Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Здравството е во кома

Болните со подлабок џеб бараат спас во приватните установи, другите се снаоѓаат

Јасмина Јовановска


Македонскиот здравствен систем е во длабока и сериозна кома. Ова е оцената на Владимир Лазаревик, стручњак по јавно здравство, кој од мај до септември вршел мониторинг на состојбата во здравствениот систем и во соработка со охридскиот Институт за економски стратегии и истражувања изготвил извештај за добрите и за погрешните чекори што ги презема актуелната власт во овој јавен сектор.

Смртните случаи на неколку родилки и бебиња, како и потресните приказни на пациентите да ги добијат основните здравствени услуги, се само сведоци за колапсот во кој се наоѓа македонското здравство. Според Лазаревик, кризата во здравството се случува поради кризата во управувањето со здравствените установи, кадровската и финансиска криза. Последицата е повеќе од очигледна, болните со подлабок џеб бараат спас во приватните здравствени установи, а пациентите во државните здравствени установи се снаоѓаат како што знаат и умеат.

Неуспехот на клучната здравствена реформа - воведувањето двајца директори во сите јавни здравствени установи, за Лазаревик е само еден од доказите за кризата во управувањето со здравствените установи. „Системот на двајца директори во сите јавни здравствени установи со исклучок на клиниките при Универзитетскиот клинички центар и клиничките болници низ државата, се укина поради намалување на трошоците, а не зашто економските директори не работеа добро“, вели Лазаревик.

Власта води и лоша кадровска политика, смета Лазаревик. „Државниот здравствен систем прерасна во регрутен центар за приватните здравствени установи, кои по принципот одбирање на најдобрите цреши, го селектираат оној медицински персонал што им е најпотребен“, укажува Лазаревик. Но, тој вели дека кризата со кадарот најмногу ќе се почувствува кога ќе се инсталира новата медицинска опрема кога ќе нема доволно искусен кадар да работи на неа.

Здравството го тресе сериозна криза и поради финансиската криза на здравствената каса. Кризата во претпријатијата проследена со високата стапка на невработеност се одрази врз буџетот на Фондот за здравствено осигурување. „Фондот се наоѓа растегнат меѓу намалениот прилив на средства и потребата да обезбеди средства за функционирање на здравствениот систем поради што креира ограничувања преку засилена контрола и финансиска дисциплина во работењето на установите“, вели Лазаревик.

За Лазаревик, власта прави погрешни чекори и со реформите во здравството и додава дека се' уште не е редефиниран ни основниот пакет здравствени услуги.

Незавршување на реформите во примарниот здравствен систем, односно приватизацијата на специјалистичките служби според Лазаревик, резултираа со дополнителен одлив на кадар од државното кон приватното здравство, што доведе до недостиг од специјалистички медицински кадар, особено педијатри. Во недоволно дефинирана насока се наоѓаат и реформите во болниците. „Место последиците од зголемување на долговите што ги генерираат болниците да се бараат преку анализа на вистинските причини, надлежните институции ги решаваат со централизација, непопуларни мерки на засилена контрола и зголемени казни“, укажува Лазаревик.

Одложувањето на планираните реформи, истакнува Лазаревик, нема да се компензира преку реновирањето на здравствените установи, ниту, пак, преку инсталирањето на новата медицинска опрема иако оваа активност на Владата е единствената светла точка во кризата на здравството. „Неопходни се организациски реформи што ќе им овозможат на државните здравствени установи да работат според принципите што се карактеристични за приватниот сектор, со што ќе се зголемат конкурентноста, квалитетот и понудата на здравствени услуги“, потенцира Лазаревик.

„Оцените се лицемерни со оглед на тоа што доаѓаат од човек што од позиција на заменик-министер за здравство до пред една година директно бил вклучен и учествувал во креирањето на политики и реформи во здравството, без притоа да не каже ниеден збор за тоа што тој предлага во насока на унапредувањето на состојбите во здравството. Тоа покажува дека неговите ставови се влог во неговата поголема лична и политичка промоција и ништо повеќе!“, се вели во реакцијата од Министерството за здравство, од каде што додаваат дека анализата за која зборува Лазаревик не е доставена до која било релевантна институција, вклучувајќи го и Министерството за здравство.


#
Статијата е прочитана 1531 пати.

Испрати коментар

Од: vale
Датум: 26.10.2010 12:31:39
Ej abe tuka bil Lazarevic, golemiot guru za reformite vo zdravstvo . Ama ja kidna na fakultet odkoga vide kolku e satot. Da si vo nekoja druga zemja ke se povika na odgovornost za t.n. reformi.
Од: kril
Датум: 26.10.2010 13:03:04
Zdravstvoto e vo koma, vistinata e taa. Posledniot paragraf od tekstot e cista vistina i takvi zamenici za zdravstvo ne se potrebni ponatamu. Dali toj moze da kaze sto napravi vo tek na negoviot mandat ? Mnogu kako nego (pa duri i ministri) nisto ne promenija bidejki nemaa doblest za funkcijata koja ja dobivaa... No sto ponatamu? Parsanjeto e strasno, a odgovorot e vo vovedubvanje na kontrola na kvalitetot na rabotenje na skoro iste kliniki i oddeli. Toa mozat da go napravat samo stranski ekipi na lekari od razlicni profili. No kako ke se donesat da gi uoiraat samobendisanite lekarite samouci. Zalno
Од: zdravstveni rabotnici od Bitola
Датум: 26.10.2010 13:31:09
da se rascistat revizorskite izvestai vo Bitolskata bolnica,da se izvadi na videlina sto se e napraveno so visokite dolgovi,voedno i Upravniot odbor da dade javen Izvestaj?Zatoa e javno zdravstvo i site treba da znaeme sto se slucuva tamu?
Од: vase
Датум: 26.10.2010 14:20:37
Ekspertot za zdrastvo pokazuva totalno nepoznavawe na temata za koja sto zboruva.Sredstvata za zdrastvo se sekogas mali bez razlika za koja zemja se raboti razviena ili ne razviena.SAD kako najrazviena zemja vo svetot ima problem so 40 milioni neosigureni lica.Kadarot od zdrastvoto pocna da se odleva posle izjavite na odgovornite vo zdrastvoto.So razvojot na tehnikata koja se koristi vo zdrastvoto enormno se zgolemuvaat trosocite.Po negovite izjavi moze da se zaklici deka e clen na SDSM.
Од: kole
Датум: 26.10.2010 14:45:20
Абре Лазаревиќ, па ти и твојте пајташи и т.н. менаџери го доведовте на ова дереџе..... па уште треба да ни кажеш????? Па сите тоа го знаеме и од авион се гледа.....труп незакастрен.......
Од: Mene
Датум: 26.10.2010 14:46:34
Eh, eve go Lazarevic da spasi. Prvo neka kaze zosto go izbrkaa od Izrael, a koristese kredit od parite na Svedska banka, posle neka kaze sto napravi koga bese zamenik minister toj.... Sigurno ke e vo koma zdravstvoto so takvi kako nego. A kako go zavrsi fakultetot po medicina , aj nema tolku redovi da se pisat....
Од: Basmite na 'ekspertot" Lazarevic
Датум: 26.10.2010 15:20:13
Lazarevic i sl. " eksperti" ni prodavaat" basmi" kako da nie ne sme informirani kako e organiz. Javnoto zdravstvo vo evropskite zemji. Pa vo 90% toa e prioritet za drzavata, bidejci ze grizi za groto na naselenieto, a privat,.zdravstvo raboti po princip na profit i se bavi samno so profitni med. uslugi, cesto pati koristeci i necesni metodi( Prim. Filip II bese sve i sva , pa duri vrsese i uceni) Ako Lazerevic ne znae neka procita kako e organizi. Javnoto zdravstvo vo Francija, Holandija UK, Belgija, Geramnija , Slovenija>\, Skand. zemji, Ceska i sl. a ne da raskazuva bajki. No toj znae deka i vo Min. i vo Fondot postojat silni lobi na privatnite zdrav. ustanovi, koi imaat "debeli interesi"( pa mozebi i toj bese eden od niv.?)
Од: Ајван Доктор®
Датум: 26.10.2010 15:55:57
Состојбата на јавното здравство е повоочлива,ако се прошетате низ клиниките и болниците во РМ!Еден апарат за дијализа,ехо,ЕКГ,скенирање... на повеќе стотици пациенти кои чекаат во тотален хаос,по системот „кому иде“!Вецеа кои се распаѓаат,руинирани фасади,кровови кои прокиснуваат,прозорци и врати низ кои дува...млади доктори-директори и шефови,штотуку излезени од предавање,им држат „лекции“на своите професори... Гордите Македонци се презафатени со „Легендарното“минато!Тие и не можат да видат подалеку од прстот!Замаглени им се портокаловите очила!Нив не им се потребни споменици за да се лечат!Тие се плацебо исклучиво за бедотијата и за малоумните!А тие, „препородувачите-градители“...си имаат приватни клиники формирани од партиските финансиери!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 26.10.2010 21:03:19
Во здравството сите се во кома и пациенти и доктори и министри.Е сега имаме кома и кома.Комата на пациентите е далеку потрагична од онаа на докторите и министрите.Овие вторите и третите таа кома им е нафатирана со ,,зелени шушки,,.Прегледи и операции толку и толку покрај она нормалното.Шиткање стентови и лекови разбира се,фаќање ,,уџум,, кога ќе им се влезе во трага,разбира се.
Од: sime
Датум: 26.10.2010 21:43:38
Dijagnozata e prosta vo privatno zdravstvo se raboti vo drzavvno se glumi rabota.
Од: Хахахаха
Датум: 27.10.2010 08:46:50
ЕКСПЕРТ ПО ЈАВНО ЗДРАВСТВО ???? Свесни ли сте што е тоа експерт. Овој е гробарот , а не експертот. А сега работата ќе ја заврши Камчев - Орка, Јорданчо , Јоцо со неговата СИС Тина ... Експертот за шверцање патики од Кина преку кумашинот Страхил Кокоромановски ; главниот во кошаркарската организација , па во Вардар и фудбалот , па овде , па онде , па сега у здравството... ноторен криминоген тип и сите „јаки“ доктори му отидоа у болницата како проститутки за пари... страшно

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
„Браќа Манаки“ во полн сЈаЈ без киносала
Македонско-бугарски историски контроверзии (14)
Чуден Клип осамна на „Јутјуб“
Се претвора во својата мајка
Министри во поход
„Скендер-бег“ - единствен адут на ДУИ
Нова гробница со 396 тела во БиХ
Пропаднати два брака поради лош секс
Обама и во Словенија
Искушенијата на косовските избори
Татарчев ја раскара десницата
Умре најпознатиот светски октопод
Каде се парите?
Одложено судењето за бродот „Илинден“
Зуица Лазова и ќерка и' доживеаја сообраќајка
Унгарски бизнисмен ни дојдоа на гости
Колерата стигна и во Пакистан
Србите сакаат хрватски ентитет во БиХ
Проработеа клештите за неплаќачите на струја
Вештачи секој што ќе стигне






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax