Број 3126  среда, 04 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Скопје

Скопските булевари со асфалт стар над 30 години

За обнова на асфалтот само на „Партизанска“ во двата правца се потребни околу 1,5 милиони евра

Сања Наумовска

Асфалтот на булеварот „Партизански одреди“ е стар повеќе од 30 години, а ништо подобар не е ниту на „Јане Сандански“, „Климент Охридски“ или на „Илинденска“. Скопските улици само се крпат, но одамна немало зафат за целосна реконструкција на некоја сообраќајница.

Во подобра кондиција се единствено улиците кои се изградени во последниве години, или пак, оние во чија близина има нов инфраструктурен објект. Така, покрај клучката „Континентал“ минатата година подновување на асфалтот искористија булеварите „Александар Македонски“ и „Гоце Делчев“, како и улицата „Беласица“, а поради изградбата на детелинката „Бит пазар“ се обнови и дел од булеварот „Крсте Мисирков“. И толку.

Во Скопје има големи температурни разлики меѓу летото и зимата, што директно влијае врз асфалтот и врз неговата долговечност, коментираат експертите. Речиси за сите наши раскрсници се карактеристични „фалтите“ во асфалтот предизвикани од кочење и стартување, особено на тешки возила. Во зима, пак, употребата на солта го нагризува асфалтот, па многу лесно се создаваат ударни дупки. Температурите се скопска реалност од која нема бегање, велат стручњаците, и затоа е неопходно одвреме-навреме стариот асфалт да се замени со нов. Која улица ќе добие приоритет, е прашање на проценка, која особено зависи од важноста на сообраќајницата, поточно од нејзината дневна оптовареност со возила.

Дотогаш, на најголемиот дел од улиците и понатаму се вози по стариот, најчесто закрпен асфалт.

Најави за обновување засега нема, а причината е добро позната, на Градот му недостасуваат финансии. Со нацрт-буџетот за следната година се предвидува ставка за поголеми реконструктивни зафати на булеварските сообраќајници во надлежност на Градот. Кои булевари и во колкав обем ќе се реконструираат, ќе се знае по усвојувањето на буџетот, врз основа на кој ќе се направи програма, велат во Градот.

Таму признаваат дека во борбата за подобрување на сообраќајната инфраструктура, предност пред реконструкциите најчесто добива изградбата на нови сообраќајници. Според пресметките, само еден должен километар обнова на булевар чини околу 100.000 евра. Познавачите на проблематиката пресметале дека за 7 километри во два правца на „Партизанска“, на пример, само за гребење на стариот и за поставување нов асфалт со дебелина од 5 сантиметри, ќе треба да се инвестираат околу 1,5 милиони евра. Од друга страна, пак, „Партизанска“ не е единствениот булевар на кој му треба итно подновување. Решението, експертите го гледаат во парцијалната обнова на делови од сообраќајниците, посебно оние што се најоштетени, како раскрсниците. Со тоа се намалуваат трошоците, а булеварите се одржуваат во солидна кондиција.

Градот, пак, во меѓувреме најавува само зголемен бр��ј акции за крпење дупки. „Според програмата, ’Улици и патишта’ ќе вршат редовно крпење на ударни дупки. Градот за таа намена обезбеди и 150 тони ладна асфалтна маса за зимскиот период“, информираат од Градот.


#
Статијата е прочитана 579 пати.

Испрати коментар

Од: Sk 63
Датум: 04.11.2009 10:56:41
So godini na red se zboruva za skopskite soobrakajnici deka so vo katastrofalna sostojba no nikoj od nadleznite dosega ne mrdnal so maliot prst.Vo Skopje ne postoi ulica normalno asfaltirana.Site se prekopani,,krpeni pa povtorno prekopani pa povtorno krpeni bidejki vladee bezzakonie.Sekoj na koj ke mu tekne moze da iskopa ili prekopa bilo koja soobrakajnica vo Skopje bez dozvola a za toa da ne snosi nikakvi sankcii.Tocno e deka ulicite odamna ne se rekonstruirani no najgolema steta pravat tokmu gragjanite i privatni i drzavni firmi so svoeto neodgovorno odnesuvanje koe ne sankcionirano od nadleznite sluzbi.A sto se odnesuva do lokalnata vlast za nea ne vredi da se trosat zborovi,dosega se smenija koj znae kolku gradonacalnici no nikakvo fajde od toa dojdoa i si zaminaa i ostavija uste polosa sostojba od taa pred da sednat vo gradonacalnickata fotelja!

Најди! во Утрински
Скопје
Зимската служба подготвена за првиот снег
Општина Карпош го прослави 33. роденден
Одбележани 33 години постоење
Водоводни приклучоци за селата