Демонстранти удрија и на Акропол
Атина - Древниот Акропол, најпопуларната туристичка дестинација во Атина, вчера, втор ден, беше затворен за туристички посети поради штрајкот на вработените, кои протестираат затоа што со Министерството за култура се' уште не е постигнат договор за продолжување на работните договори, а на поголем број привремено вработени веќе 22 месеца не им се исплатени плати, пренесуваат грчките медиуми.
Штрајкувачите се заклучија зад вратите на древниот објект и одбија да ги отворат за посетители. Полицијата за борба со безредијата успеа да навлезе во објектот преку страничен влез.
Стотици тур��сти, кои се надеваа дека ќе ја посетат древната тврдина, беа вратени од вратите на Акропол.
За време на вчерашниот протест имаше инциденти меѓу полицијата и вработените, на што полициските сили употребија и солзавец. Уапсен е еден од штрајкувачите. (МИА) |