Број 2948  сабота, 28 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

„Маврово“ во стечај, крај на една долга приказна

Вработени се префрлени во „Маврово инженеринг“, која сега брои 870 работници

Билјана Ангеловска

Управниот одбор на Акционерското друштво за градежништво „Маврово“ одлучи да поведе стечајна постапка со цел да се избегнат натамошните штети на компанијата. Причина за таквата одлука е неможноста да се исполнат наталожените финансиски обврски, кои добија на тежина со настапување на глобалната економска криза, особено поради фактот дека „Маврово“ веќе неколку години се наоѓа во финансиска блокада.

„Откако во јуни 2008 година АДГ ’Маврово‘ доби нов сопственик, направен е обид за финансиско заздравување. Но, и покрај блиската соработка со македонските државни органи и почитување на важечките прописи, не беше возможно да се изнајде решение кое би овозможило заздравување на компанијата. Затоа Управниот одбор заклучи дека стечајот е единствен начин да се избегнат натамошни штети на компанијата во целост, за нејзините вработени, доверители и за партнерите“, се вели во соопштението испратено од сопственикот на АДГ„Маврово“, загрепска „Ингра“.

Поголемиот број од вработените на АДГ„Маврово“ веќе се префрлени во компанијата „Маврово инженеринг“, основана пред неколку години. Од „Ингра“ информираат дека оваа компанија сега претставува здраво деловно јадро кое брои 870 вработени, од кои поголемиот дел до неодамна беа во АДГ„Маврово“.

„На овој начин ’Маврово‘ како компетентна градежна компанија продолжува да постои и да работи на проекти во Македонија и во странство. ’Ингра‘ и натаму останува во Македонија и во соработка со ’Маврово инженеринг‘ ќе нуди проекти во согласност со новите развојни планови, за што очекува поддршка од македонските државни органи“, е официјалниот став на хрватската градежна компанија.

Можноста за стечај на „Маврово“ беше навестена деновиве откако „Ингра“ не успеа да го добие тендерот за изведувач на 145 спортски сали, на кој работата му беше доделена на скопски „Гранит“. Хрватската компанија тврдеше дека имало незаконитости при изборот, а одново реагираше и откако беше потпишан договорот меѓу „Гранит“ и Министерството за образование. Притоа, беше нагласено дека со тоа што работата и' е доделена на друга компанија, всушност, се доведува во прашање работењето на „Маврово инженеринг’, бидејќи, како дел од „Ингра“, требаше да биде ангажирана како нејзин подизведувач на тендерот вреден 58,5 милиони евра.

Инаку, „Ингра“ како хрватска компанија со големо меѓународно искуство стана сопственик на АДГ„Маврово“ во јуни 2008 година, кога преку Македонската берза откупи 79.01 отсто од акциите во вредност од над 7 милиони евра. Набрзо по таа зделка, Хрватите го купија и „Маврово инженеринг“. Новиот газда фактички купи фирма со долгови поголеми од 20 милиони евра и со побарувања од над 10 милиони евра. Всушност, некогашниот гигант „Маврово“ почна да тоне пред повеќе од десетина години, кога фирмата која броеше неколку илјади вработени не успеа да се трансформира и приватизира. Пропаѓањето доби на интензитет во последните пет-шест години откако раководството не успеа да ги врати големите хипотекарни кредити и фирмата беше блокирана. Во 2003 година беше формирана „Маврово инженеринг“ како ДОО во сопственост на АДГ„Маврово“ и фирмата „Медијан трејд“. Кон крајот на 2007 година, АДГ„Маврово“, кое тогаш броеше малку повеќе од 1.000 вработени, го продаде, поточно, го изгуби својот удел во „Маврово инженеринг“ по основа неплатени обврски.

Во минатата година „Маврово“ имаше приближно 50-ина милиони евра достасани обврски (плати за вработените, кон доставувачи, за придонеси, за ДДВ околу 12 милиони евра, други даноци, обврски спрема банки во висина од 13,5 милиони евра), како и 7,5 милиони евра оперативна загуба од работењето.

Токму во тој период на пазарот се појави „Ингра“, во чиј интерес „Маврово“ го виде спасот од колапсот. Хрватската компанија има сериозни намери да ја врати македонската фирма на градежниот пазар, за што сведочи и понудата на проекти за кои очекува поддршка од македонските државни органи.


Статијата е прочитана 559 пати.

Испрати коментар

Од: Мавровец
Датум: 27.03.2009 21:59:58
Ма немој, повеќето работници биле префрлени во новата фирма! Префрлени се ДЕСЕТМИНА преку сила! Мамето лоповско!
Од: lenin
Датум: 28.03.2009 03:08:45
Gospodata od Ingra koga go kupija Mavrovo znaea deka ima dolgovi i sigurno prifatija tie dolgovi da si gi podmirat.Tie mesto da go podigaat Mavrovo go turnaa da se udavi.Mavrovo Inzinering e stvoreno na grbot od rabotnicite od Mavrovo.Vlasta i policijata nichto ne prezemaat iaku sekoj znae dega prihodite od Mavrovoodeja na smetka na Mavrovo inzinering a dolgovite od Mavrovo inzinering odeja na smetka na Mavrovo.Na toj nacin propadna Mavrovo a. ne od rabotnicite nego od rakovodstvoto.Macini i drugi stretstva koj sega se vodat na Mavrovo Inzinering se prefrleni na kriminalen nacin od Mavrovo.

Најди! во Утрински
Македонија
Фармерите бараат апс и за новите и за старите газди на „Сведмилк“
Камен-темелникот за Филхармонијата на имот на Исламската верска заедница
Една година стоп за хипотекарните кредити?
Прекршочна пријава за спорна реклама за лек
Инспекцијата ги врати текстилците од „Мокел“ на работа