Нашиот партнер гледа на интеграцијата во НАТО и во ЕУ како на некој вид опасност или загрозување на идентитетот,
Светлана Унковска
Во последно време во јавноста се слушаат разни варијации на тема што ќе преземете доколку и во јуни не се надмине спорот со името. Дали ДУИ има стратегија што ќе прави натаму?
Ние сме посветени на напорите за решавање на спорот до јуни. Многу сериозно ги сфаќаме и пораките од Вашингтон, како и од Брисел. Нивен заеднички именител е дека спорот мора да се затвори за да се отворат перспективите на државата. Нашиот принципиелен став е: мора да се размислува за алтернативи за компромисот, не за алтернативи за државата. Ако во континуитет се анализираат нашите позиции и дејствување, од формирањето на партијата до денес, ќе се согласите дека во ниту еден момент не сме отстапиле од ваквиот конструктивен пристап кон решавањето на спорот за името.
Повторно имаме предупредувања од европратениците Зоран Талер и Јоргос Шацимаркакис дека ако не се реши името на Македонија, и' се заканува дестабилизација од албанското население? Што значи тоа?
Досега се тврдеше дека Македонија може да опстои и без решение на спорот. Ако не го реши спорот нема да и' се случи меѓународна изолација и оти инвестицискиот бум, а со тоа и економската преродба, ќе продолжат со уште поголема динамика. Во практиката гледаме дека тоа не е токму така. Глобалната финансиска криза не ја заобиколи Македонија, стечајците секојдневно се пред Владата и пред Собранието. Комуникацијата со нашите меѓународни партнери станува се' потешка, особено по низа настани, настапи, изјави и преписки што се случија во последниов период, а за што сите сме сведоци. Доколку на оваа слика ги додадеме и кревките меѓуетнички односи, тогаш редно е да се прашаме која е формулата за излез од оваа состојба. Искуството покажува дека зачленувањето во НАТО и во ЕУ го нуди оптималниот одговор на сите внатрешни дилеми карактеристични за етнички, лингвистички и верски фрагментираните држави како Македонија и затоа мораме да бидеме фокусирани кон овој процес.
Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ не функционира за многу значајни прашања, а Вашиот лидер Али Ахмети вели дека тоа е природно во демократијата. Сметате ли дека функционирате демократски?
Мислам дека нашите разлики се концептуални. Нашиот партнер, веројатно поради конзервативната матрица, се чини дека на интеграцијата во НАТО и во Е�� гледа повеќе како на некој вид опасност или загрозување на идентитетот, на чувството на припадност или вредностите за кои тие се залагаат. Имам впечаток како да не се согласуваме со нашите партнери за прашањето како го разбираме консензусот. Според нас, тоа подразбира заедничко учество во креирањето на политиките, но имам впечаток дека партнерот под консензус подразбира единствено заедничко гласање за политиките. Ова е квалитативна разлика. Се разбира, во демократијата тоа не е штетно. Напротив, ќе даде некакви резултати, во најмала рака ќе понуди одредено искуство на градење функционална плурална демократија, а јавноста ќе оцени дали таквата политика е победничка или поразителна за државата.
Впечаток е дека што и да се случува, внимавате да не го налутите партнерот ВМРО-ДПМНЕ, односно премиерот Никола Груевски. Во јавноста се говори дека е така поради интересот за поделба на тендерите. Што Ве прави толку толерантни во оваа Влада?
Се чини дека некој намерно одбива да го признае тоа дека ДУИ се однесува одговорно. Намерно се создава клима, според која, одговорноста се претставува како инфериорност, слабост или, во случајов, толерантност. Се поставува прашањето, кое однесување е спротивно на ова и дали таквото однесување ќе понуди одговор на отворените горчливи прашања, како што е спорот за името?
Во една пригода рековте дека ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер си го дуваат рејтингот дома, но Македонија надвор остава лоша слика? Дали ДУИ се чувствува како жртва, бидејќи изгуби многу од својот рејтинг?
Не сакаме политиката на национализам да ја претвориме во политика на државата и можеби затоа се добива впечаток дека нашиот рејтинг паѓа. Подготвени сме да го издржиме и национализмот на нашите партнери, доколку нивна цел е да се реши спорот за името. Но, во исто време мора да признаеме дека политиката на возвишување само на една нација, јазик и вера во етнички поларизирани држави е поразителна за државата. ДУИ, сепак, не е најголем губитник во оваа констелација.
Зошто се случува Вие и други членови на партијата да излегувате со остри ставови за одредени потези на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски, а веднаш потоа Ахмети да ја смирува ситуацијата?
Ми пречи тоа што некој, веројатно намерно, се обидува да ме претстави како опозиционер. Постои разлика во тоа да зборувате во име на сопствената партија или на коалицијата, или во име на опозицијата. Јас говорам единствено во име на ДУИ, исто како што ВМРО-ДПМНЕ инсистира да говори и да спроведува политики на ВМРО-ДПМНЕ. Дојдени сме во ситуација кога реакциите се сфаќаат и се толкуваат многу подраматично отколку акциите. Моите ставови се единствено реакција на одредени акции, политики. Драмата, сепак, е во акциите, според тоа, забелешките на јавноста не би требало да се однесуваат на реакциите.
Иако Законот за антидискриминација е оценет како неевропски, сепак, гласавте за него? Зошто поддржавте Закон што не е во согласност со европските демократски принципи?
Да, гласавме за неевропски закон за да демонстрираме единство во коалицијата. Ниту бевме дел од дискусиите во комисиите ниту на пленарната седница. Ќе поддржиме измени на Законот за да се усогласи со европските директиви.
Сметате ли дека и ДУИ, како дел од власта, ќе треба да ја понесе одговорноста за влошените меѓунационални односи?
ДУИ постојано укажува дека одредени политики на ВМРО-ДПМНЕ придонесоа за влошување на меѓунационалните односи. Отворено ги критикувавме и се спротивставивме на јазичната политика во образованието што ја турка ДПМНЕ, го критикувавме „Скопје 2014“, аргументирано објаснуваме зошто на Македонија не и' е потребно светилиште на плоштадот на главниот град итн. Сега е време да го слушнеме одговорот на ДПМНЕ. Доколку ДПМНЕ инсистира дека единствено таа е заслужна за успесите на Владата, тогаш единствено ВМРО-ДПМНЕ треба да биде одговорна и за неуспесите.
Што се случи со Вашите предлози за дополнување на проектот „Скопје 2014“ со личности од албанската историја?
Контроверзноста на „Скопје 2014“ и натаму ја бранува не само домашната, туку и меѓународната јавност. На самиот почеток сакам да потсетам дека ДУИ ниту беше дел од проектот ниту, пак, некаде се гласало во некаква процедура за усвојување на еден таков проект. Тогаш изјавив и се' уште сум на ставот дека на „Скопје 2014“ му недостасува само уште еден ѕид за формално да се одбележи линијата на поделба меѓу Македонците и Албанците. Начинот на кој беше промовиран, но особено содржината на проектот се најава за враќање кон еден стар концепт на градење на државата: концепт на дезинтеграција место интеграција, концепт на етничка доминација место мултикултурализам и дух на етничка рамноправност. ВМРО-ДПМНЕ, од друга страна, пак, инсистира дека етничката доминација не е цел на проектот. Сепак, реалноста покажува дека се избегнува дебата за него. Редно е да се прашаме зошто се избегнува дебатата, доколку тој проект не ги провоцира меѓуетничките односи. Така, понудата на личности од албанската историја е обид да ја санираме штетата што ја предизвика грандиозната најава за ребрендирање на главниот град. И сега сме во очекување на одговорот од ВМРО-ДПМНЕ.
Pa, ti li gi podobruvas megjunacionalnite odnosi, so tvojata arogancija i provokativno smeskanje?
Од: Sudija
Датум: 22.04.2010 00:11:28
Imeto samo na sud vo Hag mozhe da se reshi preku sovetodavnoto mislenje od istiot sud za dopolnitelnite uslovi za RM clenstvoto vo OON!!!
Од: patricija
Датум: 22.04.2010 00:28:03
Zdravstvoto vo kolaps, minister od DUI, se apsat nevini lugje od penzisko i invalidsko osiguruvanje, minister za trud i socijala od DUI, ekonomijata e propadnata, minister od DUI. Mislite deka so prikaznata za vlossenite megjuetniccki odnosi zaradi zgradite na plosstadot ke bidete amnestirani, kako i zaradi izlitenata mantra EU i NATO , nie za a tie protiv, usste dolgo SDSM ke ve trpi i moli.Koga ke vi stegnat interpelacija na vassite ministri (ako voopstto reflektiraat na neopredeleni glasacci) i tie ke ve potrossat. dosta se pravite vazzni.
Од: maki
Датум: 22.04.2010 00:52:10
Skenderbeg me precekuva na Bit pazar, odzata od son me budi, sum vlegla i vo crkva i vo djamija, se pozdravuvam i so onie sto ne nosat i sto nosat samija
go pocituvam i VMRO. Toa e kompromis i ljubov kon MAKEDONIJA. Gospogo Mehmeti naucete sto e kompromis i ljubov kon rodnata MAKEDONIJA. Buk e leb,jas ke mu dadam na komsijata, a i toj mene.
Од: nacional-patriot
Датум: 22.04.2010 00:52:28
Bidejki kompromis nikogas nema da ima i toa poleka no sigurno i stanuva jasno na DUI,a veke praznite zakani od tipot "nema kompromis,ima vojna"se banalni i samo obid,bezuspesen za zaplasuvanje,sega korumpiranite birokrati kako nekojsi Taler i legendarniot Saci...kako i da e,se obiduvaat da go kopiraat Taci propadnatiot.Sekako i na niv im e jasno deka nikako ne mozat da ja nateraat vlasta i makedonskiot narod da prifatat dodavka na imeto.Od ova intervju moze da se zabelezi deka spored odgovorite na Ermira,DUI e nemokna.Pa normalno,sto ocekuvaa tie,deka ke vladeat onaka kako koga bea vo koalicija so SDSM?DUi razbra kade se naoga,a isto taka razbra deka nikogas nema da ima promena na imeto na drzavata.
Од: Cheechoo
Датум: 22.04.2010 04:16:34
Ermira li kako li se vikase ovaja persona. Vidi vaka chechoo da mi ti kaze mila mori. Tvojata dijagnoza e paranoida .Mnogu mi e zal za tebe. Toa e rezulyay na tvoite nasilniroditeli. Treba da se potrudis da gi zasakas makedoncite zosto tie ne te mrazat, a ti uporno sakas da ja prediizvikas omrazata kaj niv. Nema da uspees ,zatoa sto sakaat da te vidat zdrava i ubava ,pa i kolku da se trudis za sprotivnoto. Spas za vasata dusa sme edinstveno nie makedoncite , zatoa sto site drugi ve zloupotrebuvaat i ve ikoristuvaat za svoite celi. Tolku.
Од: забеган
Датум: 22.04.2010 07:25:40
Алал да вие Мајстори сте и Вмро и Дуи за да го скренете вниманието на јавноста во други насоки.Не ве интересира ништо сем Власт и Мр.Тендер.
Од: Normalen
Датум: 22.04.2010 08:12:03
Навистина квалитетна политичарка.Дали патриотите ( како се нарекуваат делот од власта), сваќаат што значи политика?
Таа не е само - земи пари па бегај.
Од: patriot
Датум: 22.04.2010 08:42:44
Tekstot e klasicna naracka za da se izvrsi pritisok vrz partnerite vo vladeackata koalicija za da se popusti za voveduvanjeto na badenter vo glasanjeto na ustavniot sud i na izborot na sudiite. Otkako go potpisaa Ohridskiot Dogovor kade se naglasuva deka veke nema da se upotrebuvaat nasilni sredstva za ostvaruvanje politicki celi, sega se inaugurira "tivka federalizacija na Makedonija". Znaci, pukanje na instituciite na sistemot po site savovi.
Од: sharri
Датум: 22.04.2010 09:48:14
ermira ima pravo,cel svet insistira da se reshi imeto bidejki ima fatalni ekonomski posledici i svetot znae deka so toa ime neshto ne e vo red.a ne zaboravajte pola makedonija ne se makedonci i znat deka imat eden zhivot i 20godini od zhivotot gi pominale vo depresija samo poradi imeto.
Од: Тендерчо
Датум: 22.04.2010 10:41:58
Каков Бадинтер,какво НАТО,каква ЕУ!ТЕНДЕРИИИИИИ!
Од: Davor - Ki-5
Датум: 22.04.2010 11:46:01
Госпоѓо Мехмети, препрочитајте што е компромис.
Од: gradzanin
Датум: 22.04.2010 12:10:59
Tranzicijata e bolna rabota,kade od mnogu nesta treba da se odrekuvas,da gubis pozicii,da presekuvas,.Najkarakteristicni se ministerstvata,ekonomija,socijala,sdravstvo,obrazovanie.Koga idat periodi na golemi rezovi,i padzanje na glavi togas umesno so sofisticiranoto pazarenje se nekako resorite odat na onie drugite.Narode,gradzanski.Dosta e.Matricata preku koja treba da se odi vo Evropa e ganc nova.Nasata,juzno-balkanskata,kasestopoparesta od petvekovnoto,koktelizirano so dezorientacijata i sastisanosta od transot i fikcijata na novot vreme,sme pijani kokoski.Evropa ne e gajle za imeto,nejze ne i preci,no preku nego saka da vidi dali ima seuste ostatoci od balkanskata krcma.Uste nekoj i toa glavniot toa ne go razbral.A,kolku li ostapki samo pred Boga se pravat zaradi mir vo kucata?!Do koga?!
Од: realen
Датум: 22.04.2010 13:27:40
Realen tekst. Odgovornosta e na site gradjani. Edinstven "uspeh" na gruevski e nacionot na koj gi tretira albancite. Toj e rezhiser na poslednata fotomorgana na MK bez albanci vo vodenjeto drzhava i za ova ima visok rejting. Drug e problemot shto gruevski so ova im pokazha na albancite deka ohridskiot dogovor e samo parce hartija koja ne im garantira ednakvost i zatoa tie se prinudeni da baraat drugo drzhavno ureduvanje. Toa normalno za site so kratok vid ne e nikade vo horizontot, no koga ke se grebe malku povrshinata se e pojasno od den!!!
Од: митко
Датум: 22.04.2010 13:59:51
Госпоѓо Мехмети.Како не Ви е срам да зборувате и пресудувате за судбината на Македонија? Можеби сега Владата е во цајтнуг,но сфатете дека Вие сте етничка заедница во Македонија и никогаш не можете да бидете водечка нација.
Од: Markobt5
Датум: 22.04.2010 14:15:16
Pogolemo vlosuvanje od megunacionalni odnosi so vojnata koja vie ja napravivte NEMA!!!
A toa sto VMRO-DPMNE ne saka da go prodade imeto e samo edna vistinska Makedonska borba.
Од: afrim
Датум: 22.04.2010 14:15:48
vie od DUI stvarno preteravte,jas vakva hipokrizia nemam videno,pa sami ste del od taa vlada a ja kritikuvate vladata,pa VMRO-DPMNE vi e partner vo vladata a ja kritikuvate taa partija
idiotizam
Од: tanja
Датум: 22.04.2010 15:25:37
nevideno licemerie..nezadovolni se od partnerot a nikako da izlezat od vlada....slatka e vlasta uste poslatki se tenderite posebno onie vo zdravstvoto i vo ministerstvoto za trud...go gledame dzeljo bajrami izleguva i dava izjavi na televizija izigrava borec protiv kriminal...istiot onoj dzeljo sto na somnitelen nacin delese ednokratna paricna pomos...istiot onoj dzeljo sto se zdrobi od renoviranja kabineti....go povikuvam mvr da vleze vo ministerstvo za trud i da gi proveri tenderite za renoviranja kabineti i da proveri kako dzeljovci delea ednokratna pomos pa da vidime dali dzeljo ke zavrsi vo sutka
Од: blaze m.
Датум: 22.04.2010 15:44:11
Gospogo Mehmeti kade ima poigolem nacionalizam od vashiot rodeni vo Makedonija vie se ushte se kazuvate Albanka iako toa e samo vashe poteklo, ali vie treba da ste pred sve Makedonka od Albansko poteklo, taka ke se osekavte akol bevte rodena vo USA,Germanija,Avstralija i site drugi drzavi, poglednetego precekot na Albanskiot Presedatel vo Tetovo samo Albanski znaminja, dali toa se slucuvashe vo Albanija ili vo Makedonija kade beshe makedonskoto ili ako sakate Drzavnoto zname, DALI TOA NE E NACIONALIZAM, i ilijada drugi primeri ako sakateda ima sozivot i treba da rabotite na toa a ne da igrate politika vo ime na nacionalizam i stvarate razdor meguverskite zaednici oti vo Makedonija treba site da se oskat prvo Makedonciso poteklo od drugi nacionalnosti