Број 2850  сабота, 29 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Американско збогум за македонските војници

Мисијата во Ирак е едно од најдрагоцените искуства на македонската армија

КАМПОТ ТАЏИ, Ирак - По 11 ротации од почетокот на операцијата „Слобода за Ирак“, македонските војници го завршуваат нивното учество во мисијата на коалиционите сили. Церемонијата на завршување на мисијата беше „горчливо-слатка“ за коалиционите сили со оглед на тоа дека овој долгогодишен партнер го затвора поглавјето на своето партнерство во Ирак. „Околу 450 војници поминаа низ мисијата и големо искуство е донесено во Република Македонија и за војниците од Македонија“, изјави полковникот Круме Велков, директор во Генералштабот на вооружените сили на Република Македонија. „Ова, секако, е многу значајно поглавје во нашата историја“.

Во изминатите пет години македонските војници се бореа рамо до рамо со коалиционите и беа сведоци на напредокот во Ирак. „Коалицијата имаше голема среќа да добие предадена помош од држави како Република Македонија. Тие стоеја рамо до рамо со коалиционите и ирачките безбедносни сили во изминатите неколку години“, изјави маринецот, генерал-мајорот Пол Лефебре, заменик- командант на мултинационалните сили во Ирак. „Поради вашите напори во изминатите пет години, безбедносните услови за илјадниците ирачки граѓани се многу подобрени“.

Македонско-коалиционото партнерство растеше и обезбедуваше тимска работа што го унапреди секој аспект на мисијата во северозападниот дел на Багдад. „Ние сме очевидци на извонредни достигнувања на македонските водови и затворање на ова поглавје на нашето партнерство тука, во Ирак“, изјави полковникот Тод Мекафри, командант на борбената единица на Втората ударна бригада, 25. пешадиска дивизија, Мултинационална дивизија - Багдад. „Партнерството со извонредните војници- Македонци многу ќе ни недостига“.

Македонските сили ги сочинуваа два вода: пешадиски безбедносен вод и вод командоси. До неодамна пешадискиот вод ја осигуруваше обезбедноста контролирајќи ги влезните пунктови во комбинираната оперативна база Таџи, додека, пак, беше партнер на Вториот баталјон, 11-от лесен артилериски полк. Тие ги опслужуваа влезовите и влезните пунктови каде што вршеа проверки на 4.000 лица и неколку илјади в��зила. Македонските специјалци ја поминаа нивната ротација со Првиот баталјон, 14. пешадиски полк „Златни змејови“, Вториот СБЦТ, 25. пешадиска дивизија. „Додека соработувавме со македонските специјални водови, тие беа апсолутно извонредни“, изјави мајорот Тод Вудраф, аѓутант, Прв баталјон, 14. пешадиски полк. „Нашето партнерство не можеше да биде поблиско. Војниците од „Златните змејови“ и македонските војници живееја и се бореа заедно и ја подобрија безбедноста во областа Тармија“. „Тие заминуваат дома со сознанието дека (ирачкиот) народ има безбедност и прекрасна иднина. Народот од Тармија голем дел од својата безбедност им ја должи на македонските специјалци. Многу ќе ни недостигаат, како и нивниот однос како партнери“, рече Вудраф.

Командантите на коалиционите и македонските сили разменија подароци, насмевки и ракувања за време на церемонијата. (Њус блејз)

 


Статијата е прочитана 1709 пати.

Испрати коментар

Од: marjan-viena
Датум: 29.11.2008 04:46:04
redno bese da se vratat doma nasite vojnici.
Од: Sadr City
Датум: 29.11.2008 08:08:04
Skoja cest za ARM i nivniot pridones tamu, No zasto nikoj ne gi spomnuva poveketo od 1000 civili contractori od MKD koi rabotat vo Irak i pridonesuvaat mnogu poveke za mirot i stabilnosta vo Iraq, daj pokazete malku pochit i za tie lugje tamu i tie se MAKEDONCI i se isto taka mnogu pochituvani od US-Army .
Од: iraqifreedom
Датум: 29.11.2008 11:22:12
Ispravka ako moze.Seraboti za okolu 5000 lica od koi samo od Kumanovo ima okolu 3000 koi za mesecna plata od okolu 4 500 $ rabotat za firmi koi ja servisiraat amerikanskata armija vo bazite sirum Iraq i Avganistan.Voedno pozdrav do site nasinci koi se naodjaat tamu i da si se vratat doma zivi i zdravi.!
Од: gugu:)
Датум: 29.11.2008 13:25:19
najmilo you are the best****** te cekame, ni nedostigas:) sekoja cest za hrabrosta i pridonesot milo
Од: kuvajt
Датум: 29.11.2008 19:52:12
Bravo ARM!!! Tocno deka treba da se spomnat site nasi makedonci zosto 4657(tocno) contractori od Republika Makedonija ja prestavuvaat i afirmiraat MKD pomegju site koaliciski sili a narocito Amerikanskata Vojska(US ARMY)i samo kako za podatok ARM e vece poznata i pofalena za hrabrosta od USMC(US MARINE CORP)bidejki licno rabotam so USMC.Golem pozdrav do hrabrite momci od MAKEDONIJA. DA ZIVEE MAKEDONIJA!!!!!
Од: commanddevil
Датум: 30.11.2008 10:59:50
vreme bese-ne treba da povekje prakjame vojnici vo okupatorski misii--pa ni pod izgovor za bozemna ,,demokratizacija,,

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
СОНК од понеделник во штрајк и со глад
Рајс
Мајер побара датум за Македонија