Број 2937  понеделник, 16 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија

Швајцарија ги олабави банкарските тајни

Лондон - Швајцарската влада објави олеснување на правилата за банкарска тајна, со што швајцарските финансиски институции ќе можат да соработуваат со меѓународната истрага за даночна евазија. ЕК соопшти дека измените ќе водат кон подобро раководење. Швајцарија ова го прави под притисок на земји како што се САД, Германија и Франција, кои сакаат информации за наводните даночни измамници.

Швајцарскиот министер за финансии смета дека земјата се' уште ќе биде привлечна за штедачите, но претставник на опозицијата ја критикуваше Владата дека потклекнала пред меѓународниот притисок.

Париз, Берлин и Вашингтон ги предводат обидите за меѓународно справување со даночните прибежишта, а темата ќе биде високо на дневниот ред на економскиот самит на Г-20 во Лондон.

Токму пред неговото одржување, поголем број даночни прибежишта, меѓу кои и Швајцарија, ненадејно објавија реформи на долго почитуваните закони за банкарска тајна. Сите тие сакаат да излезат од проширената црна листа на даночни прибежишта, која веројатно ќе биде објавена на самитот. Идејата е земјите од црната листа да бидат предмет на санкции, што би можело да предвиди и автоматско задржување на даноците од приливот кој би доаѓал од даночните прибежишта. (МИА)


Статијата е прочитана 579 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Денес последен ден за пријавите, кој заборавил - казна
Груевски ни вети решение, сега да не се оградува од нас
Целосно усогласен секторот на телекомуникации
Богатите се обврзаа на траен напор за обнова на економијата