Број 3641  среда, 27 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Хроника

Затворениците ќе барале милост наесен

И во МВР будно следат што се случува во најголемиот затвор во земјава

Затворениците од „Идризово“ го променија планот. Место до Илинден, рокот што им го дадоа на надлежните за исполнување на нивните барања за целосна или делумна амнестија, ќе го продолжеле во септември. Нашите извори од најголемиот затвор во земјава тврдат дека ситуацијата е мирна, односно дека целосно се повлечени најавите за бунт во случај на негативен одговор. Наводно, затворениците се одлучиле на ваков чекор, оставајќи поголем простор за да издејствуваат барем некакви отстапки, имајќи предвид дека и самите биле свесни оти барањата за намалување на доживотните казни на 20 години, односно целосно ослободување на останатите осуденици не се реални.

Како ќе се одвива��т настаните, будно следат и во Министерството за внатрешни работи, од каде што постојано се во контакт со Управата за извршување санкции.

„Доколку добиеме барање за каква било интервенција од причини што би биле наведени во барањето, ќе постапиме“, истакна вчера министерката Гордана Јанкулоска.

Како што објавивме, духовите во „Идризово“ се вознемирија минатата недела кога станарите во затворот им дадоа рок на надлежните од две недели да ги исполнат нивните барања, повикувајќи се на неодамнешната амнестија на обвинетите во четирите „хашки случаи“. Помилувањата требаше да се случат до 2. август, односно до Илинден. Доколку не биде по нивно, осудениците најавуваа различни мерки на протест, па дури и бунт. Набргу, сите вработени во затворот, пред се', од чуварската служба, кои беа на годишен одмор, итно беа вратени на работа. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 407 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Хроника
Црн понеделник на градилиштата
Нелегалното оружје ќе се лови со нова опрема
Загинал спасувајќи добиток од пожар
Дрвокрадци нападнале шумски полицајци
Од маркет украдени 13.500 денари

"""