|
|
Од маркет украдени 13.500 денари
Околу 13.500 денари биле украдени при разбојништво во маркет на улицата „Милан Марковиќ“ во Скопје. Според МВР, грабежот се случил завчера околу 17 часот кога непознат маж влегол во маркетот и побарал да купи една кутија цигари. На вработената и' дал 100 денари, но кога таа ја отворила касата за да му врати кусур, разбојникот се доближил до неа, извадил нож и и' го ставил под вратот, заканувајќи се дека ќе ја убие. И покрај отпорот што го дала вработената, разбојникот ги собрал парите и побегнал. По него се трага. (Г.А.) |
#
|
Статијата е прочитана 608 пати.
|
|
|
|
|
|
|