Број 2948  сабота, 28 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Камен-темелникот за Филхармонијата на имот на Исламската верска заедница

Нема да дозволиме узурпација, тврди поглаварот Реџепи, додека за премиерот имотот не е спорен

Камен-темелникот за Филхармонијата кој неделава свечено го стави премиерот Никола Груевски на локацијата позната како Ибни Пајко е на земјиште што е во сопственост на Исламската верска заедница. Ријасетот на ИВЗ, загрижен поради узурпирањето на нивниот имот, упати јавен протест во кој појаснува дека станува збор за парцели кои се предмет на денационализација. Конкретно, за локацијата на која би требало да никне новата Филхармонија, Исламската верска заедница води спор пред Управниот суд, бидејќи тоа е вакуфски имот кој тие го побаруваат. Спорот не е вчерашен, но ИВЗ не го прифати предлогот на Второстепената комисија за денационализација која, наместо да и' го врати земјиштето, на Заедницата и' понуди надомест од 500 денари за квадратен метар. Бидејќи цени дека тоа е смешен, дури навредлив износ за локација во централното градско подрачје, ИВЗ поднесе тужба до Управниот суд на РМ, кој се' уште не донел одлука.

Исламската верска заедница е запрепастена од постапката на Владата, која поставува камен-темелник на туѓ имот каде што, како што тврдат, била познатата џамија „Ибни Пајко“, по која името го носи и целото маало.

Со овој чин, ценат, власта сериозно ги нарушува и меѓуконфесионалните односи, зашто темелите ги осветувал поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, иако станува збор за земјиште што и' припаѓа на Исламската верска заедница.

„Проблемот е уште поголем поради тоа што ИВЗ со години наназад бара од владите да ни се додели локација или, пак, на овој вакуфски имот да изградиме современа управна зграда за Ријасетот, како највисок орган на Заедницата и резиденција на поглаварот, но власта остана глува“, вели во изјавата за „Утрински весник“ реис-ул-улема хаџи Сулејман Реџепи. Со најновото узурпирање на нивниот имот, запознат е и евроамбасадорот Ерван Фуере, а според поглаварот на ИВЗ, извесно е дека многу скоро ќе одржат прес-конференција на спорното земјиште на која ќе бидат поканети и претставници на меѓународната заедница. „Не сакаме целиот случај да се користи во политички цели, меѓутоа очигледно дека некој сака да ја истреби исламската култура од Скопје и да ја замени со други градби, па затоа ќе мора да го кренеме гласот внатре, ама и надвор од границите на државата“, вели Реџепи, напоменувајќи дека спорот за џамијата во Битола ќе се најде пред Меѓународниот суд во Стразбур.

Премиерот Никола Груевски вчера ги отфрли обвинувањата од Исламската верска заедница: „Пред да се гради кој било објект, Министерството за финансии издава потврда дека земјиштето е слободно и оти за него не се води процес за денационализација или пак дека имало, но им била платена на тие кои требало, односно дека на каков било начин процесот е завршен. Колку што знам, ниту еден објект во Македонија државата не го гради без да добие писмена потврда од Министерството за финансии дека земјиштето е правно чисто од аспект на денационализација“, рече премиерот Груевски. (Б.Ј.)


Статијата е прочитана 433 пати.

Испрати коментар

Од: deti
Датум: 28.03.2009 02:14:52
Ивз во нејзините изјави е многу контраверзна реалноста е сосема нешто друго тие не знаат и што бараат и на кого му припаѓа тој имот и колку е платен кој е поднесител на барањето кој се обжалил на решениета е и кој поднел тужба до управен суд...... За состанокот на ријасетот тоа е само камуфлажа од старна на поглаварот С.Реџепи пред јавноста исто така прекривање и избегнување од одговорноста кога се знае дека единствен одговорен за имотот на ивз е самиот поглавар според уставот, дали е истина дека премиерот не знаел дека тој имот му припаѓа на Ивз, реално во круговите на Теолозите вработени во Ивз вакво нешто се очекуваше од кога е трансфериран директорот на Вакуфот при ријасетот на ИВЗ пре две месеци исто така се зборува за интерен пазар помеѓу поглаварот С.Реџепи и Н.Груевски можеби во блиска иднина не е чудно да излезе некој документ, за овој и другите предмети единствено кој може да одговара е теолог вработен во скопското муфтиство експерт по вакуфски имот теологот и Шабан А ....
Од: jimmy1
Датум: 28.03.2009 06:38:10
Stom se vodi sudski spor za parcelata nema pravo nikoj da gradi se dodeka ne se donese finalna sudska odluka. Ali kako sto napomenav, ovcarot gi resava site sudski sporovi a sudovite samo gi sproveduvaat vo delo. Takov nie pravniot sistem,za zal namesto da bid nezavisen od vladata, VMRO-ovskite sudski poslusnici samo gi objavuvaat sudskite odluki na ovcarot. Postoi edna pogovorka, prost narod silna drzava, ama kaj nas e obratno, prosta vlada, slaba drzava. Do Btw: Da ti kazam deka ne poseduvam nikakva partiska kniska kako tebe. Ke kritikuvam sekogo za koj mislam ne raboti kako sto treba za dobroto na drzavat i za narodot, a raboti samo za svoite i interesi. Ovie tvoive od VMRO ne samo sto treba da bidat kritikuvani, tuku treba da bidat isfrleni kako partali od nivnite topli fotelji. Ako imas malku sovest ke go vidis toa, a ne da se pravis slep pri oci. Prasajgo Branko kolku pisma mu imam isprateno, i ako od SDSM. Ne podrzuvam partija sto ne raboti. Ne sum clen na sekta kako sto si ti.
Од: Pajko
Датум: 28.03.2009 07:16:36
Eh,Glujo, Gujo, samo lopatite ti se vazni, pa i vakuvska zemja osvetuvas.Kaj li ke ti odi dusata po site zla sto gi donese ti gujo iskarijotska. A za potvrdata od Ministerstvoto za finansii sigurno mnogu si se namacil da ja dobies! Kako li samo go ubedi ona bedno ministerce da ti ja dade!!!!!!!
Од: Bez gajle
Датум: 28.03.2009 09:36:44
Ic da ne se sekira IVZ. kamen temelnikot bese samo za reklama vo predizborieto, a od izgradbata na fiharmonijata ce nema nisto. Samo ce ostanat onie nekolku lopati beton frleni zaradi porast na rejtingot.A i koj normalen vo vakva ekonomska kriza gradi filharmonii , teatri , crkvi i spomenici?
Од: Vlav
Датум: 28.03.2009 16:44:27
I divogradba od crkva na plostadot na VLASKI IMOT!!!!
Од: pipi
Датум: 28.03.2009 18:16:59
pa neligrujo za se sto nemu odgovara ili ne procital ili ne cul ili ne videl ili pak neznae deka se vodi sudski spor
Од: Јас
Датум: 29.03.2009 10:41:58
Кога го уапсија Заев, во обвинението стоеше дека на земјиште кое е предмет на денационализација изградил објект и со тоа сторил тешко кривично дело. Ама не важи законот кога премиерот тоа го прави.
Од: Albanec
Датум: 29.03.2009 11:23:25
Gruevski mnogu skapo ke gi plati ovie provokacii sto im gi pravi na Almabncite i muslimanite. Ke go potsetam edno: Nema vecno da bides premier. Ke ti dojde denot koga ke skapes vo Idrizovo zaedno so site tia sto doagjat kako ovci po tebe. A bogami moze do tebe da bidat Ahmeti i Taci, samo za drustvo nisto drugo.

Најди! во Утрински
Македонија
„Маврово“ во стечај, крај на една долга приказна
Фармерите бараат апс и за новите и за старите газди на „Сведмилк“
Една година стоп за хипотекарните кредити?
Прекршочна пријава за спорна реклама за лек
Инспекцијата ги врати текстилците од „Мокел“ на работа