Брoj 2742  понеделник, 21 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Македонски состојби

Македонија: власт без контрола

Манчо Митевски

„Храмот на демократијата“ постепено станува „срам на демократијата!“

По новиот „спектакл за забава на народот“, апсењето на еден од најуспешните градоначалници во земјата, кој наедно е и потпретседател на најголемата опозициска партија, во „храмот на демократијата“, на кој се' повеќе му личи епитетот „срам на демократијата“, нема веќе неистомисленици. Опозицијата, како контролор на власта, на неодредено време го напушти парламентот, така што на старо-новиот лидер на власта му се оствари желбата да владее без приговорите и опструкциите на опозицијата, иако мнозинството не и' придаваше некакво значење и кога беше во салата за пленарни седници. Во новонастанатата ситуација, пратениците на владејачкото мнозинство едновремено се и послушна гласачка машина со која управува техничката влада и нејзин контролор! Иако по дефиниција демократијата е збир на процедури, спикерот со „сто за десет дена“ лиферува закони само по итна постапка, небаре Македонија е во војна - без уставните и деловничките процедури, без законските рокови за доставување на законите до пратениците, речиси без дискусија и амандмани! Дури, се случи и пикантерија за „Гинис“, да се донесе ребаланс на буџетот со „корекција“ тешка повеќе од четвртина милијарда евра, за само два-три часа, како да станува збор за верификација на мандатот на некој пратеник! Сето тоа се објаснува најпоедноставено и од позиција на моќ: ние ја добивме довербата на народот и имаме мнозинство да донесуваме одлуки!

За жал, за и онака кревката македонска демократија, и во вториот мандат ВМРО-ДПМНЕ продолжува со процесот на реконструкција, односно реконституција на институциите според идеолошката матрица на партискиот врв. Тоа значи кадровско екипирање на институциите со партиски функционери и партиски војници на владејачките партии или, едноставно кажано, партизација на институциите. Откако овој процес брзо заврши во државните органи и јавните установи во претходните две години, сега е во тек глазурата, она најбитното - остварување партиска превласт во судските и во контролните институции. Судскиот совет постојано е на линија на власта. Управниот суд е поставен според моделот на првиот човек на правдата. Во Врховниот суд на експресен начин, поранешен адвокат, само што беше избран за судија, стана претседател, а според неговото сфаќање на правото, кумството со спикерот на Собранието било приватна работа! Засега пред партискиот налет опстојува само Уставниот суд, но тешко дека долго ќе издржи, оти упадот најверојатно ќе биде при пополнувањето на испразнетите места. Државната антикорупциска комисија не е веќе она што беше порано. Наместо со афирмирани правници, пополнета е со личности кои потекнуваат од државниот или од јавниот сектор, кои по мандатот треба повторно да се вратат назад, па затоа бркаат корупција во власта, но не на актуелната, туку главно на поранешната. Поради распуштањето на парламентот и изборите, не функционира контролата на МВР и на тајните служби речиси половина година. Цивилниот сектор е обесхрабрен поради игнорантскиот однос на власта кон неговите укажувања и сугестии, но и поради изумот на владејачката партија да формира свој паралелен „невладин“ сектор, кој има функција за дезориентација на јавноста и за отапување на острицата на вистинскиот невладин сектор.

Поради сите овие работи кои веќе не можат да се кријат, Македонија подолго време од меѓународниот фактор се третира како недорасната демократија, а во последниот период како демократија што назадува. Македонија, не само поради спорот за името со Грција, туку и поради сето ова тешко дека ќе добие покана за НАТО, уште помалку во догледно време ќе добие датум за преговори со ЕУ, но сигурно ќе остане изолирана. Советот на Европа размислува за враќање на мониторингот врз процесите во земјата, фаза која беше одамна надмината.


Статијата е прочитана 1327 пати.

Испрати коментар

Од: Slavco Matevski
Датум: 21.07.2008 02:06:49
Jas bi ve koregiral i bi rekol poradi ogromniot kriminal koj vasite oligarsi od SDSM go napravija i seuste go pravat nasata reputacija e NULA!!!So ULICNA demokratija nisto ne praite,cista blamaza.Taka bese i so Buckovski,sega so Zaev a ako se pronajde koi se vinovnicite od "PROFITABILNATA PRIVATIZACIJA" i kolapsot na privatnite stedilnici-togas ovie vasite sekoj den bi bile na ulica"da protestiraat protiv totalitarizmot".Vo Makedonija imase i seuste ima NEKONTROLIRAN KRIMINAL od strana na SDSM-toa e mojata korekcija do vas.P.S-bidete barem troshka objektivni.Za zal OBJEKTIVNOSTA vo vasive statii e MISLENA IMENKA!Tekstov kako i obicno nema da go objavite-but who cares!
Од: monitor
Датум: 21.07.2008 02:35:22
Mozebi demokratijata i ne e dorasnata am agrupata kolumsnisti okolu vesnikov odamna ja imaat prerasnatao i prezavakano ovaa Makedonija. Kutrata drzava, nikako da se prestroi za da im se dopadne. EU ne treba da praca grupa za monitoring, pa takva grupa veke odamna postoi ovde. Podocna moze da se transformir vo "vlada na spas"... Ubavite vreminja za Makedonija se na pat
Од: trpce
Датум: 21.07.2008 02:40:35
manco!mnogu si za sdsm!
Од: novinar - penzioner
Датум: 21.07.2008 02:42:57
Milco,vrtis sukas vodata si ja teras na sdsm-ovskata vodenica. Demek Rada znae receptata za NATO i EU ama lutna e na narodo ta ne ja kazuva,kako za 6 meseca vo NATO I EU.Mizi Asan-da ti bajam. Oni se izbereni i plateni za vo parlamento a ne za ulicari. Sovetuvam:Koj pratenik ne odi na sednici da ne mu se dava plata,da nema privilegii.Parla-demek duma,zboruva govori - parlamentarec covek koj se bori za svoite stavovi zboruvajki vo parlamentot. Ne mozat bez vlast poveke od dve godini,ke si prodadat ne imeto,tuku se zivo i divo samo da se dokopaat do vlast.Sramota.A ako se V.Milcin i S.Ordanoski nevladin sektor jas sum PILOT na mlazen avion
Од: nepartiski vojnik
Датум: 21.07.2008 04:42:14
Se nazira krajot na opstojuvanjeto na 18-godisnata suverena i samostojna makedonska drzava.Sinovite,vnucite i pravnucite na makedonskite dusmani,sorabotnici na srpskata i bugarskata vlast,se zedni kako za krv,taka i za pari,tocno kako sto praveja nivnite stari.Plukaat po liberalnite i socijaldemokratskite politicari i izbiraci i sproveduvaat strahovlada vo dotolcenata Makedonija.Najverojatno eden den ke platat za ovie zulumi,no dali toa ke bide vo Makedonija,ili vo nekakvo surogat drzavno socinenie-doprva ke vidime.Aram da vi e makedonci sto donesovte na vlast vakvi zverovi!
Од: jimmy1
Датум: 21.07.2008 07:19:22
E pa nema sto drugo da se ocekuva od Fasisticko-Teroristicka Vlada. Ova sto denes se slucuva kaj nas go nemalo nitu vo Fasisticka Germanija za vreme na fasizmot, zosto i togas postoel nekakov zakon i ustav, no za nasive sega ne vazi nokakov zakon, ustav nitu pak ima nekakva pravda koja mozi da se spravi so ovie duduci vo vladata. Poradi ova li VMRO-DPMNE barase samostalna Makedonija na celo so togasniot lider Lupco Gorgievski, najgolemiot svetski kradec koj od obicen ulicar postana najgolemiot bogatas, zaradi ova li baraa samostalna Makedonija, da kradat sve sto ke stignat, da zaposluvaat po familijarna i partiska osnova, da se zbogatuvaat na nedozvolen nacin i preku noc da prisvojuvaat drzavni imoti vo nivna privatna sopstvenost. Ovaa li e taa "demokratija" za koja tolku zboruvaa??? Imam edna slika koja go kazuva pravoto lice na Grujo, uste mu falat Hitlerovite musaki. Da e pratam vo Utrinski nema da e objavat, ali ke mu e ispratam na Grujo, pa mozebi ke svati kako se odnesuva.
Од: jovan
Датум: 21.07.2008 08:43:46
Toa sto Premierot nosi Zakoni ekspresno na sekoj 40 sekundi e eden problem, a drug problem e sto Zaev go privedoa a SDSM si dozvoli nova glupost pa protestira pred sudot kako vo vremeto na SKOEVECOT Tito koj ne priznaval nitu eden sud osven sudot na svojata partija. Vo sekoj slucaj SDSM so ovoj poteg povtorno napravi pogolema glupost od Gruevski koj navistina nepotrebno spektakularno go napravija ova so Zaev ,no badijla e koga pogolemata glupost na Rada so svircinjata pred sudot doprinesoa povtorno Gruevski da bide "vo pravo". Krajno krajno vreme e SDSM da se osvesti inaku krajot im se blizi.
Од: kole
Датум: 21.07.2008 08:57:40
Sostojbata vo Makedonija moze da se opise samo so eden zbor: Katastrofa!!! Kaj ke ne odvee ovaa VMRO-vska nepismena bratija samo Sevisniot znae... teski denovi za Makedonija...Prerodbata prodolzuva... Makedonija propagja...
Од: Стариот Бате
Датум: 21.07.2008 08:57:40
Преродбата продолжува во сто чекори, само проширена и надоградена. Што не е јасно, сите портокалово гледаат. Гујо за тоа лажеше, убедуваше, рекетираше и малтретираше. Сега некој сака да го разубеди, а тоа Гујо не може да го свари. Патриотизам на големо, фашизам на мала врата, ЕУ и НАТО кој ги прашува. Страдај Македонијо.
Од: Коко
Датум: 21.07.2008 10:05:53
Кој нашол да говори за улична демократија. Па ВМРО ја измисли уличната демократија. Потсетете се на шаторите во Жена парк. Од таму излегоа, сегашните млади "дрматори" на ВМРО. Сетете се на уличната демократија на наводното Здружение за светлина, кое правеше дар-мар во сообраќајот. Сетете се на сосотојбата во парламентот, кога сегашниот Премиер лупаше по бирото на Претседателот на парламентот. Затоа, подобро покријте се и не лафите многу.
Од: Boshko
Датум: 21.07.2008 10:09:52
До М.М. Немој да пишуваш повеке вакви работи оти ке те затворат и Тебе и сите Твои исто мисленици.
Од: Ситен пензионер
Датум: 21.07.2008 10:26:42
Секој оној што ќе се огреши по Законот и по Законот реба да одговара. Казната пак, треба да биде уште пголема доколку криминалецот е на повисокото општествено скалило и особено ако е политичар. Тука нетреба да се има прошка. Во случајот ’Заев“ нетгреба милост. Во криминалот нема политика. Доста се по затворите ситни криминалци а мозокот му го испија на народот криминалните политичари.
Од: Mihail Stojkovski
Датум: 21.07.2008 10:35:06
Prerodbata prodolzuva. Sekoj covek ima pravo na svoe mislenje, bez razlika dali e novinar, pravnik , ekonomist ili bilo sto i istoto moze da bide sprotivno na primer od mislenjeto na vladata. Taka e nasekade vo normalniot civiliziran svet. Samo vo Makedonija nasive vmrovci, ups Hunzi, ako nekoj kaze sprotivno misl;enje od toa na vladata, vednas mu se lepat etiketi, frcata zakani i slicno. kade so ovoj pamet be novonadezni Hunzi!!!!
Од: Неопределена
Датум: 21.07.2008 11:16:50
Чудни некои коментари читам. Еве да речеме јас сум партиски неопределна, но со чист образ можам да кажам дека ова што ни се случува денес e такаречи крајот на Македонија. Никој не спори дека СДСМ се служеше со криминал, но зарем во ВМРО сите се со чисти раце?? Далеку од тоа. Потезите што ги влечат се примитивни, и не и доликуваат на една демократска држава. Секој ден, еден бисер. Аман бре луѓе, во Охрид има бисери, но тие не се за извоз. Бидете внимателни. Да речеме дека Утрински важи за полево ориентиран весник. Но, едно треба да се знае. Колумните му даваат право на авторот да го даде сопственото мислење. Впрочем затоа и постојат. Не се работи за вест, туку за колумна. Во една декомратска држава сек��ј има право на свој глас. А мојов е следен. Власта да сe среди, затоа што нема да го дочека крајот на мандатот. Јас лично и предвидувам крај за 2 до 2,5 години. Поздрав до сите истомисленици, а и до оние кои не се. :)
Од: eleni
Датум: 21.07.2008 11:17:51
I vo britanskiot parlament se nosat denovive zakoni po itna postapka bez ucestvo na opozicijata,se ratifikuva expresno lisabonskiot dogovor iako opozicijata sakshe referendum.Na laburistite im se brza pred izbori. Vo Soedinetite drzavi se sprema impichment na Pretsedatelot Bush.Se blokira imenuvanjeto na nivniot ambasador vo Makedonija.Kohabitacija nema po naski i tamu . Ne sme za ginisovata kniga.Normalna drzava sme
Од: devicanecot
Датум: 21.07.2008 11:43:23
Манчо, малку слези на земјава, наша македонска. Го уапсија Кирета Тодоровски. Ако е од Битола, ама градоначалник на Аеродром. Од нивна партија. Ни збор не напиша. Го уапсија Ламбета од Охрид, алал им вера. Не можеше ли Бранко, Хари, или Бучко како премиери да го уапсат? Ете и тој е од ВМРО. Ги уапсија прилепчаните, мачето и незнам кои. Не можеше ли тоа да го направи Цане Чапраго. Не умееше, како прв човек на полиција, или е друго во прашање. Ајде, пробај со истражувачкото новинарство. А Рада излегла пред судот, да брани човек што навистина половина Струмица е негова? Па и таа нека се прекрсти наместо Струмица Заево нека биде, како СДСМ-овското Ќуркчиево (Гевгелија). Правдата треба да биде иста за сите кои се огрешиле од законот. Вакви еднострани написи не придонесуваат до тоа.
Од: A. Nikolov
Датум: 21.07.2008 11:51:26
Makedonija kako shto ima apsolutistichka vlast,so vladeenje na diktatura,treba da gi ukine lokalnite upravi.Treba se da se vrati na centralnata vlast.I taka i taka taa pali i gasi.Ako narodot smeta deka taka mu e dobro,neka bide po negovo.A premierot moze da se naznaci i za car.Baravte i gledajte vo 100 sliki nadogradeni.Kakov narod takva vlast.
Од: реалист
Датум: 21.07.2008 12:34:47
Кога се апсат лоповите вмровски тоа е маркетинг , а кога се апсат лоповите сдсмовски тоа е диктатура.Дајте бре да бидеме реални и да дозволиме Груевски да си ја работи работата бидејки за тоа доби мандатат а ако продолжи вака ке добие уште многу.
Од: за Славчо Матевски
Датум: 21.07.2008 12:56:08
Салавчо не е поентата дека аку ти пред мене си крадел сега оправдано е и јас да крадам,тогаш зошто ни е промена,довербата се дава на друг заради тие неправилности на претходниот со надеж дека другиот нема така се однесува.Тој што победил на избори ја добил довербата на гласачите заради ветувањата дека нема да ги прави грешките на претходникот,а заради тие грешки претходникот е казнет со одземање на власта.
Од: b.c
Датум: 21.07.2008 14:27:49
prerodbata prodolzuva 100 cekori ama samo neznam na kade izgleda nazad pa luge bre uste li ne vi e jasno deka se raboti na toa ovaa drzava da ne postoi ama ako ja znaete li taa trazeli ste gledajte e sega nema vreme za popraven se sekavam imase edna reklama mnogu ja osuduvaa ama ispadna deka bila dobra posle 1 juli nema kajanje epa nazdravje makedonski narode
Од: Makedonija
Датум: 21.07.2008 15:20:49
Погледнете до каде стасаа работите творците на уличната демократија не учат што е тоа правна држава и парламентарна демократија -аман бре Вмровчиња па начинот на кој што владеете во овие две години така да владееше СДСМ , во Македонија не што целата ке беше блокирана туку денеска ке имаше 100% граганска војна.
Од: milco
Датум: 21.07.2008 16:52:44
i ulicna demokratija e podobra od kriminal
Од: krste
Датум: 21.07.2008 18:49:52
Manco, odlicen ti e napisot, sostojbata odnosno tragedijata sto ja snajde Makedonija slikovito ja prikazuvas, a toa sto sirotite VMRO-vcinja ne se svesni za toa, toa e nivni problem... tolku im dal Gospod. Samo uste 3-4 meseci pa i samite VMRO-vcinja ke si ja osetat Prerodbata vo 111 cekori... samo da im dojdat smetkite za struja, parno, togas ubavo ke si ja osetat Prerodbata od Grujo Kan od Pakistan... Aferim Makedonijo... sama si glasase...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Се' уште може да се фати возот за НАТО
Зденко
Претходен број
Три илјади Македонци во Овчарани му одговорија на Караманлис
Андов се повлече, Борче Стојановски нов претседател на ЛП
Светското првенство може да започне
Фискални патриометри
Сефо семкарот од Прилеп направи веселба за внукот од 100 илјади евра
Драмата на Егејците (19)
Терсене темпора, терсене морес
Изборите завршија, ама казните се заборавија
Привршува изградбата на обиколницата на Скопје
Карикатура
Verbatim