Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Зуица Лазова и ќерка и' доживеаја сообраќајка

Познатата фолк-пејачка и нејзината осумгодишна ќерка вчераутро во скопската населба Кисела Вода беа полесно повредени во сообраќајна незгода

Фолк-пејачката и водителка Зуица Лазова и нејзината осумгодишна ќерка Македонка се полесно повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчераутро околу 8,20 часот, на улицата „Народни херои“ во скопската населба Кисела Вода.

Лазова, која го управувала моторното возило „форд скорпио“, од засега нејасни причини удрила во дрвен столб на тротоарот на главната улица, а по шокот, таа и ќерка и' веднаш биле пренесени во Ургентниот центар по што се пуштени на домашно лекување. Сообраќајната несреќа ни ја потврди и нејзиниот сопруг, фолк-пејачот Наум Петрески, кој веднаш се најде на местото на настанот. „И Зуица и Македонка се добри. Дома се и се одмораат“, кратко прокоментира Петрески.

Очигледно е време семејството Петрески да го замени стариот „форд скорпио“ со некој понов модел. Со истиот тој автомобил беше повреден и Наум Петрески кога пред три години, на патот Прилеп - Градско, во обид да избегне директен судир со автомобил што доаѓал од спротивната страна - излета од патот, удри во банкината и падна долу во ендекот. Повредите, за среќа, не беа сериозни. (У.В.)


#
Статијата е прочитана 5845 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
„Браќа Манаки“ во полн сЈаЈ без киносала
Македонско-бугарски историски контроверзии (14)
Чуден Клип осамна на „Јутјуб“
Се претвора во својата мајка
Министри во поход
„Скендер-бег“ - единствен адут на ДУИ
Здравството е во кома
Нова гробница со 396 тела во БиХ
Пропаднати два брака поради лош секс
Обама и во Словенија
Искушенијата на косовските избори
Татарчев ја раскара десницата
Умре најпознатиот светски октопод
Каде се парите?
Одложено судењето за бродот „Илинден“
Унгарски бизнисмен ни дојдоа на гости
Колерата стигна и во Пакистан
Србите сакаат хрватски ентитет во БиХ
Проработеа клештите за неплаќачите на струја
Вештачи секој што ќе стигне






Belgian court awards €15,000 to asylum seeker
Croatian government survives no-confidence vote
Serbia makes another u-turn on Europe