На пленумот на бугарските комунисти во 1963 година бил донесен декрет дека македонската нација не постои, за што немале никаква поддршка, ниту од Советскиот сојуз и социјалистичките држави
Виктор Цветаноски
„Откако го зазедов местото прв секретар на партијата и особено претседател на владата, се зафатив да го расчистам тоа трагично наследство. Се враќам со мислите назад и со многу тага за бесповратно изминатите години, се сеќавам дека тогаш го посетив пиринскиот крај... Ја презедов таа обиколка за да видам како и од каде да ја започнам подготовката за референдум. За да покажам јасно какво население живее во тој крај. За мене беше определено јасно дека треба да отидам на референдум и да ја ликвидираме наложената ’културна автономија‘“. Ова го пишува бившиот претседател на социјалистичка Бугарија, Тодор Живков, во мемоарите објавени непосредно пред неговата смрт.
Тој вели дека населението го пресретнало исклучително радосно. Притоа како единствен аргумент за тоа нуди еден настан што се случил во една кафеана во Гоце Делчев, каде што во негова чест имало поставено голема трпеза. Сите станале на нозе и аплаудирале. „Викаа возбудено. Тоа продолжи неколку минути. Бев задоволен, зашто тоа беше сериозен израз на патриотизам на населението од пиринскиот крај. Израз н�� бугарското сознание на тоа население. Така помина посетата во останатите региони“, раскажува Живков.
Меѓутоа, само таа посета не му била доволно да го „убеди“ населението дека не се Македонци, туку Бугари. Напомош повикал десетина историчари на кои им поставил задача да ги иследуваат малцинските прашања. „Сакав да дадат одговор: дали во Бугарија има различни национални малцинства? Дали Бугарија е многунационална држава или не? Стигнаа до категоричниот заклучок дека слична теза е политичко-идеолошка измислица. Во дел тоа се однесуваше и за таканаречената ’македонска‘ нација“, заклучува Живков.
Итриот Живков се послужил и со други методи. Во тоа време пиринскиот крај бил економски мошне заостанат и, како што нагласува, тие луѓе биле заборавени дури и од Господ. „И Сандански, и Гоце Делчев, и самиот Благоевград беа заборавени и заостанати. Ги видев во очајна положба. Потоа фрливме многу средства, многу сили за да се обноват и да се претворат во убави центри на бугарштината“.
Тој ја раскажува својата верзија за тоа како дошло до културната автономија на Македонците во пиринскиот крај, се разбира, повторувајќи ја познатата теза што со години ја протежираат и ја докажуваат бугарските историчари. „Со српски емисари, со закани и притисок на Сталин, бугарско партиско ’праволиништво‘, административни мерки, уцени и дури и насилства беше извршено нешто апсурдно“, раскажува бугарскиот комунистички диктатор, кој е и највиновен за укинување на придобивките што ги стекнаа Македонците во Бугарија во годините по војната. „Сите материјали сврзани со националноослободителната борба во пиринскиот крај му беа предадени на Скопје. Националниот нихилизам, претворен во државна политика, посегна дури на останките на Гоце Делчев, кој беше пренесен во Скопје“, пишува тој во мемоарите.
Натаму, Живков објаснува дека барањето на Сталин да и' се даде културна автономија на Пиринска Македонија во рамките на Бугарија како прва стапка за присоединување кон Македонија, била прифатена на Десеттиот пленум на ЦК на БРП(к) во 1946 година, а во 1947 година била содржана во договорите што ги потпишале Георги Димитров и Тито на Блед. „Се признаваше македонска држава во која живееја, главно, Македонци. Пиринскиот крај требаше да биде посебен како ’културна автономија‘. т.е. беше направен чекор кон разработената концепција за присоединување на тој крај кон Југославија. Таму се изведуваше настава на ’македонски‘ јазик. Беа дојдени емисари од Скопје и од Белград за да го обработуваат населението“, ја кажува својата верзија бившиот бугарски претседател. Притоа тој нагласува дека луѓе со „исконско бугарско сознание“ биле насилно принудувани да се самоопределуваат како Македонци.
Како што подвлекува во спомените, „востанувањето на историската правда“ било долг не само кон националните интереси туку и долг кон бугарската земја, кон бугарштината на многу познати и непознати доблесни учесници во Илинденското востание, на јунаците што ги положиле животите во ослободителните војни од Турците. И според Живков, во Република Македонија живеле „чистокрвни Бугари, на кои вештачки им е натурано и влијаено дека се одделна македонска нација. Нација што се создаде ин витро по рецептите на Сталин и Тито“.
Тодор Живков натаму ги објаснува напорите што ги презел преку партијата и државата за побугарчување на Македонците од Пиринска Македонија и за докажување дека не постои македонска нација. Притоа нагласува дека за нивната политика кон македонското прашање воопшто не добивале никаква поддршка од светот, посебно од СССР. „Поддршка немаше ниту од советската држава, ниту лично од Хрушчов. Напротив, при посетата на Белград тој ја декларира целината и независноста на републиките во Југославија“, признава тогашниот бугарски лидер. Поради тоа, според него, се наложила потреба да се дејствува надвор од политиката на Советскиот сојуз, да се подготви пленум без знаење и одобрување на Хрушчов и се разбира да се донесат партиски заклучоци во врска со македонското прашање. „До тоа дојде во 1963 година. На тој пленум се потцрта: македонска нација нема“, пишува Живков, нагласувајќи дека се' друго околу постоењето на македонската нација и Македонија биле шпекулации на просрпските националности и титоисти лансирани со поткрепа на Москва.
Тој објаснува дека со посебна возбуда о��екувал што ќе покаже референдумот што бил спроведен во Пиринска Македонија. Според него, резултатите ја потврдиле неговата политика во однос на македонското прашање. „Гласачите го изразија своето бугарско национално сознание. Само-два три процента се самоопределија како Македонци. Повеќето од нив, од инает, затоа што пред тоа ги терале насила да се ’помакедончуваат’“, го објаснува Живков тој процес на побугарчување на населението од тој крај, без да каже ниту збор за тоа каде исчезнаа околу 200.000 бугарски граѓани кои за време на двата повоени пописи во Бугарија се декларираа како Македонци.
По пленумот на кој било решено дека нема македонска нација, Живков настојувал да не ги влошува односите со Титова Југославија. „Не престанав да мислам како да ги подобриме нашите врски. Но каде и да отидевме, при секоја посета во одделни југословенски републики првото, дежурно прашање, што се поставуваше беше т.н. ’македонско прашање‘“, додава Живков, нагласувајќи дека независно од сите сложености родени од бугарската „принципиелна позиција“ по тоа прашање, односите со Југославија постепено се нормализирале.
„Молчешкум ги прифатив состојбите дека ниту решенијата на пленумот, ниту резултатите од референдумот не добија надворешна поддршка. Никаква поддршка. Ниту од Советскиот сојуз и социјалистичките држави, ниту од неврзаните, ниту од капиталистичките“, признава Живков по 35 години од неговата акција за укинување на културната автономија во Пиринска Македонија со партиски декрет. Тој е посебно разочаран од тоа што, наспроти неговата политика и политиката на неговата партија, во Советскиот Сојуз, во Академијата на науките, се создала македонска научна секција, одделение за врски со македонската држава, катедра за македонски јазик. Слични структури биле создадени и во некои други држави-членки на Варшавскиот договор, на пример, во Чехословачка.
„Хрушчов не сакаше да расправа со мене поради тој пленум, и покрај тоа што не исклучував таква реакција. Бев готов да ја прифатам. Тогаш не само што не не' поткрепија туку направија и нешто повеќе. Десетина години се вршеа страотни манипулации, притисок, пропаганда, обработка на општественото мнение, не само во Југославија и во социјалистичките заедници, но и по светот. Ги насочуваа сите против Бугарија...Сите стоеја зад советската теза сврзана со Република Македонија - има македонска нација, историја, култура, јазик. По таканареченото ’македонско прашање‘ бевме во целосна изолација”, ги раскажува во мемоарите маките што тој и неговиот државен апарат ги имале за да му „докажат“ на светот дека не постои македонската нацијата.
Живков во посета на Југославија бил на неколкупати, а последниот пат на погребот на Тито. „Бевме двајца - јас и министерот за надворешни работи. Не' прими тогашниот претседател на Претседателството на СФРЈ. Штом влеговме, тој го започна разговорот за ’македонското прашање‘. И покрај тоа што надвор имаше редица, чекаа и други официјални делегации, тој го продолжи разговорот повеќе од предвиденото време со протоколот и темата нормално беше Македонија. Излеговме надвор. Не' примија двајца други од раководството. И пак дежурната тема –македонскиот проблем“, пишува Живков во своите мемоари.
Една вест на оваа тема од денес:
Софија. На 23 октомври 2010 година (сабота) во 11.30 часот со воена парада на Централните софиски гробишта ќе бидат положени коските на д-р Христо Татарчев - еден од основачите на ВМОРО и првиот нејзиниот претседател. Д-р Христо Татарчев е принуден да живее во Торино, Италија, каде што умрел во прогонство на 5 јануари 1952 година. Коските му почиваат во Торино до 2002 година, а потоа, според правилата, се извадени и оставени на чување во складиште на гробиштата администрација. Не биле активно побарани од бугарската држава до декември 2009 година, кога се донесени од делегација на ВМРО (на Каракачанов) во Бугарија.
Положувањето на коските на д-р Христо Татарчев на 23 октомври 2010 година се совпаѓа со датумот на кој пред 117 години во Солун беше создадена ослободителната организација на бугарите во Македонија и Одринско ВМОРО
(превод од мене)
Од: pameten
Датум: 21.10.2010 12:15:29
Сите стоеја зад советската теза сврзана со Република Македонија - има македонска нација, историја, култура, јазик. Tochno e. Po 1878 za poevkje od 100 godini mnogu mali i golemi sili se plashele od "golema" Bugarija. Za site bilo jasno deka borbata za avtonomna, potoa nezavisna Makedonija e Bugarska kauza, kako borbata za nezavisno Kosovo e Albanska kauza. "Kompromisot" za poseben Makedonski narod bil spas za Makedoncite,no i prifatliv za site, duri za Grcite! Sekako mora da se sfati, deka denes sostojbata e sosema razlichna. Na nikoj, duri na Srbite ne im e gajle dali Makedoncite imale Bugarski korenja. Anti-bugarizmot e samoubijstvo za Makedonija.
Од: Sloven
Датум: 21.10.2010 12:19:48
Ispaga deka treba da ja slavime Jugoslavija,a ne da plukame po nea,kako sto e sega moderno.A na Tite he he he heeeeee,eden spomenik, barem tri pati pogolem od onoj na grkot.
Од: Свилени Ракавици
Датум: 21.10.2010 12:26:01
Димитров бил Визионер и Интернационалист многу прогресивен политичар пред своето време. Не се споредува со Живков затуцан ксенофоб и националшовиниста од низок тип го има вратено бугарското општество и развојот на свеста 100 годиини наназад во 19 век ако не 18 век. Проблем од кој и ден деншен пати бугарското општество и национална свест.
Од: ЕХ РЕКОВ ГРКОФИЉО СИ
Датум: 21.10.2010 12:42:55
Браво бе Феличита баш те погодив дека си гркофиљо. Ама Фиљо Македонија не била грчка ниту во античко ни во римско ни во византијско ни во отоманско туку Антантата им даде пола Македонија а имало само 8% Грци и тоа трговци по градовите. А Грците од Кипар кои се поцрни од твоите Хунзи баш се наследици на Александар затоа си го носат на авионите. Баш си недоветен како филозофираш. По националност само Македонците сме Македонци а Грците се Грци. Море и британика отвараш ама само со грчки лаги а писателите за македонската вистина ги вреѓаш. По вреѓањето за Егејци за Лотарчо за Калимеро ти се гледа писменоста ама ке те подучиме не те оставам биди сигурен.
Од: kole ohrid
Датум: 21.10.2010 13:09:05
Me inteesira dali davat bugarski pasos!!!!
Од: Газафер Темнозелениот
Датум: 21.10.2010 14:03:35
Како бре,Фиљо,ние Хунзите сме црни?Па бевме кај вас,не примивте на највиско ниво,како браќа.Ако сме браќа.како може едните да се сини и црвени,а другите црни?Да не сме од различни татковци?Ние сме темнозеленикави,не сме црни!А,што сме ние Хунзите по националност,не сме Македонци и тоа од најчистите,така ни велевте!Си играте мајтап со нас?
Од: Петрич
Датум: 21.10.2010 14:16:36
major Ivan Zlatev ot Jambol, bas bugarin, ispraten kato specialist na DS na rabota vo Petric, zastrela dve nasi Makedonski deca, samo zatoa sto decata peea Makedonski pesni- "Zemjo Makedonska" i drugi Makedonski pesni.major Ivan Zlatevot Jambol zastrela ucenicite Pande Iliev Pandeliev i Georci Gecev Kirilov.
Од: ice
Датум: 21.10.2010 15:43:04
Bugarski pasosi davaat samo na makedonskite izdajnici. Kole od Ohrid dali si ti eden od niv?
Од: јас
Датум: 21.10.2010 18:57:20
Доста бе @pameten со товите тези за заеднички корења на Македонците и Бугарите..Ние сме 2 различни народи !!! СВАТИ ГО ВЕЌЕ ЕДНАШ ВО ТОА ТВОЕ побугарчено мозоче и престани на секој коментар да го ставаш тоа ! Наградно прашање : Зошто Македонија на чело со овчарот го слават денот на ревулуционерна борба ( денот на формирањето на БМОРК (Blgarski Makedono-Odrinski Revolucioneren Komitet , а не на ВМРО )??? Ај што го слават овие бугарофили , туку зошто го тераат цел македонски народ да го слави ??? И ставаат восочни фигури на џелатите на македонскиот народ во музеј !!
Од: Појаснување до jas
Датум: 21.10.2010 21:28:47
Името В.М.Р.О заменува старото В.М.О.Р.О на Рилскиот конгрес 1920 г., по барање на Тодор Александров. Последниот не само ставил новото име ВМРО, но е избран и за претседател. Причина е дебугаризациjaта на Одринска Тракија по Втората балканска војна, после коja во Одринско не остануваат Бугари. ПОд името ВМРО организацијата има само 2 претседатели - Тодор Александров и Ванчо Михајлов
Од: nacional-patriot
Датум: 21.10.2010 23:42:08
Borbata za nezavisna Makedonija bila samo makedonska kauza,a ne sofiska.Smesno e da se napise deka bila sofiska kauza,bidejki zelbata,borbata na etnickite Makedonci za nezavisna Makedonija koi bile pod otomanska vlast bila opstruirana i oteznuvana od Sofija.Makedoncite sakale drzava nezavisna od Sofija i od Srbija.Vo 2004 godina,Buckovski sakase zaednicko praznuvanje na praznici so Sofija,a ne ovaa vlast.Isto taka ovaa vlast go odbi predlogod od Sofija za dobrososedstvo pod nivni uslovi.Stavanjeto vosocni figuri od krvnici,ne znaci nivno slavenje.Dali za nekogo e slavenje vosocnata figura na Hitler vo London,a Hitler naredil bombardiranje vrz Britanija.
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 21.10.2010 23:44:18
Viktore! Kogaj ce ni napises feljton za Makedonskite i Srpkite nedorazbiranja posle 1945 god. vo; Kiicevsko, Mavrovsko,Porecko,Gostivarsko,Pod Sarplanisko,Tetovo, Vratniica,Skopje , Kuceviste,Skopska Crna Gora , Kumanovsko iTd. Metodide na Denacionaliizacia se Isti..
Од: Разлика Грк демократ и Фиљо предавник
Датум: 22.10.2010 08:25:20
Грк демократ проф др Накраѕас вели ме доселија од Турција во Македонија во 1925 и ме научија да ги мразам ��акедонците. Доселија 600.000 луге кои Грци кои без идентитет христијани од Турција и сите ги направија најголеми Грци. А Солун од 135.000 луге имаше само 15000 Грци. А само во Пејжаново денес Асвестохори во Солун имаше 4000 Македонци. Во Кавала Воден Лерин немаше Грци. Македонците ги иселија во Турција и Бугарија.Да го признаеме Виножито.
А Фиљо тера по грчки немало Македонци ама Бугари ама Грци и дава решение за името.
Шумадија Шумадинец ама Србин, Далмација Далматинец ама Хрват, Македонија како област во Грција Македонец ама Грк. Тогаш какви Македонци сме ние. А какви ке бидат етничките Македонци од Грција или Бугарија.
Од: venstar
Датум: 22.10.2010 10:50:49
@Ljubotan
zasto samo posle 1945 god.? Nema li makedonsko-srpski kontroverzii vo vremeto megu 1912 i 1945?