Број 3259  петок, 16 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Дипломатски магазин

Site Meter
Култура

Десет години „Макавеј“

Во рамките на Саемот на книгата издавачката куќа „Макавеј“ одбележа 10 години постоење. Издавачот „Макавеј“ веќе десетта година уверливо ги афирмира најистакнатите авторски пројави во македонскиот книжевен и културен простор. Освен тоа таа афирмира и преводна литература на македонски јазик, како и дела од македонската литература на други јазици. Во сите години од постоењето тие покажуваат посебна грижа за македонските млади автори, а со афирмираните творци поети, прозаисти, научници и преведувачи постигнуваат високи дострели во одделни области. Така, романот „Нишан“ од Блаже Миневски ги освои наградите: „Роман на годината“ на „Утрински весник“ и наградата „Стале Попов“, поетските книги „Штит“ од Радован Павловски, „Столисник“ од Вена Ацевска и „Големата љубовна песна“ од Братислав Ташковски ја освоија наградата „Браќа Миладиновци“, книгата „Вечноста и мигот“ од Бранко Цветкоски – наградата „Димитар Митрев“, а поетските дела на Ристо Јачев, Јордан Даниловски, Иван Чаповски, академик Катица Ќулавкова, Трајан Петровски и други се постојани автори на едицијата за македонската современа поезија.

Секоја издавачка сезона, „Макавеј“ води грижа и застапува во својата едиција за преводи видни светски, балкански и домашни автори од немакедонска националност. Во изминатите сезони објавија преводи на врвни дела од Васко Попа, Назим Хикмет, Владо Даверов, Костас Валетас, Новица Тадиќ, Марко Семов, како и од македонските поети од другите етникуми – ак. Луан Старова, Илхами Емин, Ким Мехмети, Фахри Али, Нехас Сопај, Линдита Ахмети и др.

Владимир Цветкоски, уредник во „Макавеј“ по повод јубилејот ни изјави:„По десет години постоење, и по 300 објавени наслови од домашната и светска творечка и научна мисла, можам да кажам дека сепак, останува уште многу да се поработи врз некои одделни аспекти од работата на ’Макавеј‘. Ако во изминатиот период прележу��авме разни ‘детски болести’, во наредниот период треба да дадеме се' од себе да растеме и да се развиваме. Од името на сите во Макавеј им благодарам на нашите автори и на медиумите за конструктувната соработка. Нашата десетгодишнина е убав повод да ги поканам сите наши автори, преведувачи, читатели и пријатели да не' посетат на нашиот штанд на годинашниот саем на книгата.“ (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 233 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Низ пеколот и чистилиштето со „Третиот“
Раде Силјан одбележа два јубилеја
Режисерот Иштван Сабо доаѓа во Македонија
„Тупаница полна љубов“ го воодушеви Берлин