Брoj 2703  среда, 04 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Култура

Шекспировата „Многу врева за ништо“ премиерно во Битола

Режисерот Красимир Спасов ја дефинира претставата како игра-травестија

БИТОЛА - „Многу врева за ништо“ од Шекспир е втората претстава на Битолскиот театар за оваа сезона, која премиерно ќе биде изведена утре во 20 часот. Оваа пиеса, прв пат на сцена на еден македонски театар, ја поставува бугарскиот режисер Красимир Спасов.

За режисерот, во оваа драма на Шекспир не може да се дефинира жанрот, таа истовремено е и меланхолична и драматична комедија и апсурдна и скептична драма. „Оваа игра е полна со пресврти, со смена на жанрови, таа е игра-травестија. Шекспир ваквите дела едноставно ги нарекува приказни“, вели Спасов.

Претставата „Многу врева за ништо“ раскажува една случка во која и покрај сите предуслови да се случи љубов, сепак до тоа не доаѓа. „Ме плаши тоа што Шекспир одамна го тврдел, дека таа релација помеѓу луѓето што се нарекува љубов, која е всушност и најпродуктивната врска поради која и постоиме, се повеќе предизвикува проблеми. Започнува да предизвикува неразрешливи прашања. Најприсутното љубовно чувство кај човекот, љубовната игра, се повеќе се приближува кон она што егзистенционалистите го нарекуваат апсурдност на човечкото суштество. Од ова произлегува и прашањето која е смислата ако љубовта се појавува како некоја игра, оган кој блеснува и брзо згаснува“, истакна режисерот Спасов на вчерашната прес-конференција во Битола.

Бо оваа нова престава на Битолскиот театар играат: Петар Горко, Душко Јовановиќ, Огнен Дранговски, Иван Јерчиќ, Борис Чоревски, а вклучена е и младата актерска екипа на театарот што според режисерот Спасов е објективно барање кое го наметнува самата Шекспирова игра. Музиката, сценографијата и костимите ги подготвија гостите од Бугарија, Стефан Валдобрев и Радина Близнакова.

Бугарскиот филмски и театарски режисер Красимир Спасов на сцената на Битолскиот театар режирал уште три претстави: „Васа Железнова“, „Стаклена менажерија“ и „Развратникот“. Во својата кариера поставил над 120 тетарски претстави, режирал два играни и еден документарен филм. (А.Б.)


Статијата е прочитана 113 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Форум за идентитетот на Скопје
Во „Матица“ читателите избираат хит на летото
Во Кинотека „Јас сум од Титов Велес“ и циклус на Бергман
МАНУ го заштити литературното наследство на Петре М. Андреевски
Мултимедијален спектакл на плоштадот „Македонија“
Почина пионерот на рокенролот Бо Дидли
Стереотипот и другите лица на Балканот