008 13:35:05
cicko trifun samo za inat protiv gruevski saka da izgradi spomenik na toshe, cicko trifun ostavigo toshe da miruva vo mir nego meshaj vo tvojte prljavi politicki igri sto gi imas protiv vladata, na ploshtad samo spomenik od aleksandar makedonski drugo nisto nese prifaka