Ќе се плаќа воден надомест
Советот на Општина Гази Баба донесе одлука за преземање на обврските од водокорисниците за плаќање воден надомест на „Водостопанство Скопско Поле“. Надоместокот се однесува за одводнување на 2.175 хектари површина, од кои 1.371 хектари се во сопственост на индивидуалните физички лица. Вкупниот надомест што треба Општината да му исплати надомест на „Водостопанство Скопско Поле“ е околу 3,3 милиони денари. Преземената обврска за плаќање, се однесува само за 2010 година.
Средствата од надоместокот ќе бидат искористени за редовно чистење на каналската мрежа во Општина Гази Баба за да се спречат евентуални поплави. (Мр.Т.) |