Број 3435  четврток, 18 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Анализа
Вести








Site Meter
Економија

Уставен е контра европската регулатива, обвинува Јанакиески

„Уставен суд укинува членови од Законот за патен сообраќај, целосно усогласени со европската регулатива, кои доколку Македонија не ги почитува, може да се соочи со санкции, а на домашните превозници да не им биде дозволено да сообраќаат надвор од државата“, предупреди вчера министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Тој најави дека Министерството, и покрај одлуката на Уставен суд, нема да се откаже од примена на укинатите законски решенија.

Членовите кои судот ги оценува како неуставни предвидуваат превозник во патен сообраќај за да добие лиценца за превоз да мора да докаже со потврда дека ги платил даноците и придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување за вработените. Дел од членовите утврдуваат што претставува добар углед на транспортната компанија и лицето што го врши превозот и како се докажува, но и што претставува солидна финансиска состојба и на каков начин се докажува. Укинатите членови, укажа Јанакиески, се целосно усогласени со европската регулатива, одобрени од Европската комисија, и се применуваат во државите во ЕУ, а со одлуката на Уставниот суд Македонија се враќа неколку чекори назад во процесот на хармонизација на законите.

„Наша цел е целосно усогласување со европската регулатива и со измените на законот, кои веќе се подготвуваат во Министерството, ќе бидат вметнати истите одредби, бидејќи тие не се ниту новина ниту желба на Министерството, туку европски директиви кои мора да ги следиме“, рече министерот за транспорт.

Според образложението од Уставен суд, причина за укинувањето на некои членови е постоењето законски механизам за наплата на јавните давачки и придонеси. Поради тоа, неплаќањето на даноците и придонесите не може да се предвидува како посебен услов за вршење дејност, бидејќи со тоа се повредуваат други вредности на граѓанинот, како што е достапност на секое работно место на секого под еднакви услови, слободен избор на вработување или право на работа. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 451 пати.

Испрати коментар

Од: b
Датум: 18.11.2010 14:28:49
Што се може да се чуе за еден неук човек со прилепска наобразба. Незнае ни што е Уставен Суд. Уставен негледа европско или не европско. Тој суди дали е според уставот или не. Вакви изјави од министеро може да се дефинираат само како празни и популистички фраза од неук за неуки.
Од: Martin Boskoski
Датум: 18.11.2010 16:13:04
Sakav samo da odgovoram na predhodniot komentar na "b". Vasata navreda kon ministerot i toa sto vie go narekuvate NEUK PRILEPCANEC samo posocuva kolku vie neznaete. Dali imate slusnato za poimot na suprematija na evropskoto pravo nad nacionalnite normi tuka vklucuvajki go i Ustavot voedno i Ustavniot sud? Koja bi bila funkcijata na Evropskoto pravo ako Ustavot bi se protivel na regulativa i voedno bi bil posilen od istata? Ajde da vidam vasheto golemo znaejne do kade odi i kako ke odgovori na ova, dodavajki go faktot deka sme drzava so monoisticko diplomatsko glediste, ako voopsto znaete sto e toa.
Од: јас
Датум: 18.11.2010 17:27:59
До Martin Boskoski ..Јас не сум правник , но кажете ми , бидејќи вие „одлично “ го познавате правото ..Дали Уставот е ВРХОВНИОТ ЗАКОНОДАВЕН АКТ ВО НАШАТА ДРЖАВА ??? ДА !! Па што мајка бара тука Европското законодавство, кога ние ниту сме членка на ЕУ ниту Уставот ни е прилагоден на законите од ЕУ?!! А за тоа дали министерот е НЕУК ПРИЛЕПЧАНЕЦ , се гледа по законските решенија кои ги носи , а паѓаат како зрели круши пред Уставен суд ( како оној закон од некни за одземњето на првиатен посед, ако е дивоградба ) !!! Се срамам од ваков сограѓанин !!
Од: Kalimero
Датум: 18.11.2010 18:43:40
Daj be Mico donesite eden zakon koj nema da vi padne na ustaven. Pa dzabe li ste tolku uceni, neli bese Vas slogan znaenjeto e mok. Izgleda samo za na MTV imate mok. Pa ako ne znaete kako vi izgleda ustavot i kako treba da se donasat zakoni vo soglasnost so ustavot, ostavite na lugeto koj znajat. Nemojte da trcate samo po pres konferencii i deka za se nesto nekoj drug vi e kriv. Narodot ve plaka i toa debelo, a vie samo ja usloznuvate situacijata. Kolku zakoni ti padnaa samo na tebe na ustaven, koj na sekoj laik mu e poznato deka ne e ustavno samo na tebe i na tvojot pastir se nekoj drug im e vinoven. Prestanete smesni ste, sednite i rabotete ja rabota za koja narodot ve debelo plaka.
Од: Petre
Датум: 19.11.2010 09:41:43
istite raboti se i vo Hrvatska koja e na pragot na EU.. a so komunjarski ustav..pa prvo sto treba po Ustavot e da se sopre zaclenuvanje vo Nato,,, voena organizacija... pa prakanje vojnici vo stranstvo... Alo, kaj ste vie od Ustavniot sud, sto cekate, Al Kaeda bomba da vi postavi ??

Најди! во Утрински
Економија
ММФ уште се нуди, ние уште се думаме
Странците не одат ни на суд за нашите матни тендери
Познат македонски бренд - илузија
Записите целосно издишаа
 


Greece will fix dates for Balkan EU membership
Former prime minister denounces Romanian president
Balkan states welcome Nato's commitment to the region