Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Иванов: Нема да прифатиме навредливо решение

Белград/Скопје - Македонија во спорот со Грција околу името настојува да биде постигнат компромис, но нема да прифати решение што ќе го навредува достоинството на македонските граѓани, истакнува претседателот Ѓорге Иванов во вчерашното интервју за српскиот весник „Блиц“.

„Македонија и нејзините граѓани остануваат доследни на стратегијата за дијалог и компромис. Меѓутоа, медијаторот и нашите партнери и сојузници во ЕУ и во НАТО, како и многу грчки лидери, знаат дека непринципиелниот компромис нема да и' донесе добро на ниедна од земјите, затоа што повредена и навредена држава не може да биде вистински сојузник и пријател. Поради тоа, сите решенија и компромиси што ги бараме мора да водат сметка за тоа да не се навредуваат и запоставуваат идентитетот и достоинството на нашите граѓани“, вели претседателот Иванов.

Конечниот збор за евентуалниот, како што посочува, рационален компромис за името, ќе го имаат граѓаните на Македонија.

Во интервјуто шефот на македонската држава се осврнува и на односите на Македонија со Србија и со Косово. Иванов нагласува дека признавањето на независноста на Косово е донесено врз база на националните интереси на Македонија и не треба да се дозволи тоа да биде пречка за подобрување на односите со Србија.

„Прашањето треба да се гледа од регионална и од меѓународна перспектива, земајќи ги предвид и спецификите на македонското општество. Косово не треба да ги оптоварува билатералните односи. Повеќе од јасно е дека Македонија и Србија имаат полно право да формулираат своја политика врз база на сопствените национални интереси“. (МИА)


#
Статијата е прочитана 495 пати.

Испрат�� коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 25.07.2009 00:19:24
Taka bate, taka. Prvo "razumen kompromis" pa "nenavredlivo resenie". Ce ima volna.
Од: Goce
Датум: 25.07.2009 01:14:36
Osven MAKEDONIJA, eventualno so opstestveno ureduvanje Republika, se drugo e navredlivo !!! Zosto voopsto sedime na sramnite pregovori ??? Da zivee MAKEDONIJA
Од: Mene do Vas
Датум: 25.07.2009 01:30:41
Nikakvi promeni ne se prifatlivi. Sekakva promena e navredliva i protiv makedoncte koi se nepriznaeni vo okupiranata Egejska Makedonija,
Од: ПОГЛЕДНЕТЕ
Датум: 25.07.2009 01:31:16
погледнете во блиц нашите соседи Срби какви коментари даваат за нашиот Претседател па и тие почнаа да му се смеат на нашиот хорхе лелелеелеллеелел што се нема да доживееме
Од: Antonio
Датум: 25.07.2009 10:40:03
Jaka rabota sto komentari davale Svrbite, lele lele... Imame ime! MAKEDONIJA ZASEKOGAS
Од: Трпе.
Датум: 25.07.2009 10:55:25
Ееее....мои македончиња,што толку му имаме грешено на господ што ни даде толку вицкаст човек за претседател.Наш Ѓоље,бисер врз бисер тресе.Првин се чудевме што било тоа разумен компромис да на крајот разбереме дека разумен компромис било разумен компромис.Сега имаме нова загатка ,ќе менуваме име ,ама тоа име да не биде навредливо.Е,сега кој како тоа сака нека го сваќа,ќе чекаме наш Ѓоље да ни даде одговор,држејки не неколку дена во недоумица.Уште ми е понејасно дали ќе менуваме име или нема да менуваме.
Од: makedonec
Датум: 25.07.2009 12:33:37
Дали неговиот „разумен компромис„ полека почнува да го оформува со потребните атрибути?!.Бидејки истиот не знаеше содржински да го определи. Тезата „ненавредлив„ уште повеке ја зацврстува позицијата дека било каква географска одредница ке биде навредлива варијата.Дали Г.И со ова сака да ја извести македонската јавност дека конечно „формулата„ што ја нуди веке е повисок стадуим и од двојната формула или со овој предлог сака да ја зацврсти позицијата на двојната формула.Не би било лошо неговите советници да излезат од сопствената крлушка и,а да се ослони на луге кои ги познаваат вештините на дипломатскиот јазик на ООН и да се вратат на изворните одредби од резолуцијата на ООН.Таму и ке го најдат најблискиот одговор за договор со Грција.Истовремено дипломатијата мора да изврши пресија пред мег.фактори дека досегашните отстапки што и се направени на Гција се штетни за овој преговарачки процес и се надвор од мандатот на Нимиц
Од: dolly
Датум: 25.07.2009 13:43:21
Nie ime si imame so vekovi od boga dadenoMAKEDONIJA.Zosto da se prekrstuvame ,ne ni trebaat novi kumovi.Nikoj ne se prekrstuva zosto pak nie
Од: nacional-patriot
Датум: 25.07.2009 17:08:33
da ti odgovoram Trpe.imeto NEMA da se menuva nikogas.
Од: Македонка од Македонија
Датум: 25.07.2009 18:08:11
Г-дине Иванов... тоа Вие своето име може да си го менувате и повторно да си го менувате... од Ѓорѓе Иванов во што ви душа сака... НИЕ ИМАМЕ ИМЕ И ТОА Е МАКЕДОНИЈА. Ако не сакате да бидете Претседател на МАКЕДОНИЈА, слободно... ние немаме против да си заминете. Но, да зборувате за промена на име кое го имаме од век векови... НЕ ДОЗВОЛУВАМЕ!!! МАКЕДОНИЈА ЗАСЕКОГАШ!!! И САМО МАКЕДОНИЈА!!!
Од: pepi
Датум: 26.07.2009 00:17:03
Nema da prifatime navredlivo ime---- alooooo pa neli ne menuvame ime,pa neli zatoa dobi mandat sto cvrsto stoese na stavot za nemenuvanje.Aloooo,pa vakva izjava da dadese Branko Crvenkovski nemase tri dena da imame mir od Latas Dzeronimo,Bumbarkata Ubavoto Vitose,Bicikliski Vinetu i Milenko Bik Sto Sedi

Најди! во Утрински
Политика
Бесплатните учебници заплеткани во бирократски лавиринти
Одбележана годишнина од смртта на Ченто
Државата инкасираше речиси милион денари од матурата
На Онкологија се дели терапија по мерка на раководството?!