Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Свет

Ајша доби нов нос и... живот

На авганистанската девојка и' беа отсечени носот и ушите по наредба на талибански командант

На авганистанската девојка која беше на контроверзната насловна страница на списанието „Тајм“ во САД и' е даден нов протетичен нос. Ајша изјави за „Тајм“ дека и' биле отсечени ушите и носот, со одобрување на талибански командант, од страна на нејзиниот сопруг, кој ја малтретирал како казна поради тоа што побегнала. Насловната страница предизвика дебата поради насловот „Што ќе се случи ако го напуштиме Авганистан“ и поради употребата на фотографијата. Операцијата врз неа беше изведена во Калифорн��ја.

Фондацијата „Гросман Берн“, која ја изведе работата, води кампања околу проблемот со насилство врз жените, но и извршува бесплатни пластични операции. Хирургот од фондацијата, Питер Гросман, ја изврши реконструктивната операција. Ајша во почетокот од оваа недела во голема мера беше фотографирана и снимана како ја добива наградата „Истрајно срце“, на добротворната церемонија организирана од фондацијата. Неа и' беше доделена наградата од првата дама на Калифорнија, Марија Шривен, сопругата на гувернерот Арнолд Шварценегер. „Ова е прва награда што и' се доделува на жена чие срце истраја и која ни покажа на сите нас што значи да се има љубов и да се биде истрајно срце“, изјави Шривер. Ајша, чие презиме не се открива, одговори: „Многу ви благодарам“.

Осумнаесетгодишната девојка, најверојатно, била дадена од нејзиното семејство уште во детството како „долг во крв“ и потоа била омажена за талибански борец. Неговото семејство ја малтретирало и таа побегнала, но повторно била фатена и осакатена од сопругот. Случајот на Ајша беше употребен на Запад за да се илустрира стравот од тоа што ќе се случи ако американските, британските и другите меѓународни сили засекогаш ја напуштаат земјата. Некои критичари се посомневаа во стилот на покривањето на настанот од страна на „Тајм“, наведувајќи дека користел емотивна уцена и полова нееднаквост за да се оправда континуираната американска инволвираност во Авганистан. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 1610 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Чиле слави за спасените
Ахмадинеџад од Либан го нервира Израел
Индонезијците не го разбираат антимуслиманскиот Холанѓанин
Демонстранти удрија и на Акропол






Macedonia's fences do not make good neighbours
Croatia heading for possible early elections
Commission expected to give green light to Montenegro EU candidacy