Број 2850  сабота, 29 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Ќе биде ли „трета среќа“ за тендерот за нобеловците

В понеделник истекува рокот за тендерот на Министерството за култура за долгонајавуваниот проект „Нобеловци

Невена Поповска

По двата неуспешни обиди да се избере издавач за проектот „Нобеловци“, Министерството за култура распиша тендер по трет пат, чиј рок истекува в понеделник. Минатите два тендери беа поништени со образложение дека биле понудени цени и услови кои се понеповолни од реалните на пазарот и поради битните повреди на Законот за јавни набавки. На ова, учесниците на првиот тендер, Група економски оператори и издавачи: „Табернакул“, „Магор“, „Темплум“, „Слово“, „Македонска реч“ и „Логос-А“ и печатниците: „Југореклам“, „Абакус комерц“ и „Наумовски“, реагираа дека „изготвената тендерска документација за издавање на „Нобеловци“ е во спротивност со Законот за јавните набавки, со што е доведено до дискриминација на економските оператори и ограничување на пазарната конкуренција.“ Според нив, „тендерот за издавање „Нобеловци“ е незаконски.

Од Министерството за култура стојат на изјавите дека причините поради кои досега беа поништени тендерите се должат на тоа што сите учесници на тендерот доставиле цена која е повисока од предвидената, доставиле некомплетна документација, а изготвената тендерска документација која се однесува на способност за вршење на професионална состојба на економскиот оператор била спротивна на Законот за јавни набавки.

Учесниците на вториот тендер не се соопштуваат, но факт е дека и нивните понуди не беа прифатени од истите причини. Инаку, проектот „Нобеловци“ предвидено е да содржи 104 наслови и да има 27 илјади страници. Според ова, треба сериозно да се изготви и реализира овој проект, а во Македонија досега се објавени само мал дел од нобеловците.

Со проектот „Нобеловци“ Владата се заложи да овозможи објавување дела од оние добитници на Нобеловата награда што воопшто ги немаме на македонски јазик, оние дела кои се веќе објавени ќе бидат изземени, а нобеловците ќе бидат преведени од англиски, германски и француски јазик, или од некој трет јазик.

Македонија ги нема преведено поголемиот дел од делата на нобеловците, што е сериозен пропуст за една национална литература, но од друга страна уште пред истекот на тендерот, издавачите најверојатно водени од побарувањата на пазарот, некако повеќе се заложија за објавување токму на овие наслови. Така, досега издавачката куќа „Слово“ редовно објавуваше дела од авторите кои добиле Нобелова награда за литература, и како што најавуваат, со оваа практика ќе продолжат и во иднина. Книга од минатогодишната добитничка на престижното признание за литература, Дорис Лесинг, лани објави „Матица“, а не толку одамна книги од Нобеловци објавуваа и „Култура“ и „Детска радост“. Значи, досега македонскиот читател можеше да ги прочита на македонски делата на: Најпол, Куци, Пинтер, Памук, Јелинек итн. Неодамна издавачката куќа „Ѓурѓа“ ги објави и делата на Хесе и Пирандело. Така што додека заврши тендерот за превод и објавување на досегашните нобеловци, издавачите веќе ќе објават голем дел од насловите. И ако и овојпат тендерот не успее, се поставува прашањето дали реализацијата на проектот „Нобеловци“ ќе претставува само залудно потрошени пари, бидејќи истиот ќе треба да ги содржи веќе објавените книги на нобеловците.


Статијата е прочитана 200 пати.

Испрати коментар

Од: Chitatelka
Датум: 29.11.2008 11:58:08
I da e edna kniga objavena dva pati, ne prechi, poradi toa shto dobro e da se imaat razlichni prevodi. Neretko prevodite ne se dobri, pa od dva mozhebi podbriot kje mozhe da go izbereme. Se nadevam ovoj proekt kje uspee bidejki e mnogu potreben.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Уметникот е опсерватор на непредвидливото
Соопштени добитниците на „Св. Климент Охридски“
Филмски портрет на Ацо Алексов