Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Свет

Расте грчкото политичко влијание во Албанија

Кенан Мимидиноски


Тирана - И покрај тоа што Грција се соочува со голема економска криза, сепак, тоа не влијае во јакнењето на грчкото економско влијание во Албанија. Грција е меѓу најголемите инвеститори во Албанија и тоа во момент кога дома ги санира економските загуби.

Грчките компании во Албанија досега имаат инвестирано над 550 милиони евра, и тоа во најголем дел во сферата на телекомуникациите, банките, но и градежните компании. Наведениот износ претставува една третина од вкупните странски инвестиции во Албанија.

Според грчкиот амбасадор во Тирана, Никос Пазоис, во Албанија дејствуваат 270 грчки фирми. Тој навести дека наскоро се очекува грчките инвестиции во градежништвото да се зголемат и за 100 милиони.

Околу економското влијание на Грција во Албанија треба да се нагласи и големиот прилив на девизи што ги внесуваат од Грција големиот број албански имигранти во својата држава. Се проценува дека во Грција работат околу 800 илјади Албанци, а во Албанија годишно внесуваат и до една милијарда евра. Факт е дека последните три години е намален тој прилив на девизи за 20 отсто, наведуваат албанските економски аналитичари, но тие додаваат дека, сепак, ефектите на девизите на печалбарите се многу позитивни за албанската економија во целина.

Дел од политичарите наведуваат дека Грција, покрај економското влијание, има и политичко во Албанија. Во јужниот дел од Албанија, каде што живее и поголемиот број грчко малцинство, се наоѓаат и најголемите инвестиции. И покрај кризата, Грција продолжи да ги исплатува пензиите за дел од грчкото малцинство во Албанија, а, според наведените албански политичари, има и влијание во политичкиот живот. Во дел од албанскиот печат се наведува дека влијанието на грчката политика во Албанија се реализира и преку одредени политички партии на Грците, кои се во спрега и со грчките фирми.

Засега официјална Тирана нема таква оцена. Владата на Сали Бериша искажува задоволство и од порастот на грчките инвестиции во Албанија.




#
Статијата е прочитана 1127 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Глобална дипломатска криза
Медиумски молк во Грција
Имигранти ја освојуваат планетата
 

Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott
Former Croatian Prime Minister flees from justice