Брoj 2703  среда, 04 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Култура

Во „Матица“ читателите избираат хит на летото

Клубот „Матица“ и годинава во рамките на акцијата „Со книга на плажа“ на читателите им овозможува сами да го изберат хитот на летото. На членовите на овој клуб им се нудат шеесеттина нови наслови излезени во периодот мај-јуни, а како што не информираа од „Матица“, изборот е поделен на два дела. Во првиот дел, по десетдневно гласање, читателите одлучија во најтесен круг да влезат книгите: „Ќерката на чуварот на спомените“ од Ким Едвардс, „Кралска крв“ од Харолд Робинс, најновото остварување на Тони Парсонс „Мојата омилена сопруга“, неверојатно волшебната приказна „Белата масаи“ и книгата што е во најтесниот круг за избор на Букеровата награда за 2009 година, „Дрво на ангелите“ од Пени Самнер.

Конечните резултати ќе бидат познати на 11 јуни кога читателите ќе го изберат хитот на летото. Како што велат во „Матица“, „сево ова е само увертира и почеток на веќе традиционалната кампања „Со книга на плажа“, која по осми пат ќе се одржи во периодот од 20 јуни до 20 август.“ (Н.П.)


Статијата е прочитана 151 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Форум за идентитетот на Скопје
Во Кинотека „Јас сум од Титов Велес“ и циклус на Бергман
МАНУ го заштити литературното наследство на Петре М. Андреевски
Мултимедијален спектакл на плоштадот „Македонија“
Почина пионерот на рокенролот Бо Дидли
Шекспировата „Многу врева за ништо“ премиерно во Битола
Стереотипот и другите лица на Балканот