Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Фељтон

Македонско-бугарски историски контроверзии (14)

Круната на охридските патријарси во Софија

Бугарската војска за време на Првата светска војна од охридските цркви ги однела највредните експонати

Виктор Цветаноски


Круната на охридските патријарси, вредна повеќе од 15 милиони евра, денес ги краси витрините на Националниот историски музеј на Софија. Таа е само една од многуте скапоцени реликвии што бугарските војски за време на неколкуте војни ги опљачкале од територијата на Македонија, пред се', од Охрид.

Бугарската јавност своевремено можеше да ја слушне верзијата на Националната телевизија како било извршено, како што беше речено, „спасувањето на скапоцените бугарски реликвии од најбугарскиот град“ и нивното пренесување во Бугарија. Гледачите имаа можност да видат како натоварена селска кола за време на Првата светска војна го напушта Охрид и заминува кон исток. Приказната што беше соопштена за тоа како била донесена одлуката ова исклучително вредно македонско историско и културно богатство да се најде во Софија беше толку наивна, што ретко кој можеше да поверува во неа.

Според авторите на документарната емисијата, идејата се родила во главата на обичен војник, без за тоа да знаат и да дадат наредба неговите претпоставени ниту, пак, некој од тогашната бугарска влада. Наводно, војникот, кој бил дежурен во Генералштабот на армијата во Софија, штом слушнал дека бугарската војска е поразена и се повлекува од македонските простори, во име на штабот, испратил наредба до единиците во Охрид да ги земат со себе сите скапоцени реликвии од охридските цркви.

И така многу вредни експонати, кои сведочат за минатото на древниот македонски град, се нашле во Бугарија. Меѓутоа, приказната не завршува само на тоа. Подоцна на војникот му било исценирано судење, зашто издал наредба во име на неговите претпоставени. Но, поради големиот патриотизам што го покажал во најтешките времиња на Бугарија бил казнет само условно.

Експонатите што биле опљачкани од охридските цркви и од други места во Македонија повеќе десетици години стоеле скриени од очите на јавноста, најверојатно, заклучено во музеите. За вистинската вредност на скапоцените реликвии, посебно на круната на охридските патријарси, наводно, се дознало на необичен начин. Таа приказна лично ни ја раскажа најекспонираниот анти Македонец, актуелниот министер за дијаспората на бугарската влада, Божидар Димитров, тогаш директор на Бугарскиот историски национален музеј.

Според неговата верзија, круната повеќе години била спакувана и неисчистена, заедно со други вредни предмети. Пред да ја изложат во Националниот музеј решиле да ја исчистат. Кустосот ја ставил во една торба и со трамвај ја однел кај некој златар. По неколку дена златарот се јавил кај директорот на музејот, при што инсистирал лично тој да дојде кај него со автомобил и полиција. Кога Димитров стасал таму му ја соопштил вистинската вредност на охридската круна. Имено, под слојот од прав натрупуван со децении, златарот открил скапоцени камења. Според неговите процени, само нивната вредност изнесувала околу 30 милиони тогашни германски марки, плус вредноста на златото и на другите метали. Круната е изработена во Венеција, од злато, сребро, скапоцени камења и разнобоен емајл кон крајот на 17 век. Украсена е со вкупно 350 скапоцени камења.

Во музејот до круната беше изложен и опков на евангелие од Охрид, користено од охридските патријарси и епископи. Тоа е изработено во 14 век, од сребро и емајл и е позлатено. Во музејот се наоѓа и покривка од Охрид, од крајот на 13 или од почетокот на 14 век. Таа му била подарена на охридскиот архиепископ од императорот Андроник Втори Палеолог (1282-1328 година). Покрај неа има и друга покривка од 1224 година, исто така, од Охрид. Таа е подарок од императорот Теодор Комнин (1215-1230) и неговата жена Марија на охридскиот архиепископ Димитар Хаматијан (1215-1236). Подарокот бил по повод крунисувањето на византискиот император во охридскиот катедрален храм „Света Софија“, во 1224 година.

Посетителите на музејот ќе ја забележат и вратата на црквата „Свети Никола“ од Охрид. Таа е дрворез од 14 век. Делови од неа се изработени во 13 век. Бугарските стручњаци ја класифицираат како најран споменик на резбарската уметност во „бугарските земји“. Меѓу експонатите се наоѓа и иконата „12 празника“, исто така, од Охрид, од периодот на 14-15 век и други вредни предмети донесени од Македонија. По повеќе од половина век софијанци прв пат можеа да ги видат и златната маска и ракавица, ископана во Требениште. Тогаш во оваа некропола биле ископани околу 150 разни предмети.

Пишувањето на македонскиот печат за тоа како бугарските војски ги ограбиле скапоцените историски и културни реликвии од македонското минато за време на Првата светска војна, во Софија предизвика големи реакции. Бугарската национална телевизија соопшти дека тие биле донесени во Бугарија, бидејќи кон крајот на Првата светска војна сакале да ги спасат од Грците и од Србите, кои „бугарските историски споменици“ ги пренесувале во Атина и во Белград. Како што беше соопштено, 400-те реликвии донесени од македонските простори биле прогласени за неспорна бугарска сопственост, во согласност со постојните меѓународни акти.

Реакции имаше дури и од самиот државен врв. „Нема никакво сомнение дека во последните десетлетија македонските граѓани беа ограбувани и немаа достапност до своето културно богатство. Но, тие не беа ограбувани од Бугарија, туку од криминалните југокомунистички раководители“, изјави во таа пригода тогашниот потпретседател на Бугарија, Тодор Кавалџиев, подвлекувајќ�� дека тие треба да ги чуваат „спасените реликвии не од граѓаните на Македонија, туку за нив“.

Министерството за култура на Бугарија повика на цивилизиран дијалог за скапоцените реликвии од културното и од историското наследство на Македонија што требало да ги обединува, а не да ги раздвојува народите. Бугарските историчари сметаат дека Македонија во почетокот на векот не била суверена држава и, според тоа, немала правна основа да ја обвинува Бугарија за грабеж. Истовремено, Божидар Димитров признава дека во бугарските музеи, архиви и библиотеки имало илјади споменици од територијата на Повардарјето, а некои од нив биле многу постари и многу повредни од охридските реликвии.

Во Софија своевремено значително се расправаше за еден вреден крст од црквата „Св. Климент“, поврзан со еден настан од 1944 година кога, според пишувањето на весниците, биле спасени бугарски војници заробени од Германците по капитулацијата на Бугарија. Во средината на октомври 1944 година преку Македонија од Грција се повлекувала една германска дивизија низ Охрид и во еден од камионите држела заробени 26 бугарски војници. Кога Германците стасале кај охридскиот чинар, војниците избегале и се скриле во градот. Тогаш германскиот командант ги викнал првите луѓе на градот, поставени во време на бугарската окупација, и побарал да му ги предадат избеганите бугарски војници. Откако му кажале дека не ќе можат да го направат тоа затоа што не знаеле каде се, тој наредил топовите да се свртат кон градот, поставувајќи им на охриѓани ултиматум - или да ги вратат во рок од 24 часа или да соберат 12 килограми злато. Се заканил дека во спротивно ќе го разурне градот.

Како што пренесоа бугарските весници, охриѓани решиле да го исполнат вториот услов. Меѓутоа, собрале само 11 килограми злато, а кога кметот Илија Коцарев, инаку бивш бугарски офицер, видел дека тоа не е доволно, го извадил од раката прстенот со дијамант и го ставил врз купчето златни предмети, но и тоа не било доволно. Тогаш го донеле крстот од црквата „Св. Климент“. Наводно, кога го видел тоа германскиот командант го бакнал крстот, го ставил на рака прстенот на Коцарев, а златото им го вратил на охриѓани.

Д-р Зоран Тодоровски своевремено изјави дека постои документ од кој може да се види дека бугарската војска за време на Првата светска војна зела повеќе од 20 скапоцени реликвии од охридските цркви, а на списокот се наоѓал и крст. Дали станува збор за истиот крст на црквата „Св. Климент“ со кој е поврзана приказната за спасување на бугарските војници за време на Втората светска војна или, пак, за некој друг крст, никој со сигурност ништо не знае, освен оние што го однеле од Охрид.


#
Статијата е прочитана 2628 пати.

Испрати коментар

Од: a_nestoa
Датум: 26.10.2010 13:54:15
Неможам да се изначудам на вашата неукост и тврдоглавост . Како може поинаку да се нарекуваме од тоа што се нарекувале , „ВНИМАВАЈТЕ“ нашите најголеми револуционери, Гоце, Ѓорче, Јане, Александров. Јас на сите ви предлагам да ги разгледатае Мемоарите на Гоце, на Ѓорче, на Матов, на Даме и на други видни револуционери, е тогаш поинаку ќе коментирате. Сега с�� коментирте по пустина и по својота глупава тврдоглавост, тогаш ќе ги обесите глупите глави и ќе сфатите еднаш засекогаш дека некој ве лажел со години.
Од: Кавадарци
Датум: 26.10.2010 13:55:47
Бугарските војници немилосрдно краделе се и сешто. Во 1944 г. еден бугарски војник повлекувајки се од Тиквешијата сосебе однел во ранецот дури и една наковална. Онаа иста која ковачите ковеле разни алатки. Сирима и беден Бугаин. Им останало во крвта. Таа тешка наковална влечејки ја на грбот, во ранецот, македонските партизани му ја одзеле кај Крива Паланка. Направиле грешка. Требале да му стават уште една во ранецот и да ги носи до Софија.
Од: СИТЕ КРАДЕВТЕ И БЕВТЕ ПОМАЛИ
Датум: 26.10.2010 15:12:19
Сите вие три балкански мали кралдтва шовинистички творби зло и сторивте како напиша Чуповски на поголемата од вас и по територија и по население Македонија. А тоа зло го расветли покрај други книги ама како целина во Македонскиот јазол книга од Ханс Лотар. Тој објаснува со документи како кралска Европа сковала план за делба на интересни сфери и кајко е извршен тој гнасен чин а Македонија дека припаѓа само на Македонците. Заради тој злостор е и проблемот за името. Како и за јазикот со Бугарите како и за црква со Србите. Се со иста цел непостолел македонски народ.
Од: Cija bila
Датум: 26.10.2010 15:31:58
Zanaci vo 13-tiot vek Ohritskata arhiepiskopija bila pod Vizantiska jurisdikcija i bila vizantiska, koga imaperatorot Teodor Komnen se krunisuval tamu. I ajde neka se navedat po ime i kronoloski koi bile arhiepiskomi na Ohrdiskata arhiepiskopija , ,od koja nacionalnost i na koj jazik se vrsela bogosluzbata vo izminatite vekovi. I dosta vece so ovie preklapanja i psisvojuvanja istoriski nastani od minatotoMakedonska drzava i makedonska nacija togas voopsto ne postoela( sem vo iluziite i sonistata na Pasko Kuzman)
Од: miki
Датум: 26.10.2010 17:57:42
Na mene ne mi e jasno, zosto tolku prepukuvanja okolu toa koj e i sto e, po moe ne treba mnogu da ne tangira sto i kako na negatorite okolu nas im fali. Se dodeka ne pogadja nivnata negatorska politika do tolku povece tie ce se kocoperat i ce ni dosaduvaat i precat. Naravno treba da si imame svoe minato no mnogu povece treba da sme koncetrirani na idninata i da si go najdeme svoeto mesto sto neosporno ni pripadja. Nie sme mala zemja i treba da si igrame taa politika kade sto pobrgu ce stigneme do nasata zapisana cel, inaku nema sila na svetot sto bi mozela da ni go odzeme ona sto go imame od prviot den otkako sme otvorile oci. Jas niti sum niti nekogas mozam da bidam-grk,bugarin,srbin ili albanec roden i do posledno zdivce vozduh sto ce go zemam kaj i da e vo svetot ce ostanam samo MAKEDONEC.
Од: pameten
Датум: 26.10.2010 18:07:54
тие не беа ограбувани од Бугарија, туку од криминалните југокомунистички раководители“. Mnogu Bugari mislea deka voznemireni od lagite i falsifikatite Makedoncite masovno kje se vratat kon Bugarskiot identitet. Ovo e iluzija poshto komunistite NE go sozdale Makedonskiot identitet. Toj se sozdal od posebnata Makedonska sudbina po Berlinskiot kongres, Ilinden, Balkanskite vojni, PSV i kulminiral koga po euforijata na 1941 nashite bile razochareni. Iako da ne go sozdale, komunistite brutalno go koristea Makedonskiot identitet i ushte go koristat za legitimacija na svojata vlast. No najlosho e deka go povrzuvat so lagi, falsifikati i nevistini. Ako ne najdeme modus vivendi na Makedonskiot identitet so Bugarskite koreni nema da staneme masovno Bugari, no teshko kje se podelime.
Од: karokan "gambit"
Датум: 26.10.2010 19:31:44
Imam problem vo samoopredeluvanjeto.Spord site tie pisanija i novinarski i komentatorski te ednas se samoopredeluvam kako makedonec,te ednas kako srbin,te ednas kako bugarin,te ednas kako grk (moze duri sum i predavnik,koj ce go znae). Bidejki sum hristijanin po vera i se nadevam na pomos od "prijatelite",eve se obracam od a-nestoa da mi pomogne okolu toj problem!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! -Letovo,dodeka sosedite bea na niva od nivnata kuca go odnesov TV-aparatot (ubav,plazma), laptop,muz. sistem i nekolku zoltici.Da ne recete za nekoja moja korist.Ama ne tuku da gi zastitam od ograbucvanje od kradci.Sega sosedite znaat deka se kaj mene,ama jas gi cuvam za moe i nivno dobro-. Dovolni li se ovie parametri za da mi pomognes vo opredeluvanjeto na identitetot g-din-a-nestoa??????????????????????????????????
Од: барбарон
Датум: 26.10.2010 20:39:24
Во музејот се наоѓа и покривка од Охрид, од крајот на 13 или од почетокот на 14 век. Таа му била подарена на охридскиот архиепископ од императорот Андроник Втори Палеолог (1282-1328 година). А НА ОВА ПОКРИВКА ШТО ПИШЕ ?????????? или мислите дека сите читатели се неписмени
Од: sovremenik na okupacijata
Датум: 26.10.2010 21:17:04
Se sekavam na bugarskite zarobeni vojmici 1944 gzatoa sto i tatko mi bese zaloznik vo starata opstina denes prodavnica kaj cinarot.Bugarite bea slobodni bez cuvari a germanskata vojska rasturena po gradot i bugarite ednostavno pobegnaan niz poleto. Go dadovme seto zlato sto go imavme i nakraj popot go donese zlatniot krst od sv,Kliment koj go potrese komandantot i napravi presvret.narodot veruvasee deka patronot sv.Kliment go spasi Ohrid
Од: misla
Датум: 27.10.2010 01:13:45
Бугарските историчари сметаат дека Македонија во почетокот на векот не била суверена држава и, според тоа, немала правна основа да ја обвинува Бугарија за грабеж. Mkd bila vo sostav na druga suverena drzava koja posle 1944 i pokasno posle 1991 pravno ja nasledila kako suverena drzava teritorijata i granicite na taa drzava koja se vikala Jugoslavija. Od tuka Mkd ima pravo preku medjunarodnite institucii da gi bara ovie relikvii nazad, ama koj ke go pobara toa, dali ima volja?

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
„Браќа Манаки“ во полн сЈаЈ без киносала
Чуден Клип осамна на „Јутјуб“
Се претвора во својата мајка
Министри во поход
„Скендер-бег“ - единствен адут на ДУИ
Здравството е во кома
Нова гробница со 396 тела во БиХ
Пропаднати два брака поради лош секс
Обама и во Словенија
Искушенијата на косовските избори
Татарчев ја раскара десницата
Умре најпознатиот светски октопод
Каде се парите?
Одложено судењето за бродот „Илинден“
Зуица Лазова и ќерка и' доживеаја сообраќајка
Унгарски бизнисмен ни дојдоа на гости
Колерата стигна и во Пакистан
Србите сакаат хрватски ентитет во БиХ
Проработеа клештите за неплаќачите на струја
Вештачи секој што ќе стигне






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU