Број 3264  четврток, 22 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Владата вети решавање на статусот на воспитувачките

За две недели ќе се знае колку од ангажираните со договори на дело ќе останат на работа

Снежана Калабакова

Владата им вети принципиелно решавање на статусот на ангажираните со договори на дело во градинките, особено на оние со подолг работен стаж. За две седмици ќе се знае колку од ангажираните со договори на дело ќе можат да останат на работа и во кои општини има превработеност во градинките. Договорено е во иднина кога ќе се бара конечното решение на состаноците во министерствата за финансии и за труд и социјала да бидат присутни и претставници на Штрајкувачкиот одбор.

Ова накратко е одговорот на Владата на вчерашниот штрајк на негувателките, воспитувачките и техничкиот персонал од градинките од Карпош, Чаир, Струмица и од Охрид. Оттаму сметаат дека во некои општини проблемот е од релативно скоро време, поради што во неговото решавање ќе треба да се вклучат и самите општини. Владата наскоро ќе ги унифицира стандардите во вработувањето на воспитувачки и негувателки во однос на бројот на деца во градинките.

„Сигурно е дека ќе настојуваме за оние што се долго време со нерегулиран стаж да преминат во траен работен однос. Во оние општини каде што бројот на вработени значително се зголемил без одобрение на Министерството за финансии во минатата година, сепак, доколку сакаат обврски, товарот треба да падне повеќе врз општините. Од досегашните анализи се гледа дека постојат градинки каде што бројот на деца по вработен е дури и под четири, а има и такви каде што тој број се приближува кон девет. Затоа ќе се обидеме да постигнеме унифициран стандард“, рече вицепремиерот Владимир Пешевски.

ВМРО-ДПМНЕ ги окарактеризира вчерашните протести како сценарио на СДСМ со цел да се наруши угледот на Владата. На ова веднаш реагираше СДСМ со апел до ВМРО-ДПМНЕ да не ги политизира реалните и очигледни маки на негувателките.


#
Статијата е прочитана 323 пати.

Испрати коментар

Од: klime
Датум: 22.04.2010 00:19:33
Ќе ги излаже.....купуваат време......или решение само за партиските книшки..............ДРуго ЊАМА......
Од: Трпе
Датум: 22.04.2010 00:34:01
Од месечина се гледа дека бладата ни е во паника.Тааа се бори за доброто на македонскиот народ а некој сака да ја критикува.Тие не се борат за власт, како што тоа го прави СДСМ.Тие се борат како да си ја зачуват власта.Фотелјата е многу слатка а резултатите не се важни.За да не плачат од сега понатаму мора бладата да си ја фалиме а не да ја напаѓаме.За малите деца да не плачат се треба да им се дозволи.И секогаш друг да биде дежурен виновник.
Од: SPIRIDON
Датум: 22.04.2010 10:21:03
A be predlagam da gi zaposlat u vladata.Na ni im trebat vaspitači ako se ima u predvid starosta na ministrite,nijnata dokvakanos ili nedokvakano.A be u nikoj slučaj ne e na odmet.Isklučok na Mihajlo,ama pa i narodo vika star čovek kako malo dete.A može i da se najdat ako nekoj si nose i peleni,tuka se stručni.

Најди! во Утрински
Политика
Ветерот ги однесе ветерниците
СДСМ масовно го одбележа роденденот
Владата и ИВЗ во клинч
ВМРО-ДПМНЕ ги влошува меѓунационалните односи