Број 3435  четврток, 18 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Анализа
Вести








Site Meter
Економија

ММФ уште се нуди, ние уште се думаме

Последниот збор околу прифаќањето на понудата на Фондот ќе го дадат консултациите во претстојниот период

Александрија Стевковска

Наместо Владата да одлучи дали ќе ја прифати отворената претпазлива кредитна линија, која ни ја нуди Меѓународниот монетарен фонд, таа одговорноста за оваа одлука ја префрла во Собранието.

Вчера, во завршната оцена на мисијата на ММФ по двонеделната посета на земјава, шефот на мисијата, Вес Мекгру, појасни дека тој разговарал со македонските власти за можноста на вакво зајмување, но оти македонската Влада се' уште размислува дали да ги земе тие пари или не.

„Разговорите што ги водевме се добри, но останува на Владата таа да одлучи дали ќе ги искористи тие пари или не“, објасни Мекгру.

За министерот за финансии, Зоран Ставрески, последниот збор околу прифаќањето на понудата на Фондот ќе го дадат консултациите што ќе бидат направени во претстојниот период.

„Владата во следниот период ќе го заврши процесот на консултации во Собранието, во рамките на буџетскиот процес што е во тек, при што сите ќе бидат запознаени со суштината на оваа кредитна линија. Доколку понудата се оцени како позитивна, Владата ќе донесе таква одлука по што ќе го известиме Фондот“, објасни Ставрески.

Според Мекгру, претпазливата кредитна линија е инструмент од големо значење затоа што дава сигурност во справувањето со неизвесности и дава сигурност дека може да се реализираат буџетот и буџетската политика.

„Со ваквото обезбедување и со довербата во економските политики ќе се придонесе за намалување на трошоците и за зголемување на можноста на земјата да го финансира дефицитот“, истакна шефот на мисијата на ММФ за Македонија, кој посочи дека средствата може да се користат за различни намени, како што ќе одлучи Владата. „Се одобрува на две години, а се прави преглед на шест месеци, бидејќи е претпазлив, за да се види дали се исполнети стандардите во однос на политиките на земјата и дали економските политики што ги спроведува земјата соодветствуваат на моментната состојба, па во зависност од прегледот, кредитот се обновува“, додаде Мекгру и појасни дека овој кредит има различни услови од стенд-бај аранжман.

Во однос на другите снимања на економската состојба, мисијата на ММФ дошла до заклучок дека монетарната политика нема простор за натамошно релаксирање.

Мисијата смета дека Народна банка значително ја намалила својата каматна стапка во текот на изминатата година на 4,5 проценти и оти тоа е соодветен одговор на олабавувањето на надворешните притисоци врз финансирањето во контекст на слаб растеж и ниска инфлација. Еден од ограничувачките фактори за натамошно релаксирање, според Фондот, е тоа што разликата меѓу каматните стапки на НБРМ и Европската централна банка се намали и кога таа премногу би се намалила, тоа би довело до замена на денарските средства на македонските граѓани за девизи што, пак, би создало притисок врз девизните резерви.

„Сепак, за разлика од ограничениот простор во делот на централната банка, деловните банки имаат простор да ги намалат каматните стапки“, нагласи и Мекгру.

ММФ е оптимист за економската состојба на земјата и очекува позабрзан раст наредната година, иако смета дека се' уште постојат ризици што се од надворешен карактер. Мекгру посочи дека фискалниот таргет за наредната година е соодветен, но, сепак, упатува на постоење повисоки надворешни ризици отколку вообичаено.

„Фискалниот таргет на дефицитот од 2,5 проценти од БДП за наредната година е соодветен во поглед на моментната состојба. Сепак, на среден рок дефицитот треба постепено да се намалува што ќе придонесе за зачувување на ниското ниво на јавен долг“, додаде Мекгру.

Тој оцени дека економскиот раст годинава е бавен, но се очекува наредната година да се забрза. „Негативните трендови што доведоа до рецесија во 2009 година се чини дека се намалуваат, извозот се зголемува, каматните стапки се намалуваат, депозитите се зголемуваат така што има солидна ликвидност на банките и сето ова придонесува за подобри резултати и зголемување на растот за наредната година“, додаде шефот на мисијата на ММФ за Македонија.

Мисијата очеку��а дека производството ќе расте нешто повеќе од еден отсто во 2010 година, дека инфлацијата ќе биде околу 1,5 проценти, а растот за наредната година меѓу три и 3,5 проценти. И натаму смета дека макроекономската и фискалната позиција е во добра состојба.


#
Статијата е прочитана 550 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 18.11.2010 12:50:34
MMF nudi so uslovi, i za toa se izjasnija jasno i glasno, a nie tvrdevme deka nas ni nudele bezuslovi. Normalno e deka sega se "dumaat". Kako i da e krajot se blizi.Pari definitivno nema. Sega e samo prasanje dali da tresneme na zemja od 100metri visina ili od 10metri. I vo dvata slucaevi rezultatot ke bide ist, samo od 10metri ima sansi da bideme "poubavi" mrtovci, a od 100metri, samo fleka, i tesko ke ne "identifikuvaat". Morbidno ,ama toa e toa.
Од: Kaj lezi zajakot?
Датум: 19.11.2010 00:31:04
MMF nudi " pretpazliva kreditna linija" cie trosenje ce bide pod kontrola i strogo namenski, sto ne mu odgovara na ovie nasi " portokalovi prerodbenici" nauceni bezdarnicki da trosat.Tie se spremni da zemat zaem i so kamata od 10% koj bi go trosele bez kontrola, iako ovaj zaem dava podobri uslovi i e so kamata 1%, ama pustoto e pod kontrola na MMF. nasive sakaat selo bez kucina i pole bez poljak . Ete tuka lezi zajakot

Најди! во Утрински
Економија
Странците не одат ни на суд за нашите матни тендери
Уставен е контра европската регулатива, обвинува Јанакиески
Познат македонски бренд - илузија
Записите целосно издишаа
 


Greece will fix dates for Balkan EU membership
Former prime minister denounces Romanian president
Balkan states welcome Nato's commitment to the region