Број 3264  четврток, 22 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Владата и ИВЗ во клинч

Обраќањето е повик за хомогенизација на религиска основа, смета проф. Цане Мојановски

Билјана Јовановска

И досега се случувало Исламската верска заедница со поостри соопштенија да се огласи за конкретни владини мерки кои директно ја засегаат, пред се', во делот на имотите, но завчерашната прес-конференција на поглаварот Сулејман Реџепи отиде и неколку чекори подалеку. Првиот духовник на муслиманите од државава ја посочи Владата како виновник за зголемените меѓуетнички и меѓурелигиски тензии, а доколку не го смени политичкиот курс, бидејќи трпението е при крај, таа ќе биде единствениот виновник за натамошно ескалирање на состојбите.

Причина за вербална стрелба од седиштето на ИВЗ на Бит-пазар кон Илинденска б.б. беше измената на Законот за денационализација, како и донесувањето на Законот за Старата скопска чаршија, со кои, според поглаварот, сиот имот на Заедницата ќе остане во сопственост на државата, а со тоа „дефинитивно се отстранува муслиманскиот елемент од чаршијата“.

Легитимно право на ИВЗ е да го побарува денационализираниот имот, исто како што го бара тоа и МПЦ, меѓутоа начинот на кој го прави тоа, според некои аналитичари, повеќе личи на милитантен повик за хомогенизација на муслиманите отколку на искрен обид отворените прашања да се решат. Апелот на реис-ул-улемата Реџепи не оди во полза на смирувањето на тензиите, туку може да се сфати и како сериозен повик за радикализација на состојбите.

Случајно или не, но поглаварот на ИВЗ своето обраќање до припадниците на исламот го заврши со зборовите: „Апелираме сите гласноговорници на муслиманскиот народ во Собранието на Република Македонија да бидат помудри и да им речат стоп на измените на Законот за денационализација, затоа што во спротивност ќе бидат предавници на дадениот аманет“!

Што сакаше да порача реис-ул-улемата Реџепи, не појасни. Но, многу јасно кажа дека Владата продолжува да води дискриминаторска и исламофобична политика, дека сака да ја словенизира Старата чаршија, а Албанците да ги остави да бидат кираџии во сопствениот имот. Притоа, Реџепи предупреди дека Владата треба да го смени политичкиот курс, кој не е за соживот, не е за мултиетничка и мултиконфесионална, ниту, пак, за демократска држава. Тој, меѓу другото, рече дека Владата се јавува како столб за поделба на граѓаните на етничка и верска основа, ја продлабочува омразата и поделбите, а „државата ќе ја врати во насока на крстоносците кои зад себе оставија само жртви, омраза, делби и болка“.

Валентина Божиновска, претседателка на Комисијата за односи со верските з��едници, вчера не беше достапна за коментар за обвинувањата на поглаварот Реџепи. За волја на вистината, не се огласи ниту Владата, иако беа жестоки нападите.

Проф. Цане Мојановски, поранешен претседател на Комисијата, во изјавата за нашиот весник вели: „Македонското општество не познава таков вид хомогенизации според религиска основа и таквиот повик на поглаварот Реџепи објективно им носи штета на ИВЗ и на верниците, бидејќи нужно ќе поттикне хомогенизација и на другите вероисповеди“.

Тој смета дека тоа е долгорочно несреќно решение за Македонија и потсетува дека од духовници очекуваме апели за мир и разбирање и тогаш кога им се нанесува неправда. Сите прашања, според Мојановски, мора да се решаваат во институциите на системот, во мирна атмосфера и со отворени разговори, а не со пресови, кои имаат и милитантен призвук. Бидејќи, доколку проблемите се решаваат со прес-конференции, тогаш Македонија сигурно би била земја без отворени прашања. Наедно, Мојановски нагласи дека ваквите повици на реис-ул-улемата не водат кон конкретни решенија, туку во насока на непотребно создавање на уште пожешка атмосфера.

Исламската верска заедница, доколку поседува документи, без друго треба да го добие својот денационализиран имот. Тврдат дека за изминатите 12 години добиле само 10 отсто од она што го побаруваат. Меѓутоа, јавна тајна е дека диво изградени џамии со невидена брзина никнуваат на сите страни, а Владата очигледно премолчено им го толерира ваквото однесување. Пописот на џамиите, кои немаат дозвола, никој не го соопштува, бидејќи податоците сигурно се фрапантни. Но, официјално, на подрачјето на Скопско на списокот на Исламската верска заедница, значи официјално, има 133 џамии, додека Македонската православна црква на истото подрачје располага со 112 свои храма. (Б.Ј.)


#
Статијата е прочитана 1114 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan
Датум: 22.04.2010 05:14:56
Zosto Vi e strav ,da kazete? Homogenizasija. E Svrsena Rabota. Ili e PlAVO IL ZOLTO.Nema povece Zeleno!
Од: [email protected]
Датум: 22.04.2010 07:30:50
Легитимно право на ИВЗ е да го побарува денационализираниот имот, исто како што го бара тоа и МПЦ, меѓутоа начинот на кој го прави тоа, според некои аналитичари, повеќе личи на милитантен повик за хомогенизација на муслиманите отколку на искрен обид отворените прашања да се решат.... Dokolku ova go kazhuvaat i Analitiçari togaş do kade sme dojdeni veke se se gleda. Denacionaliziraniot imot go imaat pobarano isto kako Mpc no razlikata e tuka. Na Mpc im e dadeno ne samo toa şto im pripaga nego i povege, a na Ivz samo 10 % od toa şto im pripaga. Ova li e pravda, Site znaeme şto e pravda no , SEKOGAŞ VO PRAVO E TOJ ŞTO E PO JAK.....
Од: Исмет Идриз
Датум: 22.04.2010 08:04:45
Здраво пред се во Македонија има повеќе историчари што многу се замарат со прошлоста и интезивно се копа нис целата територија да се најде прошлоста и јас сум верник и верски фанатик али залудно децата мои не ме прашуваат кој биле претците туку гледат напред от кога дојде грујо со неговите апостоли ни ја е!мајката.ве молам доста со џамии,цркви лавови .скулптури итд.па малце ли имаме верски објекти,без потребно ги стварат тензиите зар не треба да живееме ,дај со тие глупости да престанат,дај народот да се освести и да ги отвориме очите па зар една шака луге да не заебават па нека идат бестрага и оџите и поповите.Јас знам во кого имам верба во бога и дај сите сме луге јас никого не мразам дали е православен,евреин,ром,албанец,турцин.знам само едно сите ке умреме еден ден.затоа дај да се здружиме кога сме заедно по силни сме.
Од: Ицо
Датум: 22.04.2010 08:13:05
Секој ониј што мисли и тврди дека нема затегнати односи меѓу Албанците и другите во земјава се лаже себе си и другите. На пример, со Фингираната војна во 2001 г. и случувањата после истата, тој процес но и освојувањето на нови простори за албанската братија, прогресивно се зголемуваат. Еве дивеењето на ИВЗ и барањето да и биле "вратени" џамиите и други објекти, имоти и локации, кои некогаш им припаѓале на Османлиите, всушност значи продолжување на тие процеси со злоупотреба на демоктаријата кај нас, која станува крајни напорна! Всушност, ИВЗ се обидува да се наметне како наследник на Османлиите во Македонија! Тоа без сомнение ги затегнува одностие помеѓу Албанците и сите други. Овој неразумен, но и бесрамен обид на ИВЗ и Албанците мора да се спречи и прекрати со донесување на закој со кој, се што било Османлиско или Турско, подоцна грчко или српско, да се прогласи, исклучиво за државно. Значи да се постапи слично како Словенците со имотите на Грофовите.
Од: Oskar.
Датум: 22.04.2010 11:38:07
Smetam deka nitu IVZ nitu MPC imaat pravo na svetovni objekti. Neznam od kade im pravo na Starata carsija, taa e ostavstina od vremeto na Osmanliskata imperija na koja podednakvo pravo imaat site narodi koi ziveele na toj prostor. Taka sto baranjeto na IVZ e sosema neopravdano. So denacionalizacijata imotot ke stane senaroden. Verskite zaednici neka se ogranicat na verata a biznisot neka go ostavat na narodot.
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 22.04.2010 11:44:43
A pak toj zagrizeniot..... Site ste isti. I popovi i odji.... Glumete dusegriznici a bez tronka kultura i samokritika. Ke eskalirale sostojbite. Mashalaaa...Toa e vo umovi kako tvojot, na koj i licno i familijarno ne mu fali nisto. Pari, materijalni dobra vo izobilije. Obicniot narod stada bez razlika na se. Sekoja mu cest na komentarot podolu od Ismet Idriz. Procitajte go ako sakate da ne eskaliraat rabotite, oti moze da ne vi e na arno.
Од: tayip abdula-turk(MK)
Датум: 22.04.2010 12:55:46
Vo vrska so izjavata na poglavarot na IVZ jas kako vernik od turskata multietnicka zaednica ne se soglasuvam bidejki pogolemiot del od camiite izgradeni od vremeto na osmanliskoto vladeene se od vakufite i pomosta na turcite koji ziveele vo Skopje. Tocno se znae koj pasha-koja camija ja ima izgradeno do 1912/1913god. koga Turcite Osmanlii ja napustaat teritorijata na denesna Makedonija dali tie istoriski spomenici verski objekti sultanot go ima pokloneto so ferman samo na vernicite od Albanska nacionalnost, bidejki deneska vo mnogu camii e zabranet veroispovesta da se izveduva na turski jazik.I jas kako gragjanin na RM imam pravo da komantiram deka vo maked.ima dovolen broj na crkvi i camii i deka na narodot mu treba vrabotuvanje i sozitelstvo.Naj dobro bi bilo IVZ nas turcite da ne drzi na strana od ovie verski konflikti vo RM-bidejki nie dosega nemame dobieno nikakva pomos od IVZ-duri ne gi ni podrzuvaat hocite isprateni od RT za vrsenje na verski obredi vo RM.
Од: пацифист,неатеист
Датум: 22.04.2010 13:36:00
Не ми е гајле за другите обланди меѓу кои се наоѓа проблемот,но толку наивно и едните и другите да го сатанизираат поимот хомогенизација е навистина простотилок кој некој сака да ни го нафрли,и тоа ептен наивно.Кому му пречи хомогенизацијата на верата.(Ај одсехга натаму да си речеме дека нема потреба да посочуваме која,оти важи за секојата)Што лошо има во тоа ако сите се согласуваме дека верските правила се ама баш без тронка пропусти,принципи преку кои единствено нема да си згрешиме едни на други.Значи пред нас е уште еден тест,верувам последен и најбитен.А дали ќе биде најтежок зависи од нас.Доста бегаше од фактите заради ете ако сакате нечии "непромислени изјави ".Нема потреба од секирации.Кодовите,преку кои опстојува ова парче земја нема да се нарушат,па ниту од страната на најголемите хакери.Одсем ,преку самите ние.

Најди! во Утрински
Политика
Ветерот ги однесе ветерниците
СДСМ масовно го одбележа роденденот
ВМРО-ДПМНЕ ги влошува меѓунационалните односи
Владата вети решавање на статусот на воспитувачките