Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Проработеа клештите за неплаќачите на струја

ЕВН со масовна акција за исклучување, дневно се кинат по 2.000 корисници

Маја Томиќ

„ЕВН Македонија“ започна со акција за масовни исклучувања за да ги дисциплинира и потсети неплаќачите навреме да си ги плаќаат сметките. Како што дознаваме, се исклучуваат и по 2.000 корисници дневно низ целата земја. Приоритет за исклучување имале оние што доцнеле со плаќањето по неколку месеци од оваа година, но ножиците проработеле и за останатите што ги исполнувале условите за тоа. Според ЕВН, овие акции не се невообичаени, а компанијата секогаш прво ги користи законските можности за да ги наплати побарувањата за потрошената струја. Инаку, овие акции се изразени токму пред зимскиот период кога сумите на сметките стануваат драстично повисоки, па од ЕВН препорачуваат граѓаните да ги плаќаат и тековните и заостанатите сметки за да не се доведат во несакана ситуација, без струја.

Очигледно, добро замислената кампања на ЕВН, која тече од август годинава, за наплата на долговите за струја на рати, зависно од висината на долгот, или во целост без камата, не ги даде очекуваните ефекти на компанијата. На самиот старт, во август, имаше засилен интерес кај граѓаните за плаќање на струјата на рати, поради што ЕВН и го пролонгира крајниот рок за еден месец, или до 1 ноември. Сепак, на само пет дена пред истекот на рокот, се склучиле само 6.000 договори, што е многу малку во споредба со реалните должници, поради што ЕВН се определи за масовни исклучувања.

Граѓаните се со поделени мислења околу сечењето на струјата. Едни велат дека секој оној што не плаќа треба да биде исклучен, затоа што во спротивно се дискриминираат редовните плаќачи. Други, пак, се жалат дека немаат пари за да си ги намират животните трошоци и дека ЕВН треба да има разбирање за нивната социјална состојба. Од ЕВН, пак, се правдаат дека и тие ја купуваат струјата од државата и имаат обврска редовно да си ги плаќаат трошоците за тоа. Додаваат дека на броилото се читаат само потрошените киловат-часови, но не и тоа дали корисникот е социјален случај или не е, потенцирајќи дека тоа прашање треба да се регулира преку државните институции.

Инаку „ЕВН Македонија“ во изминатите три месеци им понуди на сите должници да си ги намират неплатените сметки од последната година, на рати или одеднаш, без наплата на камата. Од ЕВН предупредуваат дека сите оние кои деновиве ќе бидат исклучени, по истекот на кампањата, на 1 ноември, нема да имаат можност да ги намируваат заостанатите сметки на рати или без камата.

Покрај кампањата за актуелните долгови од последните 12 месеци, ЕВН заедно со ЕЛЕМ им нуди на граѓаните и бенефиции за плаќање на тужените сметки стари и по неколку години. Интересот за тужените долгови бил поголем, како што дознаваме, особено поради тоа што се отпишува каматата за задоцнето плаќање која понекогаш е и повисока од самиот долг. За само две недели склучени се над 2.000 спогодби за тужен долг.


#
Статијата е прочитана 2004 пати.

Испрати коментар

Од: Jadranka
Датум: 26.10.2010 12:46:14
Ве молам,на мејл обезбедете ми одговор: Што прави ЕВН со своите неструцни вработени?Што прави со тие што им ја исклуцила струјата,а од три неплатени сметки , две се од претходни години и тие се платени на време (не прокнизени од нивните служби),а третата неплатена од 6-ти месец годинава,закаснета поради користење годишен одмор? Парите ги вратија со опсигување наредниве месеци,без камати и без средствата за уклуцување на струјата. Каде ми е времето и кој ке ми го врати, потрошено на нивниот шалтер во Лисиче, со неписмената баба на компјутер, со 100-тина други оштетени, на над 40 степени надвор? МОЛАМ ЗА ОДГОВОР ИЛИ КАДЕ ДА СЕ ОБРАТИМЕ? Само немојте да ме упатите на шалтерите за жалби,молби и поплаки, ке се самоубијам! Зарем ова е Европска фирма,Австриска,со европски услуги?
Од: vesela
Датум: 26.10.2010 15:33:55
Драга Јадранка, Малку ми е полесно оти мислев дека со мене нешто не е во ред. Чувствувам огромна нервоза веќе цел месец. На работа не можам да се сконцентрирам, бркајќи ги телеф��ните на државните институции, катастар, министерство за финансии и ЕВН, топлификација. Чудо невидено. Во катастар треба за банална промена да се чека никој не знае колку оти имале компјутер кој не давал да се решаваат предмети, ако претходните не се затворени. Значи до 2020 ќе добијам имотен лист за да ги приватизирам 10 квадрати од земјиште за стамбена зграда. Прво немаа методологија за станови, сега во катастарот има чудо од компјутер. Цело лето трчав и во Гевгелија и во Скопје за сметки за струја за викедица и како ги плаќаш тие растат со образложение дека преплатените сметки не се книжени цела година. За персонален уште не сум добила решение, за порез добив. Кај нас дома е радост ако ти дојде сметката во сандаче на време. Се збудалев.
Од: vesna
Датум: 26.10.2010 16:07:30
Ne ste osameni ova so EVN e haos neviden. tuzat za cela godina neplatena elektricna energija koja sto kaj niv ne e proknizena iako strankata si ima uredna dokumentacija deka se e podmireno na vreme. sramota
Од: makedonec
Датум: 26.10.2010 19:12:48
Koga go citam ova izdanije nerva me fajka,koj e to budala da ne si ja plati strujata i vodata gubreto ako sekoj ja primi na 25 svojta plata mislam kako vo svedska mazot i zenata si ja pokrivat odma smetkata na Grujo zakonite mocajse patite narode makedonski nikogas nema da pomislam da se vratam ma da sum cel zivot stranec
Од: Marija
Датум: 27.10.2010 01:27:06
Uf ..ova ne e nishto, ima i posmeshni situacii. Zamislete da vi dojde da platite smetka za "kradena" struja kade shto kradenjeto go prijavil toj shto mu ja isprakaat smetkata od EVN. Glupost na vekot sekoj bi rekol. Tuka pocnuvaat makite tantalovi so setanje po salteri i objasnuvanje na sekakvi nedokvakani sluzbenicinja. Na kraj se ispostavuva deka se raboti za greshna faktura, zaradi napravena kombinacija na dva korisnika, od edniot prezimeto a od drugiot del od imeto. Sepak "cesniot" kradec bil na rastojanie od polovina kilometar. Nemaa doblest nitu da se izvinat. (slicaj so srazba na struja vo restoran MOMA kaj mlecen) bi trebalo da go razgledaat odgovornite vo EVN
Од: Dark Avenger
Датум: 27.10.2010 03:16:31
Bas da vidam dali vo Aracinovo ke isklucat struja na nekogo?
Од: mene
Датум: 27.10.2010 08:00:49
Добро е што некој ја покрена темата околу ЕВН. Компанијата има многу убаав начин да врши притисок врз граѓаните да си ги исполнуваат обврските. Или пари или темница! Ама како да се контролира ЕВН дали таа ги има исполнето превземените обврски - да гарантира соодветен напон на струјата или пак да гарантира дека поевтината тарифа навистина е во времето кога треба да биде. Со новопоставените струјомери никој не може да контролира ниту кога е поевтината тарифа и дали навистина ја има, ниту пак да контролира дали навистина потрошената струја која е прикажана во фактурата одговара на реалноста. За тоа имаат на увид само во ЕВН!
Од: deli
Датум: 27.10.2010 08:09:26
Gi čitam komentarite na Jadranka i na Vesela i mi se diga kosata na glava. Kako što e poznato, zborot "službenik" i zborot "služba", "služenje" imaat isti koren. Službenik treba da SLUŽI - vo smisol - treba da si ja vrši taa rabota, za koja bil postaven na rabotno mesto, i za koja DOBIVA PLATA sekoj mesec!!! Vo MK službenik sé ušte e "bog i ¨batina". Katastrofa. Pekar peče leb i za toa e platen. ¨Toj lebot konkretno se gleda. Iako službenik raboti so papiri i so kompjuter a taa rabota navidum nee vidliva, i toa e rabota - i mnogu važna rabota - a treba da se vrši, a ne lugevo da si igraat majtap so narodot. Pozdrav

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
„Браќа Манаки“ во полн сЈаЈ без киносала
Македонско-бугарски историски контроверзии (14)
Чуден Клип осамна на „Јутјуб“
Се претвора во својата мајка
Министри во поход
„Скендер-бег“ - единствен адут на ДУИ
Здравството е во кома
Нова гробница со 396 тела во БиХ
Пропаднати два брака поради лош секс
Обама и во Словенија
Искушенијата на косовските избори
Татарчев ја раскара десницата
Умре најпознатиот светски октопод
Каде се парите?
Одложено судењето за бродот „Илинден“
Зуица Лазова и ќерка и' доживеаја сообраќајка
Унгарски бизнисмен ни дојдоа на гости
Колерата стигна и во Пакистан
Србите сакаат хрватски ентитет во БиХ
Вештачи секој што ќе стигне






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax