Број 3268  вторник, 27 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Сашо Димиќ руинирал општински објект

„Поранешниот градоначалник Сашо Димиќ речиси го уништил објектот што му е даден на користење без надомест од Општината“, обвини вчера градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски. Се работи за објект во кој била сместена игротеката „Хани“, од која по раскинувањето на договорот со Димиќ, недостасуваат речиси сите делови од ентериерот.

„Крајно сме револтирани од вандалското однесување на поранешниот в.д. градоначалникот на Карпош, Саша Димиќ, со имотот кој му е даден на користење од страна на Општината“, истакна Јакимовски, кој посочи дека од општинскиот објект недостасуваат цел ламинат, севкупната санитарна галантерија, фрижидер и кафемат, како и сите детски реквизити, внатре и во дворот.

„Деловниот простор уште при крајот на 2007 година му е доделен на тогашниот советник во Општината, Димиќ, на користење без надоместок за закупнина. Тој за возврат требало да го опреми просторот и да го адаптира. Тоа било сторено од страна на некоја фирма, но откако неодамна му бил раскинат договорот на Димиќ, деловниот објект е видно руиниран и речиси уништен“, објасни Јакимовски, кој најави запознавање со случајот на Антикорупциската комисија, бидејќи смета дека имало конфликт на интереси кога Димиќ го зел објектот на користење. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 896 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 27.04.2010 00:41:14
Saso Dimic samo sakal da vi pokaze vo kakva situacija ke ja ostavat MAKEDONIJA otkako ke si zaminat od Vlast. Bidete mu blagodarni sto ve predupredil.

Најди! во Утрински
Скопје
Чаир нема да ја стопира Араста-џамијата
Таксистите бараат стојалишта без диви превозници
Ќе се плаќа воден надомест