Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Свет

Глобална дипломатска криза

„Викиликс“ го изнесе вистинскиот американски поглед на светот

Соединетите Американски Држави вчера беа катапултирани во дипломатска криза со протекувањето до „Гардијан“ и до други меѓународни медиуми на над 250.000 доверливи телеграми од амбасади, испратени дури и во февруари годинава.

Во почетокот од серијата секојдневни извадоци од телеграмите на американските амбасади, повеќето означени како „тајни“, арапските лидери приватно се повикуваат да извршат воздушен напад врз Иран и дека на американски официјални лица им е наредено да го шпионираат раководството на ОН.

Само овие две откритија, најверојатно, силно ќе одекнат низ светот. Меѓутоа, тајните телеграми, кои се обезбедени од „Викиликс“, исто така, ги откриваат процените на Вашингтон за многу други чувствителни меѓународни проблеми.

Ова вклучува промена на односот меѓу Кина и Северна Кореја, загрижености на високо ниво околу растечката нестабилност во Пакистан и детали за тајните американски напори за борба против Ал Каеда во Јемен.
Меѓу бројните откритија што, најверојатно, ќе предизвикаат непријатности се:

n Сериозните стравувања во Вашингтон и во Лондон околу безбедноста на пакистанската програма за нуклеарно оружје.

n Сомневањата за корупција во авганистанската влада, каде што во една телеграма се тврди дека потпретседателот Зија Масуд имал кај себе 52 милиона долари во готовина кога бил запрен за време на посетата на Обединетите Арапски Емирати. Масуд негира дека изнесувал пари од Авганистан.

n Како нападите на хакерите, кои го принудија „Гугл“ во јануари да си замине од Кина, беа диригирани од висок член во Политбирото, кој кога го напишал сопственото име во глобалната верзија на пребарувачот пронашол текстови во кои тој лично бил критикуван.

n Тврдења дека Русија и нејзините разузнавачки агенции ги користат мафијашките босови за спроведување криминални операции, каде што во една телеграма се наведува дека односот е толку близок што земјата стана „вистинска мафијашка држава“.

n Неверојатно блискиот однос меѓу рускиот премиер Владимир Путин и италијанскиот премиер Силвио Берлускони предизвикува зголемено сомневање кај САД. Во телеграмите детаљно се наведуваат тврдењата за „раскошни подароци“, вносни енергетски договори и употребата од Берлускони на „нејасна“ руско-италијанска конверзација.

ШТО СОДРЖАТ ТЕЛЕГРАМИТЕ

Телеграмите содржат специфични тврдења за корупција, како и жестоки критики од вработени во американските амбасади за владите на домаќините, од Карипските Острови до Кина и Русија. Материјалот вклучува спомнување на Путин како „алфа-куче“, а Хамид Карзаи дека е „параноичен“, додека Ангела Меркел, наводно, „избегнува ризик и ретко е креативна“. Исто така, има споредба меѓу Махмуд Ахмадинеџад и Адолф Хитлер.

Во телеграмите се именуваат саудиски донатори како најголеми финансиери на терористички групи и се обезбедуваат неверојатно детаљни информации за договор меѓу Вашингтон и Јемен за прикривање на употребата на американски авиони за бомбардирање на цели на Ал Каеда. Во една телеграма се наведува дека за време на средбата во јануари меѓу генералот Дејвид Петреус, тогашен американски командант на Блискиот Исток, и јеменскиот претседател, Абдула Салех, вели: „Ќе продолжиме да кажуваме дека тие се наши бомби, а не ваши“.

Други откритија вклучуваат и профил на Либиецот Моамер Гадафи, за кој тие велат дека секаде е во придружба на „сензуална русокоса“ - украинска медицинска сестра.

Хилари Клинтон викендов предводеше френетичен обид за лими��ирање на штетата, кога Вашингтон ги подготвуваше странските влади за откритијата, контактирајќи ги лидерите во Германија, Саудиска Арабија, Заливот, Франција и во Авганистан. На американските амбасадори во другите метрополи им беше наредено навреме да ги брифираат своите домаќини за непријатните пишани или претерано искрени извештаи за трансакции со САД, за кои сметаа дека ќе се држат во тајност. Вашингтон сега се соочува со тешка задача да ги убеди контактите низ светот дека секоја идна конверзација ќе остане доверлива.

Со објавувањето на содржината на телеграмите Белата куќа излезе со соопштение во кое се осудува нивното обелоденување. „Таквите обелоденувања ги ставаат во ризик нашите дипломати, професионалците од разузнавачки служби и луѓето низ светот што им се обраќаат на САД за помош во промовирањето на демократија и отворена власт. Со објавување на украдените доверливи документи ’Викилис‘ ги доведе во ризик не само каузата за човекови права туку, исто така, и животите и работата на овие индивидуалци“.

Во Лондон, портпаролот на Министерството за надворешни работи изјави: „Ние го осудуваме секое неовластено објавување на овие тајни информации, како што го осудивме и истекувањето доверлив материјал во Велика Британија. Ние имаме многу силен однос со американските власти. Тоа и ќе продолжи“.

Правниот советник на Стејт департментот напиша писмо до основачот на „Викилис“, Џулијан Асанж, и неговиот адвокат во Лондон, предупредувајќи дека телеграмите биле обезбедени на нелегален начин и дека објавувањето ќе ги доведе во ризик „животите на безброј невини индивидуалци... тековни воени операции ... и соработка меѓу земји“.

ДИПЛОМАТСКИ ПРОБЛЕМИ

Електронската архива на преписките од амбасадите низ цел свет, наводно, биле симнати од американски војник во почетокот од оваа година и доставени до „Викиликс“. Асанж им ги направил достапни на „Гардијан“ и на уште четири други весници: „Њујорк тајмс“, „Дер шпигел“ во Германија, „Ле монд“ во Франција и „Ел паис“ во Шпанија. Сите пет весници планирале да објават извадоци од најзначајните телеграми, меѓутоа, се одлучиле да не ги откријат сите информации во јавноста ниту, пак, да објават имиња што би загрозиле невини индивидуалци. „Викиликс“ објави дека, спротивно на стравувањата на Стејт департментот, и тој првично имал намера да постира само лимитирани извадоци од телеграмите и да ги уреди идентитетите.

Телеграмите објавени вчера откриваат како САД ги користи своите амбасади како дел од глобална шпионска мрежа, а дипломатите имаат задача да обезбедат не само информации од луѓето со кои се среќаваат, туку и лични детали, како бројот на оние што често патуваат, детали за кредитни картички, па дури и ДНК-материјал. Со класифицираните „разузнавачки директиви“, издадени во име на Клинтон или нејзиниот претходник Кондолиза Рајс, им се даваат инструкции на официјалните лица да собираат информации за воени инсталации, обележување на оружјето, детали за возилата на политичките лидери, како и скенирање на ирисот, отпечатоци на прсти и ДНК.

Најконтроверзна цел беше раководството на ОН. Таа директива бара спецификација на телекомот и на ИТ-системите, користени од високи официјални лица и нивни помошници, и детали за „приватните ВИП-мрежи користени за официјална комуникација, да вклучуваат подобрувања, безбедносни мерки, пасворди, лични кодови за шифрирање“.

Телеграмите од американската амбасада се обележани како „Сипдис“ - тајна Интернет-протокол дистрибуција. Тие се собрани како дел до програмата според која селектирани депеши, кои се сметале за умерено тајни, но соодветни за делење со други агенции, автоматски би биле пренесени на безбедните веб-страници на амбасадите и поврзани со Интернет-системот на Армијата „Сипрнет“. Повеќе од три милиони американски службеници и војници, повеќето од нив премногу млади, имаат одобрение за потенцијален пристап до овој материјал, иако телеграмите ги содржат идентитетите на странските информатори, честопати чувствителни контакти во диктаторски режими.

На прашањето зошто така чувствителен материјал бил постиран на мрежа достапна од илјадници владини службеници, портпаролот на Стејт департментот за „Гардијан“ изјави: „Единаесетсептемвриските напади и случувањата потоа открија јазови во делењето информации внатре во власта. Од 11-септемвриските напади американската влада презеде значителни чекори да го олесни делењето на информации“. (Гардијан)

Како протекоа телеграмите

Наизглед безопасен УСБ, не поголем од прст, во почетокот на годинава дојде во рацете н�� новинар на „Гардијан“. Направата е толку мала што лесно би се ставила на приврзок за клучеви. Меѓутоа, нејзината содржина испрати ударни бранови низ дипломатските претставништва низ светот и го испорача она што еден официјален претставник го опиша како „епски удар“ врз американската дипломатија.

Текст-фајловите од 1,6 гигабајти на УСБ содржат милиони зборови: содржината на повеќе од 250.000 протечени телеграми на Стејт департментот, испратени од или до американските амбасади низ светот.

Она што ќе се исплива на површина во деновите и неделите што следуваат е невидена слика на тајна дипломатија што се спроведува од единствната суперсила на планетава. Тука има 251.287 депеши од повеќе од 250 американски амбасади и конзулати. Тие откриваат како САД постапуваат со сојузниците и непријателите - преговарања, вршење притисоци и понекогаш грубо омаловажување на странски лидери, се' зад шифрирани текстови и тајни класификации што дипломатите сметале дека се безбедни. Протечените телеграми го имаат нивото на „тајни нофорн“ (не за странци), што значи дека не треба никогаш да се покажат на неамерикански државјани.

Американската армија верува дека знае од каде потекнало истекувањето. Војникот Бредли Менинг (22) во последниве седум месеци се наоѓа во самица и ќе биде изведен пред воен суд следната година. Поранешниот аналитичар на разузнавачки информации е обвинет за неовластено симнување на доверлив материјал додека служел во воената база надвор од Багдад. Тој е осомничен за правење копии не само на архивата на Стејт департментот, туку и на видеозаписи снимени од хеликоптер „апачи“, каде што екипажот убива цивили во Багдад, и стотици илјадници воени дневници за воени операции во Авганистан и во Ирак.

Тоа било премногу лесно, според објавената чет-конверзација на Манинг со пријател хакер. „Ќе дојдев со снимена музика да речеме, на пример, од Лејди Гага... ќе ја избришев музиката... потоа ќе зипував фајл. Никој не се сомневаше во ништо... јас слушав и потпевнував песни на Лејди Гага додека ја извлекував веројатно најголемата база на податоци во американската историја“. Тој рече дека „имал невиден пристап до доверливи мрежи 14 часа дневно, седум дена во неделата повеќе од осум месеци“.

Манинг му кажал на својот пријател хакер Адријан Ламо, кој потоа го пријавил кај властите: „Хилари Клинтон и неколку илјади дипломати низ светот ќе добијат срцев удар кога едно утро ќе се резбудат и ќе најдат дека целата доверлива преписка на Министерството за надворешни работи е достапна, во пребарувачка форма, за јавноста... Секаде каде што има американска канцеларија, има дипломатски скандал што ќе бид�� обелоденет. Светска анархија во ЦСВ-формат... тоа е прекрасно и застрашувачко“. Уште додава „информацијата треба да биде слободна. Таа и' припаѓа на јавноста“.

Манинг, според чет-разговорите, вели дека префрлил копии на „Викиликс“, „активисти за слобода на информациите“, како што го нарекува тој, предводен од австралиски поранешен хакер Џулијан Асанж.

Асанж и луѓето од неговото опкружување, наводно, одлучиле веднаш да не ги објават во јавноста телеграмите. Наместо тоа, тие почнале со постепено откривање друг материјал - кој имал цел, како што велат на својата веб-страница, „да го зголеми до максимум политичкото влијание“. (Гардијан)

Сензуалната русокоса на Гадафи

Гадафи силно се потпира на својата долгогодишна медицинска сестра, Галина Колотницка, која се опишува како „сензуална русокоса“. И покрај персоналот од четири украински медицински сестри, кои се грижат за здравјето и за благосостојбата на лидерот, се нагласува дека Гадафи не може да патува без Колотницка, бидејќи само таа ја знае неговата рутина.

Кога поради доцната апликација за виза, безбедносното советодавно мислење за Колотницка стигна дента кога друштвото на Гадафи планираше да патува во САД, либиската влада испрати приватен авион што ќе ја пренесе од Либија до Португалија за да се види со лидерот за време на неговиот одмор. Некои контакти од амбасадата тврдеа дека Гадафи и 38-годишната Колотницка се во романтична врска. Иако тој не ги коментира таквите озборувања, украински политички претставник неодамна потврди дека украинските медицински сестри „патуваат секаде со лидерот“.

Шпионирано раководството на ОН

Вашингтон води тајна разузнавачка кампања што за цел го има раководството на Обединетите нации, вклучувајќи го и генералниот секретар Бан Ки-Мун и постојаните претставници во Советот за безбедност од Кина, Русија, Франција и од Велика Британија. Доверливи директиви, кои изгледа ја поматија линијата меѓу дипломатијата и шпионирањето, беа испратени до американски дипломати во име на Хилари Клинтон во јуни 2009 година, во кој се бараат форензички технички детали за комуникациските системи што се користат од високи официјални претставници на ОН, вклучувајќи пасворди и лични кодови за шифрирање што се користат во приватните и во комерцијалните мрежи за официјална комуникација.

Во нив се барала детаљна биометричка информација „за клучните официјални претставници на ОН, да вклучуваат потсекретари, шефови на специјализирани агенции и нивните главни советници, високи помошници на генералниот секретар, први луѓе на мировни операции и политички теренски мисии, вклучително и команданти на сили“, како и разузнавачки информации за „стилот на раководење и носење одлуки на Бан и неговото влијание врз секретаријатот“. Вашингтон, исто така, ги барал броевите на кредитните картички, електронските адреси, броевите на телефоните, факсовите и пејџерите, па дури и сметките на оние вработени во ОН што често патуваат и „биографски и биометрички информации за постојаните претставници во Советот за безбедност на ОН“.

Тајната „национална директива за собирање разузнавачки информации“ беше испратена до американските мисии во ОН во Њујорк, Виена и Рим, во 33 амбасади и конзулати, вклучувајќи ги и оние во Лондон, Париз и во Москва.

Протекувањето на директивата, најверојатно, ќе постави прашања за легалноста на операцијата и околу тоа дали од дипломатите на Стејт департментот се очекува да шпионираат. Нивото на технички и на лични детали, кои се бараат за комуникациските системи на најзначајните луѓе во ОН, би можело да се смета како поставување темели за набљудување или хакирање на операциите.

Обединетите нации претходно соопштија дека прислушувањето на генералниот секретар е нелегално, наведувајќи ја Конвенцијата на ОН од 1946 година за привилегиите и имунитетите. Појавувањето на директивата, исто така, ризикува поткопување на политичката доверба меѓу раководството на ОН и САД.

ОН не се единствена цел. Телеграмите откриваат дека од 2008 година Стејт департментот издал најмалку девет директиви до амбасадите низ светот во кои се образложува „листа на приоритети што имаат цел да ги упатуваат американските владини агенции што учествуваат, додека тие назначуваат ресурси и ги ажурираат плановите за собира��е информации“.

Директивите, потпишани само со „Клинтон“ или со „Рајс“, што се однесува на сегашната и на поранешната државна секретарка, Хилари Клинтон и Кондолиза Рајс, го формираат централното начело на американските разузнавачки напори и откриваат како Вашингтон ги користи своите 11.500 луѓе во стран��ките служби да собираат многу чувствителни информации и од сојузниците и од непријателот.

Понекогаш директивите изгледа дека се поврзани со претстојните дипломатски обврски на државниот секретар. Во телеграмата до амбасадата во Софија минатиот јуни, пет месеци пред Клинтон да го пречека бугарскиот министер за надворешни работи во Вашингтон, првото барање беше за владината корупција и врските меѓу групи за организиран криминал и „владини и странски ентитети, трговија со луѓе и наркотици, измами со кредитни картички, кривични дела поврзани со компјутери, вклучувајќи и детска порнографија“. (Гардијан)


#
Статијата е прочитана 1750 пати.

Испрати коментар

Од: Cacko
Датум: 30.11.2010 14:59:26
САД ги користи своите амбасади како дел од глобална шпионска мрежа"Ma ajde gluposti!zarem ne vi e jasno deka kasarnata,se izvinuvam AMBASADATA na kale ima tolkav personal samo da ni ovozmozi pobrzo da dobivame vizi.Spionaza! kakvi gluposti!
Од: nekoj
Датум: 30.11.2010 15:38:49
Viva wikileaks, viva internet! :) Eh toa e, dobredojdovte vo erata na komunikaciite koi ke smenat mnogu nesta vo narednite decenii. A nasive zapnale vo antika ha ha ha
Од: pane
Датум: 01.12.2010 00:24:17
Kolku se fini ovie amerite.Koj ne gi znae preskapo gi plaka. Amerikancite sekogash doagjaat da zemat(ograbat) nikogash da dadat.

Најди! во Утрински
Свет
Медиумски молк во Грција
Расте грчкото политичко влијание во Албанија
Имигранти ја освојуваат планетата
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars