Умре најпознатиот светски октопод
(26.10.2010г.-13:14ч.) Славниот октопод Пол, кој изминатото лето ги погоди победниците на фудбалските натпревари од СП во фудбал што се одржа во Јужна Африка, почина вчеравечер во својот аквариум во германски Оберхаузен.
"Изминатите денови Пол веќе не беше толку активен, јадеше помалку, па претпоставиме дека нема да живее уште долго", велат луѓето што се грижеа за октоподот, кој набргу требаше да наполни три години
|