Број 3259  петок, 16 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Дипломатски магазин

Site Meter
Култура

Режисерот Иштван Сабо доаѓа во Македонија

На филмскиот маг, Кинотека ќе му додели повелба за особен придонес во светската кинематографија

Катерина Богоева

Еден од најзначајните унгарски и светски филмски режисери и сценаристи, Иштван Сабо на 19 април доаѓа во земјава. Утредента, во 20 часот во Кинотеката на Македонија од страна на оваа институција ќе му биде доделена повелба за особен придонес во светската кинематографија, а во 12 часот, Сабо ќе има и отворена средба со новинарите и со заинтересираните познавачи и почитувачи на неговите филмови.

Со прикажување на филмот „Мефисто“, снимен во 1981 година и награден со Оскар за најдобар странски филм, вечерта ќе започне ретроспективното прикажување на селектиран дел од неговото творештво, шет филма каде спаѓа и познатата трилогија која освен „Мефисто“ ја чинат и „Полковникот Редл“ (1985) и „Астрологот на Хитлер“ (1988). До 25 април, секоја вечер во исто време ќе бидат прикажувани и филмовите „Драга Ема, сладок Боб - скици, актови“(1992), „Сончевина“(1999) и „Роднини“ (2006). Од 22 до 27 април , ретроспективата ќе биде прикажана и во Центарот за култура во Битола.

Заедно со режисерот ќе пристигне и неговата сопруга, директорката на Националниот филмски архив на Унгарија, Вера Ѓуреј. Архив се смета за една од најголемите институции од ваков вид во Централна Европа, а со Кинотеката на Македонија веќе има изградено повеќегодишна, добра соработка. При преселбата во сегашните простории, Кинотеката на подарок од него веќе добила 65 филма, на 16 мм филмска лента.

Директорката на Кинотеката, Мими Ѓоргоска - Илиевска на вчера одржаната прес- конференција говорејќи за големината на Сабо, посочи дека е автор на повеќе од 30 филма, но и дека снимал не само на унгарски, туку и на други јазици. Нагласи и дека со овој настан продолжува добрата културна соработка меѓу двете земји.

Освен Кинотека во неговата организација како партнери учествуваат и Дирекцијата за култура и уметност, Унгарската амбасада во Македонија и унгарскиот Институт „Балаши“ кој делува на полето на образованието и ширењето на унгарската културата во светот. „Иштван Сабо и покрај возраста и здравствената состојба, сакаше лично да присуствува на ретроспективното прикажување на своите филмови, бидејќи смета дека филмското творештво во Македонија има добра традиција“, меѓудругото потенцираше претставничката на „Балаши“, Шарлота Папај.

Иштван Сабо е роден во 1938 година во Будимпешта каде и завршил Академија за театарска и филмска уметност. Во 1964 година го снимил својот прв игран филм „Време на сонување“, а во 60 - тите и 70 - тите режирал авторски филмови кои ја поврзувале современоста со историјата. Историјата на Централна Европа, од Австроунгарската империја до Варшавскиот пакт се смета за клуч во разбирањето на неговите филмови и нивната симболичка структура. Се стекнал со меѓународна репутација и слава како режисер со „Мефисто“, но освоил и повеќе други значајни награди, меѓу кои и „Бафта“, „Сребрена мечка“ и др. Повеќе пати е наградуван и како сценарист.


#
Статијата е прочитана 223 пати.

Испрати коментар

Од: bramoni
Датум: 16.04.2010 00:46:59
Nastan sto ne smee da se propusti. Konecno da zalicime na metropola.

Најди! во Утрински
Култура
Низ пеколот и чистилиштето со „Третиот“
Десет години „Макавеј“
Раде Силјан одбележа два јубилеја
„Тупаница полна љубов“ го воодушеви Берлин