Број 2850  сабота, 29 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

СОНК од понеделник во штрајк и со глад

Цветановски за понеделник најави средби во Канцеларијата на ЕУ во Скопје и посета на претставници

Светлана Унковска

Претседателството и претседателите на регионалните одбори и на основните организации на СОНК на чело со синдикалниот лидер Дојчин Цветановски од понеделник стапуваат во штрајк со глад. Ова е последната одлука што беше донесена на вчерашните вонредни седници на Претседателството и на Советот на СОНК откако беше заклучено дека притисоците што се вршат од државните институции, преку локалната самоуправа и директорите на образовните установи за прекин на штрајкот се до степен на неиздржливост. Поради тоа, се' поголем е бројот на просветарите и на цели училишта кои одлучуваат да одржуваат настава, а како најранлива група кај која најмногу успеваат притисоците се наставниците со нерешен работен статус.

Како најеклатантен пример на притисок беше наведен писмениот допис од секретарот на Општина Карпош Хилда Ефтимова, доставен до директорите на основните училишта во кое се бара да достават списоци на членови во Советот на родители на училиштето, како и актуелни членови на училишните одбори, во кои треба да се наведат име и презиме на членовите на советите, односно училишните одбори, телефон и адреса, како што е наведено, за „потребите на градоначалникот на Општина Карпош“. Исто така, стои во дописот, потребно е секој класен раководител да достави број на ученици во класот, со име и презиме на ученикот и родителите, како и телефон.
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, вчера на прес конференција рече дека е изненаден од арогантниот однос на градоначалникот и неговите намери со „удбашки методи да ги заплашува граѓаните на општината“. Според него, децата мора да бидат заштитени од ваквите намери на градоначалникот кои се недозволени. Јакимовски додаде дека кога тој бил градоначалник на Општината, таа била гнездо на демократијата, што не е случај моментно.

Дали училиштата можат на своја рака да им достават списоци со лични податоци на општинските власти? Одговор побаравме од директорката на Дирекцијата за заштита на личните податоци Маријана Марушиќ, која ни изјави дека согласно со Законот што ја регулира оваа област, училиштата имаат право за собирање податоци за децата и нивните родители.

„Секое давање на овие податоци треба да биде поткрепено со законска основа, како и со согласност од родителите и членовите на училишните одбори. Доколку во дописот не е наведена законската основа, училиштата не би смееле да ги дадат податоците, зашто во спротивно го кршат законот и прават неовластено откривање на податоците“, вели Марушиќ.

Цветановски најави дека од понеделник ќе има средби во Канцеларијата на Европската унија во Скопје, а за испитување на состојбите пристигаат и високи претставници на Европската интернационала за образование.

„Од понеделник влегуваме во штрајк со глад. Претседателството донесе ваква одлука како најодговорно во Синдикатот за да се спротивставиме на ваков начин на се' пожестоките притисоци што се вршат врз професорите и врз синдикалното членство“, беше категоричен првиот синдикалец Дојчин Цветановски, кој ја соопшти одлуката вчера на вонредната седница на Советот на СОНК. На ова се приклучија и регионалните лидери на Синдикатот, кои најавија дека од понеделник и тие влегуваат во штрајк со глад. Советот на СОНК вчера не го изгласа предлогот на Цветановски да се донесе заклучок онаму каде што притисоците се неиздржливи, синдикалните основни организации сами да одлучат дали ќе работат или не, а СОНК таквата одлука да не ја смета како кршење на одредбите на Синдикатот.

„Кога синдикалците влегуваат во штрајк, мора да опстојат на какви било притисоци и уцени, а мора да бидат свесни дека патот што им претстои ќе мора да го изодат“, гласеше заклучокот на Советот. Донесена е и одлука да биде поднесено барање до сите надлежни државни институции и организации веднаш да се проверат сите наводи на Синдикатот за постојните притисоците и да преземат санкции во согласност со законите, а доколку јавно не го направат тоа, ќе значи дека државните институции го толерираат и не го санкционираат насилството, беше заклучено на затворената седница.

„Не апелирам, туку ги потсетувам надлежните државни органи во Македонија веднаш да преземат мерки и да бидат казнети сите лица, директори, локални моќници или државни службеници, односно да бидат разрешени од функциите. Кој им даде право во оваа држава, која е демократска, да го крши и да го доведува во прашање правото на штрајк со невидени притисоци што ќе остават последици во државава“, порача Цветановски.

Претходно, претседателите на регионалните синдикати поединечно ги пренесуваа состојбите со штрајкот. Генерално, сите се пожалија дека директорите заедно со претставници од локалната самоуправа, а во некои општини засилени и со службеници од Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат, вршат постојан притисок врз професорите да одржуваат часови. Во некои училишта се забранувал и влезот на регионалниот синдикален лидер, кој сакал да согледа каква е состојбата со штрајкот во тоа училиште. Пример беа наведени и кога професори, најмногу помладите на кои договорот за работа им истекувал овој месец, биле принудени да држат и да заведуваат часови, иако наставата се водела само на двајца-тројца ученици. Заканите оделе и дотаму што на оние просветни работници кои одбивале да држат настава им се заканувале дека на нивно место од понеделник ќе бидат повикани да работат волонтери. Според регионалниот синдикалец на Општина Центар, директорка на едно основно училиште го вршела притисокот на таков начин што токму деновиве одржувала државни испити за наставници-приправници. (Св.У.)


 


Статијата е прочитана 1136 пати.

Испрати коментар

Од: dame
Датум: 28.11.2008 22:41:46
mozebi za hranarinata bas nema sredstva vo budzetot,ama patarinata treba da i se zgolemi,zatoa shto cenata na prevozot vo ovie 3 god se pokaci 100%,isto taka ima golem broj na nastavnici koj sto rabotat nad 4 godini i zasluzhuvaat resenie no direktorite i ministerstvoto im gi matat rabotite.
Од: УБИЕНА ДЕМОКРАТИЈА-ДИКТАТУРА
Датум: 29.11.2008 01:41:16
Наведените искази се само мал дел од вистинската тортура и притисокот што се случува во училиштата. Директорите,веројатно под закана со разрешување, вршат невиден притисок врз вработените. Преку ден вршат притисoк на групи и поединци вработени - да одат на настава или ќе бидат заменети со волонтери, а во доцните попадневни часови (бидејќи се штрајкува претплдне, навечер училиштата се празно) го повикуваат телефонски секој наставник поединечно и на најразлични начини вршат притисок врз нив да ги повикаат телефонски учениците, правдајќи се дека ја штитат својата фотелја од заканите на министерот и градоначалниците (од владејачката партија) од разрешување. Упорно на владата поважни и се пари за скапи реклами. Но најголемиот грев на оваа влада е што со ваквите постапки ги манипулира учениците,кои кога утрото кога ќе дојдат на училиште (некои дури идат од село) наидуваат на одговорот дека наставниците се во штрајк и мораат да се вратат дома. НА ДУША НА ВЛАДАТА НЕКА И Е ОДЗЕМЕНИОТ ДЕТСКИ СОН
Од: Toni
Датум: 29.11.2008 01:42:16
Dobro toa,ama koga saglam ke izgladnat neka ne baraat medicinska pomos.Oti vo ovaa drzava ima i visokostrucni lugje koi zemaat mnogu poniski primanja od niv i ne strajkuvaat.Gi fatil besot.17 000 denari plus trosoci- i malku bile,a na toa i dosta od niv ima i nestrucni.Vladata pod hitno da najde zamena za nastavnickiot i profesorskiot kadar,dokolku ovie ne pocekaat do 2010 za pokacuvanje na platite.Koja sramota,jaz'k da vi e na site sto ucestvuvate vo ovoj sramen cin!!!Bezobrazluk.Inaku sum dipl.pravnik vraboten vo pivatna firma so mesecna neto plata od 12000 denari.Dosta poniska od prosvetarite neli???
Од: Мима
Датум: 29.11.2008 01:42:28
Ова што се случува е катастрофа!!!Наставниците имаат демократско право на избор,но друг им кажува што треба да одберат.Притисокот е присутен, тоа е непобитен факт, но никој нема храброст јавно да говори затоа што цената е да се загуби работното место.Целосна ��оддршка за СОНК нека издржат до крај, и нека ни простат на тие што не смееме да бидеме со нив!!!
Од: nastavnik
Датум: 29.11.2008 01:59:53
da rabotis so godini i da visis za rabotnovo mesto poradi toa sto ne si partiski aktiven a nesto katastrofalno..ima mnogu slucaji na luge ko ranotee so godini i poradi nemanje na resenie se ostraneti od rabota..brojkata ne e mala na ovie slucaji. atocno e toa kako sto napisal УБИЕНА ДЕМОКРАТИЈА-ДИКТАТУРА dka od strana na ministerot e pritisok golem kon gradonacalnicite i od nov do direktorite pa direktorite vrsat pritisok kon nastavnicite toa e vo trakvite ucilsta kade e prekinat strajkot..no neka ne misli vlkadata i ministerot deka narodot ne znae i ke im veruva na nivnite reklami kade se trosat 80.000 evra dnevno..patnite troskovi istotaka treba da se realni a na dojcin i na sonk halal neka im e vistina se za nastavnickiot gordost
Од: mkd
Датум: 29.11.2008 02:18:26
e stavarno ja preteraa ovie prosvetnite rabotnici,malce im bile 18.000 denari.sramota golema ,neka se setat deka ima luge sto rabotat i po 16 casa za samo 6\7 iljdi denari.pa kako im e na tie luge ,i kako tie ziveat so semejstvata.a ovie sega pak i so glad ke strajkuvale.a sdsm ke im turka pod miska sendvici da ne izgubat po nekoj gram od gladot.
Од: ljupco,bitola
Датум: 29.11.2008 02:42:25
Дојчин овојпат удира со главата во ѕид.Одбра погрешен тајминг и го нема потребното мнозинство во членството на синдикатот. Ќе го следиме првиот неуспешен штрајк на СОНК. Не сум против барањата на вработените во образованието,ама малку како да претераа. И на сето тоа ги злоупотребуваат децата за свои цели. Па каков пример даваат со тоа. Лелекањето дека власта врши притисок е исто така глупост.Секој штрајк,по дефиниција е своевиден притисок,и што очекуваа тие,дека владата мирно ќе седи и ќе гледа како цело школство е парализирано,заради нечија ароганција.Мало морген.
Од: dragan
Датум: 29.11.2008 04:32:29
nevidena glipost na prosvetarite ... sto ne strajkuvaat koga e leto , koga decata se na rasputs, zosto sega maltretiraat ne dolzni deca. A koga im sobiraat pari za klupi i stolcinja, togash decata imaat pari, bidejci nivnite roditeli zemaat po 6000 den. neka se zaprashaat malku kolku plata imaat budjetarite von skopje. neka vidat medicinskiot personal kolku ima plata . no neka ne gledaat vo Skopje , bidejci tamu e druga drzava.
Од: samo covek
Датум: 29.11.2008 05:57:53
Pritisokot od direktorite nikoj vraboten ne go dozivuva seriozno zatoa shto i mnogu ne gi bakarat direktorite, tie ne se direktori tuku partiski izvrshiteli. Zalosno e shto postoi informativen pritisok. Vcera na pres konferencijata vo Kisela Voda nieden novinar ne ja informirashe javnosta deka gospogjata lepa Shekjerova e nastavnik ama i sovetnik vo opshtinata od redovite na VMRO. Ubavo e da se znae zoshto taa i tie kako nea se protiv shtrajkot..Ovoj shtrajk e apel za pomosh za depolitizacija na ucilishtata. Od najavi shto kje se stori a nishto ne se stori na site im e preku glava. Kje ima kompjuteri, kje ima ucebnici, kje ima testiranja na nastavnicite (a nema na pratenicite) kje ima pokacuvanja, kje ima... So kje ne se izveduva nastava, so kje ne se rani semejstvo.
Од: do Toni i do site kako nego
Датум: 29.11.2008 06:17:30
A bre tokmak!!!! Ti si toj sto treba da se sramis. Ti si toj praviot bezobrazluk i sram za ovaa drzava. Od takvi kako tebe podlizurkovci i ligusi ne mozat rabotnicite da si gi ostvarat svoite prava. Mu se pikas vo zadnikot na Gruevski i vo dzebot nosis partiska kniska pa sees magla i treses zeleni. Da si dipl.pravnik bi gi znael pravata na rabotnikot no ti si ovcar bez gram skolo. NAPRED SONK - OSTVARUVAME
Од: nevrabotena
Датум: 29.11.2008 06:25:45
Jas mislam da gi ostavite da strajkuvt so glad kolku sto mozat podolgo a nie sto cekame i po 20 godini so fakultet za da se vrabotime vo prosveta da gi zamenime za stalno. Sto mislite za ova zar ne e pravedno?
Од: citatelka
Датум: 29.11.2008 08:30:49
sekoj si gi stiti svoite interesi, no dali nekoj razmislil kako sevo ova ke se odrazi vrz decata ? dali propusteniot materijal ke im bide ,,prosten,, ili ke go nadoknaduvaat so predavanje na dve lekcii odednas ili ucenje na sekoja sabota vo april ili maj kako sto bese slucaj pred nekolku godini koga strajkuvaa ! decata ne sedat doma, tie odat vo uciliste sekoj den pa odtamu gi vrakaat, ili sedat na skrateni casovi bezvezno, a toa nivno sekojdnevno bezvezno idenje kosta !!! prevozot i uzinkata na decata ne se besplatni !! mora da se najde nekoe resenie i decata da se vratat na nastava i da prestanat da bidat instrumenti za ostvaruvanje na necii celi !!! ucilistata se vospitno obrazovni institucii ! pa zarem ke gi ucime decata deka svoite prava vo idnina treba da gi ostvaruvaat so strajk ?
Од: Ilinka
Датум: 29.11.2008 08:33:26
Taka e! Dosta lapaa Dojcin i negovoto pretsedatelstvo, sega nega pogladuvaat i tie malku. I koga ce gladuvaat neka se setat deka nie nevrabotenite profesori so nasite semejstva i deca sekoj den so godini taka gladuvame.
Од: од внукот на ДЕЛЧЕВ
Датум: 29.11.2008 09:36:20
Можеби се во право што бараат од државата да им се плати за хранарина и патарина реалната вредност,но и државата треба од нив да побара реален вложен труд-оти секоја година истите тие праведници се послби и послаби генерации ученици продуцираат,со исклучок на вреедните меѓу нив,кој се малубројни.По се изгледа ќе им се деси онаа народната-ВОЛОТ РИЕ,АМА ЗЕМЈАТА НАГРБ МУ ПАЃА.После штрајкот,слабите и мрзеливи учители-сигурно државата ќе ги проретчи-впрочем тие сега се и најгласни-особено каде градоначалници се од редовите на СДСМ.
Од: Ѓорге
Датум: 29.11.2008 09:37:10
За време не постите ѓаволот најмногу работи. Дојчин под итно да оди во црква оти секој нареден чекор му е побезумен од претходниот. Нека гладува сам колку што сака, само да престане да малтретира околина.
Од: blagoja
Датум: 29.11.2008 10:09:32
neka im se pokaci hranarinata od 01.01.2009 za smetka na 10-te % pokacuvanje na platite. znaci prosvetarive odnosno rakovodstvoto na SONK treba da e svesno deka (i svesno e) deka tie se sredstvata predvideni so budzet od 2009g. Sonk ( Dojcin) samiot se zapletka vo ovaa situacija koja e bezizlezna i ne zavisi od zalaganjeto i zelbata na vladata. Vladata predvidela zgolemuvanje na platite vo 2009g za 10% odnosno od prosecnata 16.000,00 den plata toa iznesuva 1.600,00 den a Sonk bara 900,00 den zgolemuvanje na hranarina. APSURDNO!!!! neka mu e napomos gospod na Dojcin za da se izvlece od ovaa situacija.
Од: t.k.v.t.k.n.
Датум: 29.11.2008 10:57:19
Vo nekoj od komentarite citam deka direktorite ne bile direktori ami partiski poslusnici? more majkata sto bi rekol gumerko - ovoj otkri topla voda . Departizacija ??? Vo socijalizmot imase edna partija pa za direktor osnovno bese da si clen na taa partija i tn.....Ne tresete gluposti strajkot na prosvetnite rabotnici voopsto nee opravdan posebno so metodite so koi se izveduva.So strajkot saka opozicijata da se vrati na starite pozicii a togas ako Ve drzi sekavanjeto voopsto ne im cvetaa rozi i karanfili na prosvetarite.
Од: emerit.prof
Датум: 29.11.2008 11:23:51
Nadomestocite za hrana i prevoz mora nasekade da bidat ednakvi. Platite na prosvetarite sekogas bile mali , kako i na mnogu drugi vo industrijata. Sindikatot bese direkten ucesnik vo kreiranjeto na modelot za privatizacija vo naseto opstestvo i indirekten sozdavac na oligarhijata, no i na siromastijata. Zosto togas ne bea taka zestoki, ili vo vremeto koga edna decenija platite bea zamrznati, tuku sega koga iako malku, no sepak se pokacija platite i penziite, a imase najavi za natamosni pokacuvanja.
Од: sindikalec
Датум: 29.11.2008 12:32:41
SONK bara da se pocituva odlukata na Ustaven sud za ednakov iznos na hrana i prevoz za site vo drzavata.Koj mu e kriv na Toni sto ne e vo sindikat.Ako cekame od bilo koja vlada sama da se seti kaj ke ni bese krajot.Ako nekoj dal za drzavata vo ovie 18 godini toa se prosvetarite.10 godini zamrznati plati 0 akcii.Od nas tolku.Od sredna klasa veke ne sme ni klasa a kamoli sredna.A i nie imame deca koj sedat doma.
Од: Cvejic Velimir
Датум: 29.11.2008 12:58:41
"Стевче Јакимовски, вчера на прес конференција рече дека е изненаден од арогантниот однос на градоначалникот и неговите намери со „удбашки методи да ги заплашува граѓаните на општината“. Според него, децата мора да бидат заштитени од ваквите намери на градоначалникот кои се недозволени. Јакимовски додаде дека кога тој бил градоначалник на Општината, таа била гнездо на демократијата, што не е случај моментно." Pa seta nesreca na ovoj narod poteknuva od takvi kakov sto vie g-din Jakimovski, no novinarkata ne ve poznava. No, bi trebala da znae deka problemite na Obrazovanieto se posledica od povecegodisno vladeenje na drugarite na Jakimosvki, od partijata LDP na Penov, sekako kako poddrska na SDSM na Crvenkovski, bidejci tie po legalen pat go urnisaa stopanstvoto, od kade treba da se sozdavat parite i za obrazoavanieto. Sekako so vrsenje pritisok Vladata pokazuva deka e vo ocaj, i prv pat ke se otkrijat i slabostite na Gruevski - deka e bezkompromisen, da ne kazem tvrdoglav...Prodolzuva
Од: do Toni pravnikot
Датум: 29.11.2008 16:28:22
Znaes li kolkava e platata na pravnicite vo obrazovanie koi vo isto vreme se i pravnici i sekretari i blagajnici i administratori i kuriri. 13000 denari. Zatoa ako ne znaes nemoj da se javuvas na forumi a tvoite vmrovci koi tolku zdusno gi branis neka ti najdat podobro platena rabota
Од: АлександарМКД
Датум: 29.11.2008 16:49:46
Драги мои штрајкувачи треба да се погледне во вистината и да ја употребимо онаа народната колку ти е долга чергата толку ќе си ги пружиш ногете.. Хранарина и Патарина постои се исплаќа само на вработените кои користат буџетски средства , нека бидат малку само критични и да се запрашаат дали тие бенифиции ги имаат сите вработени граѓани во МКД . Одговорот е НЕ приватниот сектор кој не е мал не што ги нема тие бенефиции туку , и платат му два пати помала , а во него работаат високо образовани кадри исто така. Јас хранарината би ја поделил на саатови па колку саата си на своето работно место толку ќе си земеш хранарина, не може да за работа од три часа земеш хранарина исто колку на пример некој кој работа за издавање на пасоши кој мора да биде осум девет саата вржан са столче.. Ги повикуем Штрајкувачите да не наседнуа на трикојте на СДСМ дека незадоволството на СДСМ е и нивно незадоволство..
Од: beki
Датум: 29.11.2008 17:58:22
da ne ucime
Од: roditel
Датум: 29.11.2008 18:01:33
Se protestira samo vo ucilistata cii direktori se od redovite na SDSM. Gruevski po itno da gi smeni direktorite i decata da pocnat vo uciliste, a SONK ako nema popametna rabota neka gladuva. DECATA NA UCILISTE...
Од: lola
Датум: 29.11.2008 18:22:23
prvo do nevrabotena. mnogu e lesno denes da se vrabotis vo obrazovanie. izvadi si partiska kniska i vozi. posle koga ke ima strajk ti ke si rabotis ti ke zboruvas deka direktorot se sto pravi e OK. ke te vikaat non-stop da vrsisi pritisok i vrz drugi kolegi. inaku platata vo obrzovanie na cistackite im e 4900 den. a najvisokata vo obrzovanie e 15.600 den. toa sto go zboruvaat i reklamiraat po TV e samo za neupateni i nepismeni da veruvaat deka e taka. a ova i ne e prv strajk vo obrazovanie, i dosega decata ne odele vo skolo (2004 god. sedea doma 15 dena) vo hrvatska mesec dena i tn. no ova e prv pat da ima vakov pritisok kako nekoj saka da raboti a nekoj nesaka. ne sega se gleda kolku obrazovanieto e partizirano i kako denes se doaga do rabota. zalno e da se gledaat onie so dnevnik vo raka zosto moraat da odat na nastava na prazni zidovi. mnogumina od niv placat zad tie zatvoreni vrati. nekogo moze tie solzi ke go dostasaat no nikoj nisto ne im prigovara. tagata im e pregolema. grev
Од: krcun
Датум: 30.11.2008 10:53:21
Prodolzuva tradicija, F.Petrovski+v.Gorcev+M.sazdov +nacionalni TV, Mrtv, A1, Sitel, Kanal5 = Nacionalna temnica vo informativen prostor, za vistinata na SONK. Cacko ni e kriv sto evropa dava negativni ocenki.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Американско збогум за македонските војници
Рајс
Мајер побара датум за Македонија