Соопштени добитниците на „Св. Климент Охридски“
Добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“ во областа на воспитанието и образованието за 2008 година, се Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура од Скопје и Агим Рушити, професор по математика од Куманово. Во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на проф. д-р Вера Битракова-Грозданова, археолог од Скопје, и на Миле Бошески, библиотекар-советник од Скопје. Во областа на здравството, наградата ќе ја добие проф. д-р Самуел Садикарио, ендокринолог од Скопје.
Одлуката ја донесе Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски’’, под претседателство на академик Крум Томовски, а на добитниците ќе им биде врачена во Собранието на РМ на 8 декември - Денот на Св. Климент Охридски. Оваа награда е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата на човековата околина. |