Филмски портрет на Ацо Алексов
Вечерва во малата сала во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 19,30 часот, Тивериополската филмска алијанса ќе го промовира документарниот портрет за Ацо Алексов (1932-2005). Документарецот комплетно е посветен на Ацо Алексов, доајенот на македонската театарска, филмска и ТВ режија, а е во продукција на МТВ. Овој нов проект е во режија на Томислав Алексов, чие е и сценариото, тонот е на Филип Поповски, светлото на Аце Велевски, камерата на Александар Касапинов и монтажата на Едип Салих. Со оваа проекција продолжува циклусот на Тивериополските филмски вечери во Струмица, во знак на авторите кои потекнуваат од овој крај. (К.Р.) |