Од ДИК амбициозно најавија дека ќе нема спас за јавните и за државните службеници за кои ќе се утврди инволвираност во изборни манипулации, со поведување дисциплинска постапка. Тоа значи дека под лупа за несовесно извршување на изборните задачи може да се најдат илјада изборни службеници
„Мост“ апелира до ДИК да ги санкционира административците кои учествуваа во нарушувањата
Катица Чангова
Изборите завршија пред повеќе од еден месец. Законодавната власт се конституира, а пратениците турбо штанцаат закони. Победничките партии се договорија за коалицирање. Владата е веќе стокмена, се знаат имињата на министрите и само денови се во прашање кога ќе го почне мандатот.
Сепак, оваа постизборна слика не е целосно комплетирана. Барем не онака како што сите очекуваа, со ригорозни казни за нерегуларности во текот на изборите. Некој како да заборави на санкциите за изборната администрација во комисиите и во одборите кои кумуваа на незаконитостите. Зарем е можно вакво нешто кога уште силно одѕвонуваат острите укори од меѓународните мисии и од нивните претставници во Македонија. Тие бараа од надлежните институции ургентно да реагираат и да ги решат случаите поврзани со изборите.
Дека дел од членовите на администрацијата биле вклучени во сериозни нарушувања на изборниот процес и во местенки на резултатите, потврди највисокото изборно тело. Државната изборна комисија без дилеми реши да се поништи гласањето на околу 200 гласачки места, што беше речиси десет проценти од изборната територија. Сето тоа беше поткрепено со материјални докази или за повеќето од нив основата за поништување беше идентична - вишок ливчиња во гласачки кутии, исти потписи на избирачкиот список, исчезнати записници, печати, изводи... Јавноста следеше директен телевизиски пренос за тоа како во одредени реони се фалсификувале изборите.
Државната изборна комисија меѓу два изборни круга, пред еден месец, веројатно инспирирана од лошите оцени за процесот, ја засили својата активност на овој план разрешувајќи претседатели на шест општински изборни комисии. Токму на изборниот терен што го покриваа ОИК Брвеница, Тетово, Боговиње, Гостивар, Липково и во Сарај се случија најголемите изборни ујдурми.
Од ДИК амбициозно најавија дека ќе нема спас за јавните и за државните службеници за кои ќе се утврди инволвираност во изборни манипулации, со поведување дисциплинска постапка. Тоа значи дека под лупа за несовесно извршување на изборните задачи може да се најдат илјада изборни службеници. ДИК им наложи на општинските комисии да ги разрешат членовите на одборите на местата со инциденти и неправилности. Од ДИК најавија силно и енергично темпо за контрола на законитоста во работењето на изборната администрација.
„ДИК ќе бара одговорност од членови на ОИК, но ќе се расчисти и со вината кај претседатели и членови на избирачките одбори“, изјави претседателот на ДИК, Јован Јосифовски.
Но, ништо не се случува. Иако ДИК постави рокови до општинските комисии за отчет, тие затаија во обврската. Од 84 ОИК, извештаи до ДИК доставиле малку повеќе од половината. Никаква реакција нема од Државната изборна комисија.
Граѓанската асоцијација „Мост“ повеќе пати во текот на процесот ги повика надлежните институции да ги лоцираат и соодветно да ги санкционираат прекршителите на Изборниот законик. Ова особено се однесуваше на членовите на изборните органи, затоа што согласно со Законот тие треба да се грижат за законито спроведување на постапката на гласање.
„За жал, досега не бевме сведоци на изречени казни за членови на изборните органи, па дури нема ни поведени постапки. Апелираме до ДИК да ги посочи и да ги санкционира сите членови на изборната администрација кои учествуваа во нарушување на изборниот процес“, изјави Дарко Алексов, извршен директор на „Мост“ .
Експертите тврдат дека на предвремените избори Македонија го платила данокот на партизацијата на јавната и на државната администрација. Тоа, според нив, истовремено е данок и на правичната и соодветна застапеност, која наместо квалитет и процедура, дава партиска послушност и убеденост за ослободување од каква било одговорност.
Тие поучуваат на Законот за државните службеници од 2006 во кој изборните измами сторени од државен службеник како член на изборен орган се оквалификувани се како дисциплински престап. Законот предвидува една единствена казна - престанок на вработувањето. Единствен орган кој може да поднесе иницијатива за ваква дисциплинска одговорност на членовите на изборните органи е Државната изборна комисија.
„Ако ДИК не пресече, тогаш пројавените слабости околу ангажманот на административците ќе станат изборен фолклор. Постојано ќе се повторуваат и на сите наредни локални, претседателски и парламентарни избори“, категоричен е професорот по управно право и декан на скопскиот Правен факултет, Борче Давитковски.
Како клучниот орган во изборниот процес во државата нема време да расправа за одговорноста на членовите на избирачките одбори, онаму каде изборите се одвивале со употреба на оружје?- прашува Ана Павловска – Данева, доцент на Правниот факултет во колумна за „Утрински весник“.
„Одлуката за разрешување на шестмина претседатели на општински комисии зборува за фактот дека овие луѓе (и не само тие) сносат одговорност за изборните инциденти. Тоа се државни службеници, луѓе кои треба да ги спроведуваат во живот донесените закони и да им служат на граѓаните како сервис за реализација на нивните права и правни интереси, а не да бидат ставени на услуга на политичките моќници. Државата дозволила, начелото на сервисна ориентација на администрацијата кон граѓаните, да се претвори во сервисна ориентација кон партиските лидери. Иако ова не е проблем од вчера, тој мора да се реши веднаш“, потенцира Павловска - Данева.
Напротив, наместо казни, некои државни службеници добија награда и до 60% од нивнта плата, за добро извршената работа.
Од: gimce
Датум: 21.07.2008 08:26:28
Zasto da gi kaznime, ke ni trebaat i za drugi izborni ciklusi, i taka nema nikade da odime pa uste edno 7-8 godini ke izigruvame demokratija
Од: Државен Службеник
Датум: 21.07.2008 08:39:05
Точно е дека и државни службеници боле вмешани во изборните нерегуларности, и тие под итно треба да се санкционираат.
Но во анализата на професорката фали нешто, односно фали најважното. Лесно е да се делат откази на ДС, но за колку од тие ДС дента на изборите се грижела државата.
НЕЛИ. државниот службеник мора да прифати да биде дел од изборниот процес, КАДЕ е безбедноста која треба да ја пружи државата???ИЗОСТАНА.
На изборите од 1 јуни државата беже на страна на насилниците, на оние кои полнеа кутии, додека Државните службеници беа само декор на тој процес (многумина од нив со оружје во глава).
Е па ДРАГА ПРОФЕСОРКЕ, под овие услови лоцирај ја сега вината, и одговорноста на , не сите, туку мнозинството ДС во изборните органи, бидејќи има и такви кои навистина заслужуваат да бидат санкционирани.
Од: emil
Датум: 21.07.2008 08:43:29
Jas mislam deka najdemokratsi ke se raspadne drzavata na polisi.
Од: Стариот Бате
Датум: 21.07.2008 09:29:13
Секогаш се бараат мали души. Изборните циркуси беа организирани од врхушките на власта. Зошто не истражите и напишете за купувањето на гласови, за лицата кои со државни пари принудуваа гласачи, за лицата кои со сила и закани ги спречуваа гласачите да излезат на гласање и друго. За тоа Гујо ќе се налуте, бидејќи тој е директен учесник. Ќе боле за тоа, но директно ќе се навлезе во проблемот.
Од: iskren
Датум: 21.07.2008 10:13:04
Sekoja cest na lugeto koi sto ja vodaat (vodele) ovaa vlada sto na perfiden nacin uspevat da go sokrijat krazbata , zlostorstvoto i ucenite koi se slucuvaat vo istocna makedonija.Sive ovie godini kal se frlase na zapadniot del na drzavata ( akterite sekogas se na scena, i mnogu dobro ja igraat ulogata ) a vo drugiot del demokratija na nivo !!!. E luge luge, odete malku vo tie kraista, sela videte a i prasajte gi na koj nacin se zemaat glasovite.Nie i demokratija hahahahah, no krajot ke si dojde, a cenata ke bide preskapa, vinovnicite ke bidat tokmu oni koi sto ja vodela drzavata, a fakturata ke bide na drugi zapisana...toa e,
Од: jas
Датум: 21.07.2008 10:48:12
Na site neka vi e jasno deka ovie izbori se neviden falsifikatk zatoa sto policijata da gi stitese narusuvacite na izborniot proces
Од: petko
Датум: 21.07.2008 19:13:43
Prvo videte go prtsedatelot na sto lici i ke vi bide jasno kakvi izbori imavme , a za drugo treba da go prasa premierot kogo ako prasate kolku patriotski proizvodi kupil ke se razocarate .